Што има во потрошувачката кошничка?

Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Пак не си ставил 3.000 денари за храна и превоз во 2006 :(
всашнос, 3.400 за хранарина (25% од 13.700) и 900 за превоз, 4.300. Па со 13.700 тоа чини околу 18.000. Е сега, кој ќе издржи со таа "официјална" кошница, тоаа...тој што смета дека е доволно, да се обиде да живее со тие пари и храна.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.300
Поени од реакции
21.412
Пак не си ставил 3.000 денари за храна и превоз во 2006 :(
3000 денари за храна и превоз во 2006 важи само за буџетари. Во просечната плата влегуваат платите на сите вработени, не само на буџетарите. Плус, надоместок за превоз земаат само вработени чие работното место е оддалечено 2-3км од местото на живеење.

Така да, 1000-1500 денари плус, не менува многу. Платите и тогаш и сега се катастрофа, тоа на секој му е јасно. Не знам кој е тој што ќе рече дека 200-300 евра плата е топ!?

Поентата ми беше дека методологијата за потрошувачката кошница во 2006, драстично се разликува од сегашнава. Во првата влегуваат само трошоци за исхрана и пијалоци, а во новата се пресметани и трошоци за сметки, облека, хигиена, култура, превоз и триста други тракатанци.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.649
Поени од реакции
867
Мислејќи дека си избегал од една пропаганда, несвесно си се зацапал во друга. Методологијата за пресметување на потрошувачка кошница во 2006, не е иста со таа во 2016.

За 2006, пресметани се само трошоците за исхрана и пијалаци.
За 2016 е користена нова методологија, креирана од ССМ, во која влегуваат и трошоци за кирија (околу 11,000 денари), за кино и театар (околу 1000 денари), за одржување на здравје, за превоз, за обувки, за хигиена и тн.

Така да, во право си, вакви спинови нема ни во Северна Кореја.
Да де сменета е методологијата тоа никој не го спори, но во случајот тоа што менува?[DOUBLEPOST=1478635541][/DOUBLEPOST]
кај виде ти стапка КИРИЈА тие 11.000 ти се за вода,струја,огрев,комуналии,порези итн

Прегледај го приврзокот 159713
Очигледно месечната кочничка која ја пресметува ССМ е далеку од реална, мислам дека е многу повисока, а и многу е дискутабилно дали просечната плата е реална.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Платите и тогаш и сега се катастрофа, тоа на секој му е јасно. Не знам кој е тој што ќе рече дека 200-300 евра плата е топ!?
Токму така, тоа сакаме да кажеме сите, и тогаш и сега платата едвај ги покриваат егзистенцијалните потреби. Минимален прогрес за 10 години.

3000 денари за храна и превоз во 2006 важи само за буџетари. Во просечната плата влегуваат платите на сите вработени, не само на буџетарите. Плус, надоместок за превоз земаат само вработени чие работното место е оддалечено 2-3км од местото на живеење.
Не е точно, јас работев тогаш за 300 евра плата и 70 евра за хранарина + превоз, а работата ми беше на 500 м од станот. Криво ми е што не ги чувам исплатните листи од пред 8-9 години, ќе можев да прикачам доказ.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.300
Поени од реакции
21.412
Да де сменета е методологијата тоа никој не го спори, но во случајот тоа што менува?
Во случајов, ако ја користиме истата методологија, потрошувачката кошница за 2006 би била тука негде колку сегашната, околу 30,000 денари.

Не е точно, јас работев тогаш за 300 евра плата и 70 евра за хранарина + превоз, а работата ми беше на 500 м од станот. Криво ми е што не ги чувам исплатните листи од пред 8-9 години, ќе можев да прикачам доказ.
Ме мрзи да го барам фајлот, во него пишуваше дека ако на работникот не му е обезбеден превоз до работно место, му се исплаќа надоместок за трошоците за превоз над 2-3км. Така нешто, во таа смисла. Али океј, ќе ти веруваме, секако не менува многу тоа.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
.што губите време со јалови пресметки, прво треба да се вработат минимум уште 300.000 џаболебари за по 2 евра на саат илити 600.000 евра на саат да впловуваат во системот.., после се праат сметки и планови за повеќе евра на саат, па кошнички , па шведски маси.
Сега само се плаче над сиромаштијата, се дели и се грабаат парчиња од неа. А само неинвентивен , необразуван илити по нашки припрост-малтене глуп народ е сиромашен народ, нормално со акцент на поимот народ, па контајте си.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom