Ова некоја нова догма проповедаш.
Волја не е исто што и заповед-наредба.
Направи разлика со моментот кога Исус му заповеда на лошиот дух да излезе од момчетот, дали е исто?
Со заповед се става граница на нешто кое има слаба волја и нешто кое има силна волја.Синот исплнува волја отецот која е идентична со својата, затоа се вели ако си го видел синот исто како да си го видел отецот бидејќи тие се едно, акцентот е на идентична волја.
Со заповед се стивнува олујата, се гонат лоши духови, но не и со заповед се наведува некој да пострада.Тогаш воскреснувањето би било одмазда, а не спасение.
Приметуваш разлика од волја и заповед?
alf,
ај и ја‘ малку да потапам...
Кога Христос ја следи заповеста Божја, тоа не значи дека Христос робовски и поданички се однесува кон Отецот. И Синот и Отецот ги поседуваат истите (пред)знаења па Синот, иако веќе знае(л) дека ќе пострада, Он не ја одбива заповедта (од Отецот) да се вочовечи, да пострада и да умре, туку напротив, како шти и самиорт Он нагласува, ја исполнува волјата од Отецот, но слободно и доброволно, а не под присила од Отецот.
Да, правам разлика меѓу „заповед„ и „волја„, исто како што правам разлика меѓу „
заповед„ и „
Заповед„, или разлика меѓу „волја Божја„ и „волја човекова„.
Во Писмото никаде не е запишано дека Отецот Му заповеда (?) на Синот, небаре Синот Е поданик, оти би било погрешно разбрано, но затоа повеќе пати е запишано дека Синот ја исполнува волјата од Отецот така што Отецот ја одредува улогата од Синот во Светов (а не обратно), а Синот ја прифаќа и ја исполнува волјата од Отецот, на свој грб.
Просто кажано, заповедта од Отецот кон Синот не е „исто„ што и Заповедите од Бога кон човекот.[DOUBLEPOST=1480084158][/DOUBLEPOST]
Сами си поставувате предуслов, сами го прогласувате за точен, сами го користите како аргумент.
Истава реченица веќе ти ја имам упатено; во што си ти појќе во право од мене?
Миљон пати напишав дека особините Божји ги дознаваме на начин и со мерка во која Бог ни ги открил, за разлика од Телемитите, кои самите, по својот ум, му ги одредуваат особините на безличнинот панетистички бог, обликувајќи го тој бог по свој мерак и мерка, а не онака како тој бог ви се објавил.
За разумните, разликата е очигледна.[DOUBLEPOST=1480084276][/DOUBLEPOST]
Дека Бог морало да биде личност ниту е аргумент, ниту факт, туку ваше верување и очекување кое го ставате на ниво на апсолутна вистина.
Бог ништо „не мора„: Он делува спасоносно кон човекот, тргнувајќи од Неговото човекољубие. Бог, бидејќи Е разумен, го повикува само човекот, кој е разумен, на спасение, не и другите безумни творенија.
Како делува разлеаниот и безличен пантеистички бог кон Телемитите?[DOUBLEPOST=1480084421][/DOUBLEPOST]
Отецот кој е совршен и безгрешен, создал креација што греши?!
Сам прашал-сам одговорил.
Одговорот, разбира се, мора да е точен!....

[DOUBLEPOST=1480084495][/DOUBLEPOST]
Ова може да има смисла само на луд човек!
Зависи што е референцата за лудилото.