Друг е проблемот во Интер не е баш до играчите, остајте Смрадли, Крастиел и остала багра што зборат.
Летово дојдоа: Најдобриот играч на Лацио и еден од подобрите офанзивци во Италијанската репрезентација Кандрева, Жоао Марио најдобриот играч на Спортинг и незаменлив во средината на Португалија, Најдобриот играч од Севиља и репрезентативец на Аргентина Евер Банега, Барбоса кој беше најдобар играч во Сантос и еден од поглавните во Олимпискиот Бразил, не игра да, но сметам дека со него се многу претпазливи, не сакаат да изгори... (Добри играчи ама не се како тие на Јувентус, кои се најдобри у СВЕТ на нивна позиција)
На ова се додаваат веќе добрите играчи во Интер: Перишиќ кој е алфа и омега во Хрватската репрезентација, Икарди кој е одличен напаѓач и прва и непрежелана љубов на Џонтра, Миранда стабилен дефанзивец и прв избор во Бразилската репрезентација и нормално Хандановиќ, ќе кажам солиден голман пошто знае да ме извади од кожа и Медел кој својата работа си ја врши одлично иако од некои тука е беспотребно хејтан и ставан во кош со играчи кои ќе ги спомнам понатака.
Потоа следат играчите кои не го користат својот потенцијал но може да изненадат: Кловнот Брозо кој има што да покаже и мислам дека сезонава ќе го средат, во Хрватска гази и игра прва постава, Муриљо тотална енигма за сега, лани дојде порано после првенстовто изгази до полусезона, му пуштија вода во уши и сега игра со голема трема, незаменлив во Колумбија и избран за најдобар дефанзивец во Јужна Америка, Кондогбија со кого моментално многу се работи и ако не го искористи сега потенцијалот ќе заврши во треторазредна екипа како Милан.
Играчи за кој треба уште малку време за да видиме како ќе се вклопат: Анслади кој изигра 2-3 натпревари до сега, моментално вклопен во сивилото на одбраната, тука ќе го спомнам и Јоветиќ кој како да почна да добива некоја доверба кај Де Бур, Јоветиќ е играч со страшен потенцијал но разочаран у животу, ако успеат да го мотивираат Интер ќе добие многу... и Едер кој излезе тотална енигма, во Сампдорија страв и трепет за секој тим во Интер не прави никаква разлика, можеби е од тие играчи на кои им треба повеќе време за да се навикнат.
Играчи кои не заслужуваат да бидат во Интер: Дамбросио, Нагатомо, Сантон, Ранокија, едноставно не знаат... И да изиграат една добра утакмица на наредните 5 ќе кикснат. Дамбо некад знае да поврзе континуитет но максимум две солидни утакмици па после следуваат 6-7 катастрофални, Сантон исто така но нема солидни туку потпросечни (Во напад тотално неупотребливи). Овие играчи не заслужуваат да бидат во Интер.
Играчи кои никогаш не го покажаа вистинскиот квалитет: Бијабијани кој на моменти изгледа како првокласно крило, екстра брзо со одличен центаршут но поголемиот дел од натпреварот игра незабележително, не го користи својот потенцијал и затоа ќе игра во Козенца, Андреоли кој е нонстоп повреден.
И Папаласио, играч кој после светското и утката во продолжение во финале едноставно умре и сега е подвижен леш, не го ставив во ниедна група зашто на времето беше добар играч.
Интер лани со сите проблеми и послаб тим заврши на 4-то место, со овој тим треба да се бори за Скудето но има други проблеми во позадина... Значи прво се сменија газди уште нема никаква хиерархија (во 3-4 години тројца газди се менуваат), доаѓаат нови фаци, тимот беше во зимски сон сега почнува да се буди, потрошија многу пари и мора да покажат резултати што автоматски се под притисок, сменија тренер на 10 дена пред почеток на сезона, семнија фудбалска филозофија, се наурши атмосферата во тимот прво со Икарди па со Брозо па со Кондогибија па сега пак со Икарди, играчите се поделени на кланови, притисок од медиумите и НАЈГОЛЕМИОТ ПРОБЛЕМ лоши подготовки.
Ќе проработи тимов, само не знам што тренер е Де Бур, се надевам дека е од оние што знаат да ги воочат грешките и да не идат со глава у ѕид туку што знаат да сменат кога не иде... Ќе се средат работите и ќе си дојде се на свое место, па не сме купиле играчи како Рики и компанија, сепак сите биле репрезентатици и главни играчи во старите клубови.