Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
6 ноември 2013
Мислења
215
Поени од реакции
50
Од овие што ги наброја максиум ќе е поминување на група во ЛШ, чак и тоа е прашање.
Абе нормално ако си заминат овие ќе се земат други.Најмногу ми е криво за Морган е квалитетен докажан премиерлигашки играч од средина а не заигра само со Феенорд стартуваше и толку.Депај и Дармиан пола саат дали имаат изиграно,што е најчудно не ги ни ротира Жозе.Овие тројца да ги продадеме околу 50 мил.фунти може да се земе и да се земат еден или двајца квалитетни играчи.[DOUBLEPOST=1477464633][/DOUBLEPOST]Оваа сезона мислам дека конечно ќе сфатиме дека Ерера,Блинд,Смолинг,Фелаини,Шоу,Лингард се добри за на клупа и да играат со послаби екипи.Шоу премногу се повредува уште е млад нежен најдобро решение мислам дека би бил Родригез од Волфсбург.За централен одбранбен најдобра опција според мене би бил Варан,само дали би го пуштил Реал.За играч од средина дефанзивен може требаше Канте или Матуиди да се земат.Како и да е овие што ги набројав не се за да бидат стартери.
 
Последно уредено:
A

apidrone

Гостин
Така, така, продолжи да ме убедуваш дека средината е крива, кога одбранбени играчи прават грешки без никаков притисок? Смолинг топката која можеше да ја прими, он ја пушти да помине пред него, немајки поима кој иде зад него. Не може средината секоја топка да ја сече, за тоа постои ебаната одбрана, да се справи со најобичните пасеви. Блинд има топка во нозе, со 4 метри фора пред Педро, и опција да ја врати на голман, или да ја рогне во аут. Братов се решава да дрибла, иако позади себе има 2 пати побрз играч, и знае дека ако ја изгуби топката, ке прими гол, јер последен играч. Валенсија непречен од никого промаши скоро цел фудбал од корнерот. Ова не се грешки под притисок, ова се индивидуални грешки, направени без притисок, без дуел игра. Чисти киксеви. Па ти бркај резултат на 2-0 колку сакаш благодарение на одбраната и криви ја средината за пацерските грешки на Смолинг, Блинд и Валенсија.
Што правеше Погба за првиот гол? Покриваше некој? Зошто при шутот на Азар пред вториот гол имаше 3ца (ТРОЈЦА) играчи што стоеја сами на 16 метри од гол? Зошто Фелаини место да скокне, клекна при вториот гол? Зошто никој не го пресретна преочигледниот пас на Матич при третиот гол? Зошто Канте беше воопшто пуштен во 16ник за четвртиот гол?
Тоа што си ти убеден дека проблемите се стриктно во одбраната, а не во средината, си е твое. Али немој и други да убедуваш. И на крајот на краиштата, кој е крив што на бековските позиции играат играчи што не се бекови? Кој е крив што Рашфорд игра крило, а е напаѓач? Кој е крив што Погба, играјќи 10ка немаше ниеден шут на гол, ниту па креирано шанса? Кој е крив што немавме никаква одбранбена тактика? Кој е крив што од Мата се очекува да покрива дефанзивно, а е офанзивен играч? Одбраната? Можеби, во твојот имагинарен свет.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.812
Поени од реакции
44.141
Првиот гол си беше класичен кикс на одбрана. Смолинг не знае кај се наоѓа, му ја пушта на Блинд демек, овој веќе претрчан од Педро, Де Геа во меѓувреме гледа што прават овие и лета напред и Педро има чист гол пред него. Колективна грешка на сите 3ца. :)

Вториот гол беше од корнер, карамболи глупости, повеќе на среќа реално. Третиот и четвртиот не ни ги памтам веќе. xD Само знам дека Смолинг беше понижен од факинг Канте.
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.527
Поени од реакции
2.381
Смолинг почна да игра фудбал месец дена покасно од другите и дремеше на клупа на сметка на семоќниот Блинд па реално е да има пад во играта. Шнајдерлин кој е подобар на дмц од сите во тимот го нема никаде, Шо зошто го немаше против Челзи? Зошто измислуваат топла вода со Миктаријан? Кривицата е во целиот тим за бледиве партии моментално, не само во Мурињо или некој поединечно. Имаат истрчано најмалку во цела ПЛ тоа е доволен показател колку само не ги боли за тимов играчиве, пресинг речиси и да нееаме видено годинава.
 
A

apidrone

Гостин
И лани играчите му беа криви на Мурињо, сега пак ли ќе биде ист изговорот? Тоа што имаат најмалку истрчано се повеќе ми изгледа дека е поради тоа што немаат идеја што да прават без топка, отколку што ги мрзи да трчаат. Не е пресингот само бркај се низ терен, треба да се има организација, план, секој играч точно да си ја знае улогата (и не само да си ја знае, туку на високо ниво да ја извршува). Ја од ова ништо не гледам, све се сведува на индивидуален потег или грешка на противникот. Смислена акција со гол завршница само онаа на Мата против Лестер.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Затоа и јас реков, колку што сум незадоволен од играчите толку и од Мурињо. Зошто ги игра Блинд и Фелаини? Блинд веќе дете од 5 години ќе забележи дека не може да игра одбрана, зошто не е тоа негова позиција, а само кај нас може да игра и како стопер и лев бек. Ете Шо се врати, зошто не почна против Челзи? Или имаше некни слаба партија (иако тогаш сите велеа дека не е доволно фит) и ја спука Моу се него и сега ајде не го става прв тим.

Зошто упорно го игра Фелаини, кога нема никаква корист. Нам ни треба креација, не дрво во средината. Имаме двајца одлични играчи за на позиција 10ка кои цел свет би ги посакал во тимот, Мата и Мики, ама Мурињо измислува топка вода со Погба на 10ка. Капак на се, откако го стави на 10ка не ни покрива дефанзивно како порано кога играше поназад. За што му продолжуваше договор на Керик, за со Чарлтон да игра? Па земи пробај средина различна, имаш опции еден куп, Керик, Шнајдерлин, тој се запнал во Фелаини.

И капак на се, незалагањето на играчите. Како бе тим кој треба да биде кандидат за титула, да нема играчи во врвот на истрчани километри. Премногу статични играчи имаме, Погба откако е на 10ка многу помалку се враќа назад, Ибра и тој ич не се замара, Фелаини служи само да ја подаде топката до некој, после тоа ич не ни се обидува да стрча.

Со ваков пристап, ни Роналдо и Меси не ни помагаат.
 
H

HoT IcE

Гостин
Луѓе, џабе се расправате, не сте свесни колку исти муабети и дискусија терате како ние прошла сезона под Моу. Еве ако не ми верувате, влезете фан клуб Челзи и ако не ве мрзи скокнете до тие страни и листајте да видите дека истиве работи ги имаме коментирано. Моу од РМ нема сеуште сменето формација и тактика, уште тера на исто. Во Челзи додуша проба и со 4-3-3 ама немаше играчи за неа како од прв маднат и пак се врати на 4-2-3-1.
Факт е дека имате индивидуалци што не заслужуваат во Боро да играат и кај нас има такви испукани пушки ама сите овие резултати и игра ви се кривица на Мурињо, истата килава тактика, формација буквално. Уште повеќе го мразам Моу кога ќе ми текне дека ги избрка Лукаку, КДБ и Мата затоа што не му се вклопувале во планови или не се залагале доволно или не знам што, Лукаку и посебно КДБ се играчишта моментално додека Мата е во слободен пад со форма затоа и самиот не знае веќе што игра. Изгубен е со простор и време Мурињо, каков и фудбалски сенс и генијалност да имаше веќе е поминат на границата на лудило.
 
Член од
6 ноември 2013
Мислења
215
Поени од реакции
50
Реално утакмицава со Челшит беше one of those games.На тие утакмици секој шут или полушанса на противничкиот тим ќе влезе во гол а во случајов сите голови беа киксови на одбранбените поготово првите два гола третиот гол исто Смолинг требаше или да направи старт или подобро да затвори при шутот на Хазард.За последниот не е потребен коментар.Од друга страна и на 1-0 и на 2-0 Куртоа одбрани после и на 3-0 и на 4-0 пак бранеше никако да влезе топката во гол барем за почесен гол.Ибра со глава на 1-0 исто промаши шанса.Реално разлика поготово со играта во одбрана од натпреварот со Ливерпул за 360 степени.Тоа го знае и Мурињо тоа го знае и Конте и сите неутрални и реални познавачи.Па реално Барса во финалето не прегази и со игра и со шанси па резултатите беа 2-0 и 3-1.Правам само паралела на овие два разни меча сите знаеме колку во фудбалот може да биде различен резултатот според играта тоа е.Сега останува на играчите да се соземат утакмицава вечер е важна само ради шо е дерби градско а инаку наредната во Сабота со Барнли дома мора да се цепи.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Од мечот со Сити Мики нема играно. Која иронија ќе биде вечер први 11 да го стави и пак на полувреме да го замени. :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Рохо вечер ако не е стартер, не глеам <3 а колку работа имам, све мислам дека ќе зажалам ако оставам и ги зјапам :D[DOUBLEPOST=1477495195][/DOUBLEPOST]
и сеа?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom