A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Xak
  • Време на започнување
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Од каде оваа информација?
Од лице место на улица Радишанска.

Ги прашав мајсторите за кого пуштаат кабел, а тие рекоа за Оне, но бидејќи Оне никогаш не нудеше кабелски Интернет, а сега е во сопственост на Вип, повеќе од очигледно е дека пуштаат оптички кабли за подобар и постабилен сигнал на кабелската телевизија и кабелскиот Интернет на Вип.

За волја на вистината, Оне нудеше фиксна телефонија преку бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, но со оглед на фактот дека од Оне.Вип денес Оне постои само на хартија, додека во пракса постои само Вип, повеќе од очигледно е дека оптичките кабли кои ги пуштаат се наменети за подобар и постабилен сигнал на кабелската телевизија и кабелскиот Интернет на Вип.

Во мојата населба пуштаа оптички кабли уште пред 10 години, само не помнам дали ги пушташе кабелска телевизија Зора пред да ја купи Кејблтел, или Кејблтел ги пушташе оптичките кабли откако ја купи кабелска телевизија Зора.

Телекабел исто така се фалат дека ја имаат најголемата оптичка телекомуникациска мрежа во Македонија, со разликата што ја користат исклучиво за да им нудат постабилен и поквалитетен кабелски сигнал на своите корисници, за разлика од Македонски Телеком, кои го носат оптичкиот сигнал директно до крајниот корисник. Се разбира, исклучок се деловните корисници кај кои и Телекабел и Вип, па и Неотел им го носат оптичкиот сигнал директно до крајниот деловен корисник.
 
Последно уредено:
Член од
27 март 2012
Мислења
24
Поени од реакции
10
Здраво, имам постар LG плазма тв кој има вграден dvb-t mpeg4 tuner и бумтв си функционира најнормално со картица во него (без settop box). Ме интересира дали на кабелската бидејки е 64 QAM ке можам да следам дел од каналите без рисивер или обавезен е вграден dvb-c tuner.
 
DVB-T (T - Terrestrial) е дигитален терестријален сигнал, односно работи само со антени, но не и со кабелски телевизии, што значи дека ќе мораш да земеш кабелски рисивер од Вип. Боом ТВ функционира преку безжични предаватели, од кои телевизискиот сигнал се превзема преку антена, и затоа нема потреба од терестријален рисивер кај телевизор кој има сопствен DVB-T декодер.

DVB-C (C - Cable) е дигитален кабелски сигнал, кој работи само преку кабел од кабелска телевизиска мрежа, поради што мора да се користи со кабелски рисивер, освен ако телевизорот има сопствен DVB-C декодер - во таков случај нема потреба од кабелски рисивер.

Иако станува збор за постар модел на телевизор, сепак провери на Интернет дали телевизорот доаѓа со сопствен DVB-C декодер за да можеш да ги гледаш дигиталните кабелски канали без кабелски рисивер.
 
Добро прашањето беше во насока како кај аналогната VHF и UHF подрачјето што е идентично и за обична антена и за кабловска па кај постарите телевизори не се гледаа само каналите од S-BAND. Колку што знам QAM 64 иста е модулацијата кај VIP и преку антена на бумтв и кај кабелска. Форматот е MPEG4 и тоа се декодери. Прашањето се однесува за тјунерите или да речеме на ТВто местиш влез во мени наместо CABLE тип на влез да биде AIR и дали наоѓа DTV канали при SCAN?
 
Аналогната телевизија не е кодирана и затоа обичните телевизори ги наоѓаат аналогните ТВ канали без разлика дали истите се гледаат преку антена или преку кабелска телевизија.

Дигиталната телевизија е друга приказна. QAM64 модулацијата се користи за секакви дигитализациски цели, а не само за дигитална телевизија, но тоа не е одлучувачки фактор за да можеш да ги гледаш кабелските дигитални ТВ канали, а истото важи и за MPEG-4, кој е кодек за компресија и декомпресија на аудио и видео записите, и се користи општо за секакви мултимедиски цели. Мораш да имаш DVB-C тјунер, провери на Интернет дали твојот телевизор поддржува DVB-C или не.
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
Совет за сите вас: На 6/7 ноември имавме дома целосен прекин на сите услуги од Близу. Бидејќи веќе не им ги трпам нивните глупости, им поднесов директно приговор, многу повеќе од принцип на работа, бидејќи за вакви прекини треба да те надоместат и да ти се извинат како сериозна компанија, а не толку за парите. Поднесениот приговор ни донесе 65 денари намалување на сметката.

Пак ќе повторам, не ми е во парите, туку во принцип на достава на услуга од оператор кој го плаќаш.
 
Член од
19 ноември 2008
Мислења
740
Поени од реакции
284
Денес брат ми потпишувал нов договор со Вип и му кажале дека после нова година ќе има нови ресивери со хард диск, премотување на програма, изнајмување на видеа. Изгледа ќе биде слично како Maxtv.
 
Џабе ако и тие нови кабелски рисивери бидат со истиот стар софтвер кој не дозволува рачно менување на распоредот на ТВ каналите, или ако дозволува - како што дозволуваше кај старите Topfield рисивери, сепак не го помни распоредот на ТВ каналите после ресетирање на рисиверот.

Македонски Телеком воопшто не ни дозволува снимање на надворешен хард диск како што тоа го дозволуваат кабелските рисивери на Вип, но сепак сеуште се светлосни години пред Вип од гледна точка на софтверска интерактивност и услужност.
 
Демек ги тестирале новите ресивери и нов софтвер. Ќе видиме после нова година што ќе биде.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Демек ги тестирале новите ресивери и нов софтвер. Ќе видиме после нова година што ќе биде.
Од твоја уста во Божји уши !!!

Држи вода теоријата бидејќи сигурно ќе извршат барем најминимална софтверска надградба за да го отстранат логото на Близо, односно за да го заменат со логото на Вип.

Но ако испадне дека тие нови рисивери се всушност сателитски рисивери за сателитските ТВ услуги за кои на Вип му е доделена дозвола, ќе испадне дека без потреба се веселиме на ветар во магла.
 
Член од
19 ноември 2008
Мислења
740
Поени од реакции
284
Од твоја уста во Божји уши !!!

Држи вода теоријата бидејќи сигурно ќе извршат барем најминимална софтверска надградба за да го отстранат логото на Близо, односно за да го заменат со логото на Вип.

Но ако испадне дека тие нови рисивери се всушност сателитски рисивери за сателитските ТВ услуги за кои на Вип му е доделена дозвола, ќе испадне дека без потреба се веселиме на ветар во магла.
Таа вработената на брат ми му кажала дека веќе имала таков ресивер дома и дека некој период тестирале. Да се надеваме дека ќе биде во брзо време.
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.022
Поени од реакции
1.282
Точна е информацијата за нов ресивер. Многу страни наназад имам пишано, ресиверите се хибрид модел кои што се набавени преку Зора т.е тие им се стандардни добавувачи веќе некое време
 
Член од
19 ноември 2008
Мислења
740
Поени од реакции
284
Точна е информацијата за нов ресивер. Многу страни наназад имам пишано, ресиверите се хибрид модел кои што се набавени преку Зора т.е тие им се стандардни добавувачи веќе некое време
А кој модел на ресивер е и дали има хард диск во него?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom