-Гледате што се случува кога класичен натуршчик ви станува главен политички фактор во државата. Тогаш го добивате Саше Политико во обвинителска ролја. И тоа личи на оние гротескни сцени од филмовите на Фелини каде што тој на еден фин италијански начин ја исмева реалноста во италијанската провинција. Во нашиот случај станува збор за класичен провинцијализам (како духовна, а не географска димензија од типот Скопје-остатокот од Македонија) и политички примитивизам во вршење на функцијата.
Јас повеќе пати сум кажал дека станува збор за одлично разработен систем кога избрани маргиналци преку ноќ ги промовирате во моќни играчи. И тоа после личи како на онаа сцена кога на Љубе Бошковски на стрелиштето во Маврово му дадоа да пука од пушкомитралез. Тие играчи потоа психолошки се форматираат дека се најсилни, најдобри, најмоќни и од Господ пратени да ја спасат Македонија.
Еден црпнат од Струмица, друга од Гевгелија, трет од некое друго место во Македонија. И кога тие луѓе ќе ги донесете до психолошка екстаза, дека ништо во државата не може да функционира без нив, тие тогаш стануваат наши локални копии на Kралот на сонцето или Луј 16 и затоа не гледаат ништо лошо во паролата „Државата – тоа сум јас“. Затоа едно евро оди за државата, а едно за Вицето. Затоа вработувањето на внукот не е непотизам бидејќи не е непотизам ако роднина си вработуваш во семејна фирма, а СЈО е токму тоа, семејна фирма на Јанева.
http://netpress.com.mk/eftov-klucot-za-makedonija-e-kaj-graganite-ne-kaj-katica-janeva/