Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
14 април 2012
Мислења
33.047
Поени од реакции
68.013
Се шушка дека Руни ке добие шут карта на лето...
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
И Мурињо засега како да паѓа под притисокот, што ако Руни си замине? Магично ќе се решат сите проблеми и демек ќе заиграме фудбал. Еве Руни не беше на последниве утакмици и повторно сме очај.

А Моу сеуште го тупи со Фелаини, Блинд и неговите автобуси. Ете го имаме Шнајдерлин, Мики, за што се овие? Само за на тренинг да трчаат. Колку што сум разочаран од играчите и нивниот пристап, толку и од Мурињо. Упорно се мава со глава в ѕид со некои одлучи и као демек сега шут карта на Руни ќе му давал, а еден куп други побитни работи за средување има.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.047
Поени од реакции
68.013
Oд тренерот сум разочаран од мечевите против Сити, Вотфорд и Феенорд. Со Стоук Де Геа и Блинд кумуваа на голот, со ливерпул разбирам зошто таква беше поставеноста, ама со Челси ич не е крив Мурињо, не може Мурињо да влезе на терен и да го маркира Кејхил.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.863
Поени од реакции
5.737
утре ќе биде интересна утакмица..
да видиме шо состав ќе извади Мурињо па и Пеп.. јес да е "мики маус куп" ама сепак дерби си е дерби чак шо прво дерби шо ќе го играме на Олд Трафорд... ние во криза тие во криза... уше утре ако је сјебаат е тек тогаш ќе биде шо ќе биде :) има да го распарчат Жозе медиумите, а богами и управата треба да се јави[DOUBLEPOST=1477419980][/DOUBLEPOST]
Oд тренерот сум разочаран од мечевите против Сити, Вотфорд и Феенорд. Со Стоук Де Геа и Блинд кумуваа на голот, со ливерпул разбирам зошто таква беше поставеноста, ама со Челси ич не е крив Мурињо, не може Мурињо да влезе на терен и да го маркира Кејхил.
апсолутно си во право...

ама Мурињо може да му најде конечно позиција на Погба, а не да го шета како курва низ Велешта (на времето дe, сеа се други времиња :) ) Мурињо ваљда има очи да види дека Фелаини и успех не одат во иста реченица, Мурињо може да излезе и да каже шо е работата со Шнајдерлин, зашо при здрав и прав Шо упорно го форсира "интелегентниот" Блинд.. може да го седне на клупа Златан, кој шо буквално не покажува ништо во последниве утакмици (ама ваљда си има некаков си договор со Ибра и Раиола) може да го проба конечно Рашфорд на позиција 9ка или Марсијал на позиција 9ка, може да проба со Керик да изигра нешо, а не да го чува за Зорја, Фенер итн...

да не испадне после Жозе Мурињо listening Elena Risteska - A Mozevme
 
Последно уредено:
A

apidrone

Гостин
Мурињо е и те како крив за со Челзи. Анализата на Телеграф што ја постирав одлично ги претставува сите проблеми, а како најголем проблем е тоа што упорно се форсира 4-2-3-1, наместо да се постави систем кој ќе одговара на играчите. Да примиш 4 гола и во сите ситуации твоите играчи направиле почетнички грешки, не може а да не се бара одговорност од тренерот. Мора да се менува нешто суштински, не само изборот на стартните 11.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.047
Поени од реакции
68.013
Да, формацијата е проблем, Челси тоа го забележа во првите 20 секунди од мечот, и во наредните 10, го искористи тоа. Која црна формација, примија гол за 30 секунди. Убаво кажа Харгривс, мене не ми е јасно како успееа за 30 секунди да искочат од позиција. Формацијата е крива што Валенсија не може да процени топка од корнер, или што Канте и Хазард му свртеа памет на Смолинг. Не дека и врапчињата знаат дека подобрата нога на Хазард му е десната, и треба да го втурнеш накај гол аут линијата.

Јунајтед сите утакмици ги изигра со 4-ца во позадина, и ако треба да има тактички и формациски промени, тоа е средината. А средината беше виновна за 4-тиот гол. Првите 3 идат на душа на одбраната.
 
A

apidrone

Гостин
У тие први 30 секунди, топката шеташе низ средината, не низ одбраната, а ниту еден играч воопшто не ја ни допре топката. И не, Челзи не ги увиде дупките во првите 20 секунди, туку Конте имаше цела недела да се подготви за утакмицата. На Мурињо никој не му е крив што си ја фура формацијава уште од Реал, само што тогаш позициите на Погба и Фелаини ги држеа Алонсо и Кедира, играчи што actually знаат да играат одбрана.

Ако гледаш пластично, да, Педро му избега на Блинд, Де Геа отиде у празно (1), Кејхил никој не го чуваше (2), Валенсија беше предалеку од Смолинг (3), Смолинг лошо реагираше (4), но ако согледаш малце подлабоко, ќе видиш дека средината дефанзивно е швајцарско сирење. Како успеа Матич да го пронајде Педро? Зошто уопште стигна топката до Кејхил? Зошто Мата го пушти Хазард? Зошто Погба не го фаулираше Канте уште на 30 метри од голот? За овие работи не може одговорноста кај Смолинг и Блинд да се бара.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.863
Поени од реакции
5.737
најако од се е шо почна да се шири муабет за крт во екипата.. некој шо им ги соопштувал составите на медиумите... па кој црн крт... ние овде шо сме речиси 3000 km оддалечени го знаевме составот за со Челзи не па новинарите... се знаеше дека штом е спремен Лингард стартува... таа му беше една единствена измена од утакмицата со Ливерпул, Лингард за Јанг.. така да не е крт во прашање ... Јоsе you are so fucking predictable нажалост..
 
A

apidrone

Гостин
Од дербито со Сити навака ништо не штима. Си доби Мурињо лекција по фудбал и од Пеп и од Конте, тренери дебитанти во Премиер лига. Дали ќе извлече некаква поука од последниве утакмици, ќе видиме. Пошо нека не ве залажува навидум лесниот распоред што претстои, бидејќи очигледно е дека тимот има големи проблеми и противниците знаат тоа да го искористат.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.616
Поени од реакции
8.314
најако од се е шо почна да се шири муабет за крт во екипата.. некој шо им ги соопштувал составите на медиумите... па кој црн крт... ние овде шо сме речиси 3000 km оддалечени го знаевме составот за со Челзи не па новинарите... се знаеше дека штом е спремен Лингард стартува... таа му беше една единствена измена од утакмицата со Ливерпул, Лингард за Јанг.. така да не е крт во прашање ... Јоsе you are so fucking predictable нажалост..
Се збореше на почеток на сезона дека Руни е кртот, ама ништо не испадна од тоа.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.047
Поени од реакции
68.013
У тие први 30 секунди, топката шеташе низ средината, не низ одбраната, а ниту еден играч воопшто не ја ни допре топката. И не, Челзи не ги увиде дупките во првите 20 секунди, туку Конте имаше цела недела да се подготви за утакмицата. На Мурињо никој не му е крив што си ја фура формацијава уште од Реал, само што тогаш позициите на Погба и Фелаини ги држеа Алонсо и Кедира, играчи што actually знаат да играат одбрана.

Ако гледаш пластично, да, Педро му избега на Блинд, Де Геа отиде у празно (1), Кејхил никој не го чуваше (2), Валенсија беше предалеку од Смолинг (3), Смолинг лошо реагираше (4), но ако согледаш малце подлабоко, ќе видиш дека средината дефанзивно е швајцарско сирење. Како успеа Матич да го пронајде Педро? Зошто уопште стигна топката до Кејхил? Зошто Мата го пушти Хазард? Зошто Погба не го фаулираше Канте уште на 30 метри од голот? За овие работи не може одговорноста кај Смолинг и Блинд да се бара.
Така, така, продолжи да ме убедуваш дека средината е крива, кога одбранбени играчи прават грешки без никаков притисок? Смолинг топката која можеше да ја прими, он ја пушти да помине пред него, немајки поима кој иде зад него. Не може средината секоја топка да ја сече, за тоа постои ебаната одбрана, да се справи со најобичните пасеви. Блинд има топка во нозе, со 4 метри фора пред Педро, и опција да ја врати на голман, или да ја рогне во аут. Братов се решава да дрибла, иако позади себе има 2 пати побрз играч, и знае дека ако ја изгуби топката, ке прими гол, јер последен играч. Валенсија непречен од никого промаши скоро цел фудбал од корнерот. Ова не се грешки под притисок, ова се индивидуални грешки, направени без притисок, без дуел игра. Чисти киксеви. Па ти бркај резултат на 2-0 колку сакаш благодарение на одбраната и криви ја средината за пацерските грешки на Смолинг, Блинд и Валенсија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom