Меѓународната заедница е составена од луѓе кои се згрозени од криминалите на фамилијата, и со нив не сакаат ниту да се поздрават, а не па да дозволат да бидат подмитени. Таму важат други принципи на демократија, меритократија и се што лета се јаде.
Така да, после гласањето се очигледни две работи. Прво, дека Илиевски е несомнен професионалец, што значи дека обвинувањата (на СДСМ и граѓаните загрижени за демократијата во државава) за неговата (не)стручност биле ноторна глупост. И второ, дека меѓународната заедница не ги зема во предвид снимките што Заев ги објавуваше. Што е по малце тажно.