Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Или на форумов јаки инженери изиграваат, пошо они студирале на ИКИ/КНИ со 4+ математики и инженерството до тој степен го развиле преку математиките што сметаат дека господ за јајца го фатиле. Тек кога ќе почнат да работат ќе сватат дека ништо не знаат, тогаш започнува учењето во кое математиката е сведена речиси на 0.
 
Иста дискусија сум водел со колеги/колешки кои на факултетот дошле бидејќи многу ја сакаат математиката и без проблем ја положуваат истата. Но, во програмските јазици кога ќе им зададат математички проблем целосно се губат и не можат три линии код да напишат. Гарант и овој генијалецот спаѓа(л) во таа група.
 
Дечки што сте се запнале толку за математиките, пишувате како ФИНКИ да е факултет само за веб девелопери. Финки е факултет за информатички науки, а тука влегуваат и области кои не можат да се замислат без математика. Ако е така, ај да ги укинеме предметите како АПС, ВиС, Интелигентни Системи, NLP, Вештачка Интелигенција, Роботика итн., и да го сведеме факултетот на еден курс од година-две кај што ќе се учи .NET( или Spring ), CSS, HTML, javascript и SQL.
Кога сме кај укинување може да се укине и Архитектури (кому му требаат кола и информации за тоа како работат компонентите на компјутерот) или пак ОС (што ќе ми е да учам за нитки и процеси, си имам .parallelStream во Java <3 ).

Финтата е дека факултетот треба да ти даде општи знаења од областа која ја изучуваш и да те запознае со сите нејзини сфери, па да имаш можност да избереш со што ќе се занимаваш и во која сфера сакаш да се насочиш.

А што се однесува до задачите со математика на колоквиум по програмирање, се согласувам дека се лоша работа, бидејќи го отежнуваат разбирањето на задачата и не може да се одреди знаењето кое го поседува студентот. Тоа е исто како да ти дадат да полагаш на германски. Ќе испадне дека не знаеш да програмираш, а ти уствари не можеш да ги разбереш задачите.
 
Финки не е само факултет за девелопери ама не е и факултет за математика. Нема потреба студентите да бидат потрупувани со математика непотребно.
Факултетот треба да е тесно поврзан со индустријата односно што се побарува на пазарот.
Овие програми кај нас потребно е да се укинат. Нашите професори премногу го следат западниот стандард без да погледнат дека ние немаме таква развиена индустрија каде што може да се навлезе и просперира во тие сфери преку тие предмети кои ги спомна.
Факултетот е потребно да е што поблизок до она што се побарува на пазарот, во овој момент тоа е програмирањето а не математиката.
Дури и во програмирањето се учат глупости, бидејќи никогаш не работеле во индустријата за да пренесат искуство, прва работна позиција Асистент а демонстратор било работно искуство.
Единствената причина која и понатаму ќе се наметнува математиката не е поради фактот што е факултет за информатички науки (што опфаќа триста чуда од кои 90% е практично не применливо), бидејќи одредени професори (посебно од ПМФ) ќе останат без работа на овој факултет што е спој на ФЕИТ и ПМФ.

Јасно ни е дека е битна математиката за одредени сфери, ама не до таа мера да бидат задолжителни и да се користат како филтри за прочистување студенти. :neetaka:

На секој првичната цел му е да се вработи по завршувањето на студиите. Ниту една од тие области што ги спомна не нуди иднина за студент на факултетот кај нас, затоа нема потреба да се задолжителни предмети.
Колку повеќе се навлезе во одредена област е подобро и нема потреба да се навлегува во сите сфери односно не е можно да се навлезе во сите сфери, ама очигледно е дека студентите се преоптоварени непотребно.
Се наметнува математика во нешто што нема да им биде од значење на студентите, а посебно не во програмирањето. Како кадарот да е запрен со времето и скарани со информациите што се побаруваат во оваа наука, постојано следат некој западни стандарди без да се свестат и да наметнат своја програма која би била прилагодена кон нашата индустрија.
И сеа ке се јави некој тип шо ќе каже зошто сум мислел за нашата индустрија бидејќи размислувал да изработува чипови во Тајван... T'ва е мое мислење.
 
Не е така, значи на факултет се опфаќа една инженерска област во целост, со сите нејзини дисциплини. Треба да се чепнат сите подобласти. Математиката е премногу важна, во било која инженерство, било тоа електро-инженесртво, градежно, компјутерско, па и шумарско инженерство. Ако тоа не го сфатите додека сте на факс, вие не сте инженер.

Ако кај нас пазарот прави само веб-страни тоа е прашање на државата и на политиката во неа, не е факултетот одговорен за тоа.

На крајот на краиштата, програмирањето, секако, може да се научи и занаетстки. За тоа имате курсеви за само-учење и што ти знам јас вакви или онакви академии. Во ред е и тоа.
 
Епа ајде тогаш нека учат јава аплети колку да се запознаат со историјата на програмирањето и тоа е во ред според тебе. Нека учат Компјутерски компоненти за историјата на куќиштата и на лабораториски нека разглобуваат куќиште од 67-ма а не денешно куќиште или ОСИ за тоа дека старите луѓе користеле школки за тргување.
Па кога ќе започне да работи ќе си научи да разглобува и денешно куќиште. (y)(y)(y)
Бидејќи викаш дека е во ред да не постои релација на индустријата со факултетот.
Нека програмираат задачи на хартија и тоа е во ред.
Програмирањето е достапно да се изучува и надвор од факултетот, а математиката не. Зошто?
Бидејќи математиката е послабо застапена во пракса, па најчесто ја забораваат по завршувањето бидејќи скоро и да не ја применуваат ;)
Важна е само основата на математиката и ништо повеќе, а да се навлегува од едни во други предмети кои побаруваат математика и да бидат овие предмети задолжителни на информатички факултет е глупост.
Ама битно е од витално значење за bibil иако незнае да објасни зошто, просто кажано -тоа го прави добар инженер и му го подига егото.
 
Финки не е само факултет за девелопери ама не е и факултет за математика.
Финки има само 5 задолжителни математики (од 39 предмети на 4 годишни студии). Далеку е Финки од факултет за математика.

Факултетот треба да е тесно поврзан со индустријата односно што се побарува на пазарот.
Баш спротивното. Факултетот треба да нуди знаење од областа која ја претставува. Не може индустријата да диктира што треба да се работи. Замисли 90% од проектите во Македонија да беа CSS и HTML. Тогаш ќе требаше ФИНКИ да стане дизајн школа ?
Факултетот ти нуди звање инженер по компјутерски/информатички науки. Значи тоа звање има некое значење во светот. Не можеш да бидеш инженер ако си слушал само програмирање. Дај и оние од Севус инженери да ги викаме.

Овие програми кај нас потребно е да се укинат. Нашите професори премногу го следат западниот стандард без да погледнат дека ние немаме таква развиена индустрија каде што може да се навлезе и просперира во тие сфери преку тие предмети кои ги спомна.
Види факултетот не е задолжителен. Има еден куп студенти кои сакаат да ги изучуваат тие сфери. Ако некој планира да се вработи како веб девелопер, некој сака да работи во области како data science, хардвер, дизајн на софтвер итн.. Факултетот треба да им даде подеднакви можности на сите, бидејќи сите тие се области од информатиката. Ако се водиме според нашата индустрија, треба повеќе од пола од факултетите да ги затвориме. Инаку овие работи постојат и во Македонија (нормално не се застапени колку веб) и познавам луѓе кои се занимаваат со тоа.

Факултетот е потребно да е што поблизок до она што се побарува на пазарот, во овој момент тоа е програмирањето а не математиката.
Дури и во програмирањето се учат глупости, бидејќи никогаш не работеле во индустријата за да пренесат искуство, прва работна позиција Асистент а демонстратор било работно искуство.
Кадарот и програмата на ФИНКИ се далеку од идеални. Има асистенти и професори кои врска си немаат од предметите кои ги предаваат. Некогаш тие се криви, некогаш им доделуваат предмети кои послабо ги познаваат (не го сметам ова како оправдување). Е сега, има и асистенти/професори кои работеле и уште работат на милион проекти надвор од факултетот и од кои може да се научи многу.

Поентата ми е, дека ако некој сака да биде само програмер, тогаш има школи кај што тоа ќе го научи за 1-2 години. Ќе се фокусира само на тоа, нема да губи време на "небитни" предмети и ќе го постигне тоа што го сака.

За мене лично работата е многу повеќе од креирање објекти и пишување for циклуси. Јас на факултетот се стекнав со начин на размислување, начин на решавање на проблеми. Математиките и те како помагаат во развојот на овие умствени способности.
 
Значи тебе интегралите ти ги зголемиле умствените способности. Ок.
Претпоставувам и Калкулус 3 го имаш слушано оти е битен за умствените способности, верувам дека и понатаму ќе продолжиш со учењето на математика бидејќи нема личност која не би сакала да ја зголемува умствената способност.
Секако дека треба да си работи факултетот во својата област но да се придржува со алатки и техники кои се прифатени од индустријата.
Сега замисли индустријата да не користеше воопшто Јава Spring, мислиш дека Ристе ќе предаваше Spring? Секако дека не, тогаш Ристе html ќе предаваше, што в слушност ќе дојде баш како Дизајн школа.
Значи факултетот се придржува кон индустријата а не обратно.
Факултетот не измислува топла вода туку следи принципи кои се веќе прифатени.
 
Последно уредено:
Значи тебе интегралите ти ги зголемиле умствените способности. Ок.
Секако дека треба да си работи факултетот во својата област но да се придржува со алатки и техники кои се прифатени од индустријата.
А замисли индустријата да не користеше воопшто Јава Spring, мислиш дека Ристе ќе предаваше Spring? Секако дека не, тогаш Ристе html ќе предаваше, што в слушност ќе дојде баш како Дизајн школа.
Значи факултетот се придржува кон индустријата а не обратно.
Факултетот не измислува топла вода туку следи принципи кои се веќе прифатени.
Ок баце, терај така прави си веб-страни и ништо друго. Ако само тоа те интересира, терај слободно.
 
Ок баце, терај така прави си веб-страни и ништо друго. Ако само тоа те интересира, терај слободно.

Баце, прашај некој кој студирал факултет за информатички науки нагоре, па да видиме дали такви програми прават тие, може?
Ако немаш таков, јас можам да ти одговорам.
 
Ок баце, терај така прави си веб-страни и ништо друго. Ако само тоа те интересира, терај слободно.
На финки завршив бе, имам инженер звање, баш и софтверски инженер сум по job title, не правам сајтови не се секирај. Лесно ги пројдов математиките ако тоа те интересира, има други начини за развој на умствените способности кои се по практични.
Што се улетувате со звањето инженер не ми е јасно значи. Не си прајте филмови. Завршуваат факултет и мислат опасни инженери се, инженер си после 3-4 години во дадена област.
 
Џабе се трудите да објаснувате. Има и други работи кои ги подобруваат умствените способности, не е се во математиката.

Завршуваш на ФИНКИ со положени еден куп математики и спремен си за работа на каса во КАМ маркет. Ќе знаеш кусур да враќаш. :icon_mrgr:
 
Можеш да ми објасниш како треба да изгледа образовната програма на ФИНКИ тогаш ?
Да речеме дека работиш Јава web. Tи треба java, hibernate, html, css, javascript и некој framework. И толку е. Толку треба да не учат на ФИНКИ ? Тоа факултет ќе го наречеш ?

Сигурно мислиш дека и алгоритми не треба да се учи и дека динамичкото програмирање е за теоретЦки математичари.
 
Не е така, значи на факултет се опфаќа една инженерска област во целост, со сите нејзини дисциплини. Треба да се чепнат сите подобласти. Математиката е премногу важна, во било која инженерство, било тоа електро-инженесртво, градежно, компјутерско, па и шумарско инженерство. Ако тоа не го сфатите додека сте на факс, вие не сте инженер.

Ако кај нас пазарот прави само веб-страни тоа е прашање на државата и на политиката во неа, не е факултетот одговорен за тоа.

На крајот на краиштата, програмирањето, секако, може да се научи и занаетстки. За тоа имате курсеви за само-учење и што ти знам јас вакви или онакви академии. Во ред е и тоа.
Ок, ај само ти си инженер овде.
 
Џабе се трудите да објаснувате. Има и други работи кои ги подобруваат умствените способности, не е се во математиката.

Завршуваш на ФИНКИ со положени еден куп математики и спремен си за работа на каса во КАМ маркет. Ќе знаеш кусур да враќаш. :icon_mrgr:
Не можеш да им објасниш, не сваќаат, им треба поише математика за да разберат.
Пази, Основи на софтверско инженерство имаше толку смешни прашања што едното уште ми се врти, гласеше:
Со кое платежно средство го користеле луѓето од пра историско време со понудени одговори:
Камчиња, Школки, Монети и уше некое.
Ова е економија или историја, абе дечкиве ќе помислат дека ова е софтверско инженерство :icon_lol:.
Ама сега го сменија името на предметот и гласи Вовед во информатика, претпоставувам го има истото прашање пошо навиките тешко се откажуваат.
Многу се улетуваат децава, се уште мислат дека инженерството се стекнува само на факултет, и тоа само преку математиките.
Тоа ливчето што го добивате од финки само за пред домашните е да се пофалите. Признаени биле низ светот како инженери, ај ви се молам.
Мислат кога ќе почнат enterprise software ќе им дадат да моделираат.
Двојни-тројни интеграли решиле и мислат инженери се, или научиле Јава - C# и готово експерти се со 3 месеци работа ;)
Еден типац коа се пријави, пази знаел:
C,C++,C#, java, php, python, ruby, javascript, jquery i angular и уште некој цмс - мислиш 100 годишно искуство има, он вчера од клупа излегол. :pos:

Како да им објаснам дека кога завршуваш знаеш само 3-5% од инженерството и тоа пола теоретско знаење. И јас размислував порано така, ама не повеќе :icon_lol:
Јас лично не се сметам за инженер во мојата област, се додека немам 2-3 години работно искуство.
Она што е бруцош на факултет и јуниор на работа :LOL:
Па ќе кажам, јас вака ги доживувам работиве, не мора да е така, ама е :sneaky:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom