Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
каде да ги најдам овие протеини? каде се продаваат?
особено тие од месо и растителните?
Фала
На истите места кај што има и млечни.
Ќе побараш соин протеин или протеин од грашок - тие се најчестите растителни.
Животински реално не сум начекал али пак на исто место би биле. Продавници за суплемент и здрава исхрана.
 
Дали кардиото помага во зголемување на мускулната маса или воопшто да не користам кардио додека сум во период на покачување на мускулна маса? Колку е препорачано неделно кардио ако треба, оти јас досега еден ден неделно го користам за кардио на точак 30 минути и потоа вежби за стомачни. Дали е правилно тоа или треба да го исклучам кардиото. Имам заблуда дека ако премногу имам кардио во неделата може да имам спротивен ефект на зголемување на м. маса односно да одам во дефиниција.
 
Дали кардиото помага во зголемување на мускулната маса или воопшто да не користам кардио додека сум во период на покачување на мускулна маса?
Кардио не помага за зголемување на мускулна маса.
Еднаш неделно ти е таман кардио.
Сепак, здравствените бенефиции од кардио не треба да се занемарат.
 
Дали кардиото помага во зголемување на мускулната маса или воопшто да не користам кардио додека сум во период на покачување на мускулна маса? Колку е препорачано неделно кардио ако треба, оти јас досега еден ден неделно го користам за кардио на точак 30 минути и потоа вежби за стомачни. Дали е правилно тоа или треба да го исклучам кардиото. Имам заблуда дека ако премногу имам кардио во неделата може да имам спротивен ефект на зголемување на м. маса односно да одам во дефиниција.

Единствено кардио што потпомага во зголемување на м. маса (од што сум читал, немам правено) било HIIT (High-Intensity Interval Training). Причината за ова помеѓу другото е и што се лачел хормон за раст и тестостерон при ваков тип на тренинзи. Побарај HIIT на гугл.
А точно е дека стандардното кардио има обратен ефект на зголемување на м. маса. Сепак, тоа кардио што ти моментално го правиш од пола саат еднаш во неделата нема никаков ефект, ни позитивен ни негативен.
 
Дали кардиото помага во зголемување на мускулната маса или воопшто да не користам кардио додека сум во период на покачување на мускулна маса? Колку е препорачано неделно кардио ако треба, оти јас досега еден ден неделно го користам за кардио на точак 30 минути и потоа вежби за стомачни. Дали е правилно тоа или треба да го исклучам кардиото. Имам заблуда дека ако премногу имам кардио во неделата може да имам спротивен ефект на зголемување на м. маса односно да одам во дефиниција.

Тоа што ти го пиша @nE0n1nja за HIIT кардио доаѓа од истражувања правени на спринтери.
Кај нив во глобала е таков тип на кардио тренинзи, а сите ако ги погледнеш имаат солидна мускулна маса, за разлика од маратонците кои се убиваат од кардио, а се како скакулци.

Заклучок, прави го по еднаш два пати неделно и кога си на маса, немаш зијан, може да добиеш на кондиција, метаболизам и тн.
 
Distance-v-sprint-e1337649843571.jpg

:D
 
И треба да има во предвид дека 70% од професионалните шпринтери се шприцаат :)[DOUBLEPOST=1479060759][/DOUBLEPOST]

И треба да има во предвид дека 70% од професионалните шпринтери се шприцаат :)
 
НЕ, не сакам да си играм со проценти, но во професионалните води земаат допинг голем дел од спортистите не само во атлетика, туку во речиси сите спортови, прашање е само колку се откриени и во кои од спортовите се тестовите поригорозни.
 
каде да ги најдам овие протеини? каде се продаваат?
особено тие од месо и растителните?
Фала
тие протеини се продаваат в маркетите се викаат - јајца, пилешко, месо, соја, граф ;)
 
Ви благодарам другари @nE0n1nja @Кеплер сум слушнал за HIIT кардио тренинг ама сеуште ништо не сфатив како се вежба тоа? Спринтови (трчање) брзо/бавно и на точак возење плус некои вежби?
 
Има ли некои вежбачи овде што вежбаат со повреден грб како Спондилоза,Дископатија и тн. ? Споделете некое искуство
 
Спринтови ти е еден од можните начини, инаку може да го правиш и на статичен велосипед, орбитрек, степер, трака за трчање, зависи од твојата физичка спремност, еве ти линк за една можна варијација на ваков тренинг на статичен велосипед.[DOUBLEPOST=1479158180][/DOUBLEPOST]

Има, јас избегнувам се што е поврзано со кичмата дедлифт, Bent over barbell deadlift и чучањ веќе неколку месеци не сум ги правел.
 
Како се снаоѓаш со останатите вежби ? да речеме со бенч прес,? ајде повеќе од очигледно е дека може да се вежба бицепс,трицепс...лесно ќе ги изолирам и нема да употребувам ни кичма ни врат со нив ама за другиве вежби некако се плашам дека ќе треба премногу да внимавам...изгубив 7 кила одкако дознав дека го имам проблемов и моментално одам на физикална и се осекам скоро спремен за нов предпазлив почеток со нови навики,до пред некое време бев приморан да седам на стол повеќе време од каде што и произлезе проблемов...некои други совети да споделиш дур вежбаш со повреда ?
 
На бенч не форсирам тежини, строго користам појас, истегнување и загревање по 10мин пред да почнам со тренинг, најчесто правам со бучици.
Не форсирај со големи тежини, изолирај ја само групата што ја вежбаш, користи појас и постави се добро пред да почнеш да ја дигаш тежината....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom