Работам со изградба и продажба на станови, станови има многу но станови и се продаваат. Има разлика од стан до стан и од зграда до зграда во однос на квалитет на градба и квалитет за живеење во истата, а и локацијата е многу битен фактор. Се бараат или мали станови до 50м/кв или над 80м/кв, цената е висока за разлика на стандардот, но цената на се друго е висока, така да не можете да кажете дека нема да се купуваат станови заради висока цена. И цената на храната е висока за стандардот па сите ја купуваме. Станови за 500е м/кв нема да видите пошто е испод цена на исплатливост и подобро да ми стојат отколку да одам во загуби. Ова можат да го направат само банките ако некогаш дојде ред да ги продаваат заложените станови, ова во услов на рецесија и можен банкрот, пошто баките и онака веќе си ги вратиле средствата кои ги дале, секако проценките идат над 150% од вредноста на кредитот. Цениве од статистикиве не ги сфаќајте сериозно, се доплаќаат станови на рака, и сите тоа го прават без исклучок со што се избегнува даночење.