A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Xak
  • Време на започнување
Член од
24 април 2008
Мислења
10.705
Поени од реакции
11.962
Е за ова не знаев. Ко така има логика до некаде што му рекле така. :/
Па во основа самите се криви бидејќи одлучија да им даваат таква понова опрема на користење на корисниците, бидејќи не е никаква новост дека речиси никој не го гаси рутерот ноќе кога спие или кога нема никој дома преку ден, а рутерот ем троши струја без потреба во тој период, ем антената си работи исто така без потреба, а бидејќи во овој конкретен случај станува збор за внатрешна антена, прашање на време е додека истата се прегрее и почне да емитува послаб безжичен сигнал, се до денот кога ќе цркне и ќе престане во целост да емитува безжичен сигнал.

Земајќи ги во предвид искуствата на Македонски Телеком со рутери со прегорени антени - кои се општо познати, односно не се некаква индустриска тајна - требаше и на Вип да им биде јасно дека треба да останат со кабелски модеми или со жични рутери со вградени кабелски модеми, односно без можност за безжично поврзување.

Кога на мене ми го сменија кабелскиот модем од Cisco со рутерот со вграден кабелски модем од Technicolor, ме прашаа како сакам да се вика безжичната мрежна врска, а јас им реков да ја исклучат, бидејќи и понатаму ќе го користам мојот рутер кој го користев до тогаш со кабелскиот модем од Cisco. Со мојот рутер знам да си ги решам проблемите, не ми е проблем да му ја сменам антената откако ќе му прегори, а тоа не можам да го правам на Technicolor рутерот бидејќи не е мој, можат да ми наплатат и пенали поради оштетување на опремата.

Точно така рекоа. тоа е... а иначе што би рекол Dexter26 јас бев скоро 9 години на тхоме. Никогаш, ама никогаш не сум имал проблем со интернетот или wifi-то.
Паметно ти рекле, знаат дека толку им држи опремата која ти ја дале на користење.

Инаку, и јас користев 3 Max од тогашен Ти-Хоум, односно денешен Македонски Телеком, и никогаш немав проблем со безжичниот Интернет, но ете, јас и ти сме биле меѓу среќлиите кои сме немале такви проблеми, за разлика од многумина други.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.113
Поени од реакции
327
Да, мој другар користи услуги од Телеком и три четири рутери му имаат сменето.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.299
Поени од реакции
7.778
И јас сум на Телеком и мене ми имаат сменето неколку пати рутер и тоа најчесто е од прегорување. Се зависи како ќе ти се погоди барем јас така мислам.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.466
Поени од реакции
2.819
Лично мое мислење - најдобро е сопствен асален рутер, со модем од операторот, лично сум корисник на 2 Cisco рутери, едниот скоро 7 години, другиот цели 9. Овој постариот почнува да си го бара крајот, али цели 9 години можам да кажам дека 24/7 работи... Епа сега вечно не може да трае да бидеме реални. А за ова точно, ова од Вип е шит, и мене ми понудија да ми го сменат сегашниот Thomson модем, али ги одбив.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.113
Поени од реакции
327
А како е тоа - сопствен рутер а модем од Вип (пример)? Јас мислев тоа е едно исто.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.466
Поени од реакции
2.819
А како е тоа - сопствен рутер а модем од Вип (пример)? Јас мислев тоа е едно исто.
Така убаво, си идеш у Анхоч си купуваш рутер и толку. Овие само модем ќе ти донесат. После модемот си го поврзуваш со рутерот преку ЛАН кабел и крај на приказната.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.705
Поени од реакции
11.962
Така убаво, си идеш у Анхоч си купуваш рутер и толку. Овие само модем ќе ти донесат. После модемот си го поврзуваш со рутерот преку ЛАН кабел и крај на приказната.
Мала поправка - на новите корисници и на корисниците кои потпишале нови договори Вип им дава на користење рутер со вграден кабелски модем.

Истиот рутер кој Вип ќе му го дадат на корисникот на користење, може да се поврзи со втор рутер, односно со рутер кој е во сопственост на корисникот, преку мрежен кабел, така што едниот крај на кабелот би одел во една од 4-те LAN порти на рутерот од Вип, а другиот крај на кабелот би одел во WAN или Internet портата на вториот рутер кој е во сопственост на корисникот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
150
Поени од реакции
74
Ако ги поврзеш двата рутера,оној што ти си го купил ќе го јавува како wi-fi репетитор и ќе имаш прекини во интернетот.Рутерот(модемот од вип) и оној што ти ќе си го поврзеш на wan port некако прават конфликт.Тука мислам за Technicolor модем- рутерот.Јас го имав овој проблем и го решив така што го исклучив без жичниот сигнал на модем рутерот од Вип.Сега ја имам брзината од 50 мб/ с а пред тоа кога зрачеа и двата со мојот добивав максимум 10 мб/ с.

Sent from my MI NOTE LTE using Tapatalk
 
Па воопшто не ни треба да биде вклучена безжичната мрежа на Technicolor рутерот со вграден кабелски модем од Вип, доколку корисникот користи свој втор рутер за безжично мрежно поврзување.

Кај мене дома исклучена е безжичната мрежа на рутерот Technicolor од Вип, а вклучена е на мојот рутер.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.735
Поени од реакции
12.166
Каде се исклучува безжичниот сигнал од техниколор-от, во primary network? Мене ми е таму enabled (не сум сигурен дали прави проблеми), а користам друг рутер за безжично поврзување.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.705
Поени од реакции
11.962
Каде се исклучува безжичниот сигнал од техниколор-от, во primary network? Мене ми е таму enabled (не сум сигурен дали прави проблеми), а користам друг рутер за безжично поврзување.
Да, во Primary Network треба да одбереш Disabled и да кликнеш на Apply најдоле.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.705
Поени од реакции
11.962
Ај нека им е со среќа на сегашните корисници и на идните корисници на кабелската телевизија и на кабелскиот Интернет на Вип во Радишани, Вип почнал да пушта оптички кабли за да им бидат постабилни дигиталната кабелска телевизија и кабелскиот Интернет.

Се разбира, оптичките кабли ќе одат директно до кабелските централи на Вип, а не директно до самите корисници како што е во случајот со оптичките телекомуникациски линии на Македонски Телеком, а од кабелските централи на Вип, корисниците ќе продолжат како и досега да ги користат кабелската телевизија и кабелскиот Интернет од Вип преку коаксијален кабел со истата опрема како и досега. Освен ако мигрираат кон некој појак пакет, и доколку услов за користење на тој појак пакет е користење на понова опрема, се разбира.

Но како и да е, секаде каде што Вип има поставено оптички кабли, кабелскиот сигнал е многу постабилен и со многу подобри брзини.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.735
Поени од реакции
12.166
Кај нас Бутел кога сменивме пакет (претходно близоо услуга 3 и мобилни од оне) на вип 4, кажаа дека ни следува и оптичка врска. Врската не е лоша, со скопски вип сервер оди над 80 Мб/с, со Словенија пример оди со 50-60. Ама по тоа што гледав, сменија само модем, а каблите останаа исти. Додуша пред неколку месеци од близоо ни ги сменија каблите со наводно поквалитетни (беа црни, сега се бели :D), а какви се, дали се оптички, не знам оти не се разбирам.
 
Последно уредено:

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.061
Поени од реакции
1.318
Ај нека им е со среќа на сегашните корисници и на идните корисници на кабелската телевизија и на кабелскиот Интернет на Вип во Радишани, Вип почнал да пушта оптички кабли за да им бидат постабилни дигиталната кабелска телевизија и кабелскиот Интернет.

Се разбира, оптичките кабли ќе одат директно до кабелските централи на Вип, а не директно до самите корисници како што е во случајот со оптичките телекомуникациски линии на Македонски Телеком, а од кабелските централи на Вип, корисниците ќе продолжат како и досега да ги користат кабелската телевизија и кабелскиот Интернет од Вип преку коаксијален кабел со истата опрема како и досега. Освен ако мигрираат кон некој појак пакет, и доколку услов за користење на тој појак пакет е користење на понова опрема, се разбира.

Но како и да е, секаде каде што Вип има поставено оптички кабли, кабелскиот сигнал е многу постабилен и со многу подобри брзини.
Од каде оваа информација?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom