Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
A која е приказната?
Ептен малку имам прочитано, ама содржината е дека на земјата на многу локации се симнуваат вселенски бродови кои се фиксирани. Главна улога се неколку научници од различни области кои се обидуваат да стапат во контакт со нив (суштествата во бродовите) односно да го научат нивниот јазик за да ја откријат целта на нивната посета.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Се надевам за Синедејс ќе ги дадат S'one strane (хрватскиот претставник) и Igla ispod praga (црногорскиот) со Никола Ристановски.Особено вториот сакам да го погледнам. И двата добија добри критики.
Се надевам и на Уставот на Република Хрватска.

Бриџит Џонс доста ме насмеа, мене искрено првиот ми беше рамо до рамо со Love Actually, така ми се фил гуд филмчиња. Вториот послаб. Бебево доста добар, имаше интересни фори. 7/10

Wilderpeople :love::love::love: во десетката најдобри за 2016 засега, иако овие три месеци ќе се гледа турбо фестивалски филмови.

Swiss Army Man :eek::D:D:D сега видов дека на letterboxd грешка оцена сум му ставил 7 од мене или 3.5/5, а по грешка 2.5 сум ставил. Лудница сценарио, не знам на кој дроги биле луѓево што го правеле, буквално како што кажа Златко или го хејташ или те мрднал.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Прегледај го приврзокот 157469
Кој си нема Кајгана, ќе си трпи ха ха
ќе си губи вре-меее
за-за-залудно.
Читај го постов уз ритам на рефренот
https://www.youtube.com/watch?v=DtKglorUMUk
@Corvus ќе се зафркнавме за малку тогаш, а?
Хахаха, знаеш дека кога го прочитав скринот и мене ми текна на истото?
Ќе сме се заебеле indeed и тоа по моја вина, среќа што излезе Beyond тогаш па ни дојде како кец на десетка :pipi:
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
@Zlatikevichius за погрешни филмови ме цитираш, али не си ти крив кога на форумов не му функционира срчот. :)

http://forum.kajgana.com/threads/Предлог-за-филм-со-кратка-рецензија.198/page-188#post-60048

http://forum.kajgana.com/threads/Предлог-за-филм-со-кратка-рецензија.198/page-188#post-60049

Рецензијава е пишувана кога бев уште ентузијаст и мислам е најдолгата рецензија на форумов. :) Ќе биде штета ако не стои под филмот, пошто ја мозгав и ја пишував 3 дена. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.854
@Zlatikevichius за погрешни филмови ме цитираш, али не си ти крив кога на форумов не му функционира срчот. :)

http://forum.kajgana.com/threads/Предлог-за-филм-со-кратка-рецензија.198/page-188#post-60048

http://forum.kajgana.com/threads/Предлог-за-филм-со-кратка-рецензија.198/page-188#post-60049

Рецензијава е пишувана кога бев уште ентузијаст и мислам е најдолгата рецензија на форумов. :) Ќе биде штета ако не стои под филмот, пошто ја мозгав и ја пишував 3 дена. :)
Фала ти, додадена е сега: http://forum.kajgana.com/threads/КАЈГАНА-ТОП-250-read-only.81001/page-10#post-7860574

Вака значи: јас прво рецензиите ги барам во темите Предлог за филм со кратка рецензија и Последен гледан филм со кратка рецензија. Ако најдам таму нешто, завршувам со потрагата. Ако нема ништо, барам во Филмскиот каталог за тапчовци, а ако и таму нема ништо, барам во останатиот дел од подфорумот. Проблем ми се само филмовите кои во насловот содржат зборчиња помали од 3 букви, како што беше случајот со овој. Пребарувањето само со клучниот збор: Nobody ми даде огромен број на резултати, па затоа се откажав од пребарување за рецензии за филмот и го ставив само мислењето на Рокенрола од каталогот за тапчовци. Сличен ваков проблем имав утрово со I Am Sam за кого не успеав да најдам ништо (да е болката пострашна во тој случај, дури и името на главниот актер е со зборчиња од три букви: Шон Пен. Оди па снајди се :D).

Затоа, ве молам, ова нека важи за сите: ако имате некоја ваша рецензија која сакате да ја вметнеме во темата (може да е од било која тема на форумов, не мора само од Предлог и Последен...), пишете ми во приватна порака, или тука. До сега освен @zmej gorjanin , само @wicked_1 побара такво нешто, неколкупати, и верувајте дека и мене ми ја олесни работата, а и темата изгледа многу поубаво.

За оние кои не се упатени во ова што го зборуваме, уште малку стигнуваме до топ 100 во одбројувањето кон првото место во темата за најдобар филм на сите времиња според вас, Кајганџиите. Па бујрум: http://forum.kajgana.com/threads/КАЈГАНА-ТОП-250-read-only.81001/
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Какви филмови поминаа од 100-250то место, почнува срам да ме фаќа што се ќе се најде у топ 100 или пострашно у топ 50 или најстрашно у топ 10. :shook:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.854
Само што го изгледав мексиканскиот претставник за Оскар годинава, Desierto, и очекував многу, со оглед на тоа што е продуциран од Алфонсо Куарон, режиран од син му Jonás Cuarón и со Гаел Гарсија Бернал и Џефри Дин Морган (факинг Ниган) во главни улоги, а плус и на најавата и во Синеплекс (преведен како „Оставени“, ќе го прикажуваат кај нас од 27.10), а и по нет читав дека го рекламираа: „од креаторите на Gravity“. За жал, многу потфрли. Неинвентивен трилер, кој иако се базира на интересна идеја, на крај добиваме само една обична бркотница низ пустината, со многу facepalm моменти. Мене не ме воодушеви. (n) 6/10

EDIT: Плус и ликовите очајно напишани, иако актерите успеаја да одглумат одлично.
 
W

wicked_1

Гостин
Ова се само блокбастери предвидени за 2016 а тек сериозните филмови што обично излегуваат при крај на годината. Кината и филмските студија ќе тријат раце.

Batman v Superman: Dawn of Justice
Suicide Squad
Warcraft
Deadpool
Assassin's Creed
Triple 9
Pride and Prejudice and Zombies
Alice Through the Looking Glass
Gods of Egypt
The Huntsman Winter's War
Passengers
Midnight Special
Captain America: Civil War
Rogue One: A Star Wars Story
The BFG
The Legend of Tarzan
X-Men: Apocalypse
Independence Day: Resurgence
Star Trek Beyond
Fantastic Beasts and Where to Find Them
Doctor Strange
A friendly reminder... ќе почекаме уште малце па да напраиме round up колку од овие излегоа да се култни филмови како дел од епската 2016та -револуционерна година за киното. :rolleyes:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom