- човекот те праша што направија за државата а не за вашата партија и идеологија, првата точка сигурно не е за државата. Сум ти спомнал лично тебе неколку пати, тоа што мислиш (или мислите) дека правите некаква Нова Македонија и новомакедонци на крај ќе заврши со едно големо ништо, оти е градено на погрешна необединувачка основа, со лажна идеологија (како шуплив стиропор вака фигуративно да се изразам). Резултатот ќе биде едино децениски насобран гнев кај другата страна, која исто како и вие сега што го истурате и наплаќате вашиот 70-годишен гнев ќе го наплаќа и ќе се реваншира. Да не зборувам дека со историските ексурзии на некои сомнителни „историчари“ ги поткопувате темелите од кои овој народ и нација ја црпи својата државност. Настрана фактот дека во тој нов систем собравите еден куп остатоци и џган од омразениот стар естаблишмент, не мора да ти кажувам имиња си ги знаете вие, доволно е само да ги спомнам газдите на двете ваши ударни пропагандни тупаници и не треба повеќе.
- второто не е точно, ги имаат истите права, истите бенефиции, истите квоти, истите вработувања, истиот ноншалантен однос кон државата, не им е ускратено баш ништо, не знам у кој дел е разликата од сега спрема 2004-05 . Најпрост пример, тој вашиот лудак коалиционен партнер Шехтански еве го колку помина, пет години ги менува имињата на тие школите, а тоа е само една мала ситница во морето други.
- тука може нешто да се уважи и потврди, подобро да се задржеше на ситниците, затоа што тие ситници ти ја прават третата точка, да, тука има работи кои ја мрднаа државата и народот од зачмаеност и стагнација, се променија некои работи, се направија некои работи, сега дали било тоа од кредити, дали на долг рок ќе се исплати, дали се работеше за суштински и капитални проекти или не може и не е толку важно, но колку само повеќе и подобро можеше да биде ако се посветеше повеќе внимание на тоа отколку на хроничната клептоманија и политичкиот реваншизам.