Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Со кои вежби може најдобро да се корегира Лордоза ?
 
Каиш кожен со тока квалитетен, кај да барам и која цена би бил?
 
Каиш кожен со тока квалитетен, кај да барам и која цена би бил?
Во државава сите се горе долу ист квалитет, два имам сменето во 6 години, еве го и вториот што го зедов од кај претседателот почна да се кине на дупките каде што го закачувам нон стоп.
Ако сакаш поквалитетен ќе те фати сигурно над 40евра од ebay, т.е ако ти се посреќи и од таму подобра кожа.
Сепак за 1000-1300денари колку што одат тука не вреди да се замараш, ќе трае сигурно 2 години...
 
Дечки, имам едно прашање и ми треба совет.
Не сум профи вежбач, си го држам телото фит и дефинирано. Теретана секој втор ден. Си го напраив како правило да ми е.

Има денови кога со работа сум ангажиран повеќе и после работа најчесто после таков турбо ден сум многу уморен, како без енергија (пазете, не е мрза) кога не ми се прави ништо освен што ми се одмара/лежи. Е некогаш се дешава баш после таков ден да треба да одам во теретана.

Моето прашање е - дали и кога сум изморен, недоволно сум наспан и слично не треба ни под разно да го избегнувам денот кога треба да се вежба?
 
Пробај сам и осети на твоја кожа.
И јас често сум си мислел дека немам сила после напорен ден на работа но првите 5-10 минути од вежбањето ќе ти кажат дали си бил во право.
Мене, најчесто ми докажуваа дека не сум во право :)
 
Хаха нема да ти се верува али почнав да го пишувам постот и го оставив така без да го пратам се враќам сега на PC буквално истото си му го пишал :).

@Amateur постои физички замор и психички замор. Најчесто кога имаме такозвани турбо денови со работа, многу обврски, трчај вамо-тамо после па кога ќе дојдеш дома сакаш само да лежиш и не ти е до ништо, тоа е психички замор. Мислиш којзнае колку си уморен и истоштен, ама јас лично на пример кога имам таков ден после тренингот не само што живнувам туку енергијата ми се враќа двократно.
Е сега имам вежбано и кога сум бил стварно физички изморен. Тогаш веднаш едноставно при тренингот осеќаш - перформансот не ти е на ниво, те облева ладна пот, се тресеш кога држиш тегови.. Во таков случај не треба да вежбаш зашто само правиш повеќе штета отколку што имаш корист. Слушај си го телото.

Што се однесува до ненаспаност: на долг рок те кине, а една-две ноќи ако немаш добро спиено и отидеш да вежбаш, ништо нема да ти биде.
 
Хаха нема да ти се верува али почнав да го пишувам постот и го оставив така без да го пратам се враќам сега на PC буквално истото си му го пишал :).
Ти верувам.
Пред неколку години го имам прочитано на нет и веднаш го тестирав, резултатите беа изненадувачки :D
И тоа во една реченица беше напишано.
Некогаш мали нешта може да сменат многу.
 
Ме интересира дали тие што започнале темава, или биле активни на почетокот денес имаат дефинирани мускули, или пак се откажале, како и сите други што немаат мотивација.
 
Еве една многу добра страна ако некој не ја знае, многу е онака просто и сликовито објаснето све, во кратки црти: ss.fitness.
Другар господ здравје да ти даде за странава
 
Ме интересира дали тие што започнале темава, или биле активни на почетокот денес имаат дефинирани мускули, или пак се откажале, како и сите други што немаат мотивација.
Мн зависи што ти е целта.
Некој има цел да се надува како балон.
Друг има цел да ослаби.
Трет има цел да биде во здрава физичка форма.
итн.
 
Мислење за овој протеин?
http://ultimatenutrition.mk/index.p...ategory_id=6&option=com_virtuemart&Itemid=165
http://ultimatenutrition.mk/index.p...ategory_id=6&option=com_virtuemart&Itemid=165
Ќе го купувам овие дена, сакав да прашам дали некој го има користено, колку бил задоволен, и како се споредува со останатите на наш пазар (цена/квалитет) ?

Поздрав
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom