- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.797
- Поени од реакции
- 12.094
Од лице место на улица Радишанска.Од каде оваа информација?
Ги прашав мајсторите за кого пуштаат кабел, а тие рекоа за Оне, но бидејќи Оне никогаш не нудеше кабелски Интернет, а сега е во сопственост на Вип, повеќе од очигледно е дека пуштаат оптички кабли за подобар и постабилен сигнал на кабелската телевизија и кабелскиот Интернет на Вип.
За волја на вистината, Оне нудеше фиксна телефонија преку бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, но со оглед на фактот дека од Оне.Вип денес Оне постои само на хартија, додека во пракса постои само Вип, повеќе од очигледно е дека оптичките кабли кои ги пуштаат се наменети за подобар и постабилен сигнал на кабелската телевизија и кабелскиот Интернет на Вип.
Во мојата населба пуштаа оптички кабли уште пред 10 години, само не помнам дали ги пушташе кабелска телевизија Зора пред да ја купи Кејблтел, или Кејблтел ги пушташе оптичките кабли откако ја купи кабелска телевизија Зора.
Телекабел исто така се фалат дека ја имаат најголемата оптичка телекомуникациска мрежа во Македонија, со разликата што ја користат исклучиво за да им нудат постабилен и поквалитетен кабелски сигнал на своите корисници, за разлика од Македонски Телеком, кои го носат оптичкиот сигнал директно до крајниот корисник. Се разбира, исклучок се деловните корисници кај кои и Телекабел и Вип, па и Неотел им го носат оптичкиот сигнал директно до крајниот деловен корисник.
Последно уредено: