Имам еден проблем, што ме нервира страшно последниот период.
Имено, откако мигрирав од еден кон друг хостинг оператор, приметив дека ја немам (не ми се прикажува) лентата со алатки (админ барот) додека листам низ мојот сајт.
Помислив да не е проблемот до мојот профил случајно и да не сум деактивирал (демаркирал) во самиот профил, но не, таму си е се` во ред.
Истиот проблем го има и кај другите два профили што се на сајтот, односно и од нив кога ќе се вклучам не се прикачува горната лента, со што не можам директно да ги едитирам написите, туку морам да одам прво во wp-admin, па преку тоа да ги барам, што ми одзема премногу време.
Некој(а) да го имал(а) истиот проблем? Решение некое?
Благодарам однапред.