Драга Кајгана (виртуелен дневник)

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.031
Поени од реакции
7.145
Хокеј е спорт за сто мераци.Си гледам Медвешчак - ЦСКА, си се тепат на секој дел од лизгалиштето, повеќе боксови паѓат таму него на бокс меч.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.182
Поени од реакции
13.460
Вие кои што кога ве гаѓав со лушпи од мандарини во основно, а следното ви беше “наставничке Филип ме мава со мандарини“, место да се свртите и да вратите, успеавте во животот?

П.С. Сега сфаќам дека порано кога мајка ми ми викала да не го јадам чоколадцето пред ручек, а мене цревата пиано ми свиреле, тоа било за да и го јадам ручекот, да не испадне за џабе готвела, па да не мора да се дебели. А ја па мислев стварно е нездраво и ќе немам апатетит. Пфф сеа благо-ручек-благо ми е ручек, и пак ми е малку :kruna:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Ич не ми се совпаѓаат моите претпоставки и заклучоци што ги носам, таман мислам дека почнав да разбирам, бабум, ништо не ми е јасно. Имам уште многу за учење. Или е многу смотана, или ме мота јако затоа што јас сум смотан, или целосно сум во илузија, или или..
Како и да е ми го прави животот интересен. Инаку, а дојде есен, еве ме. Кога ми се овците на број ме нема никаде. То је то, чекор по чекор, шо би рекол Коки, се гледаме на врвот ;)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Да ти кажам неколку работи што ме тераат денес да ти пишам.

Вчерашниот земјотрес во Скопје повторно го стресе и уплаши народот. Колку човекот и да кажува дека квалитетно гради, дека е силен и дека треба да се следат одредени правила во случај на земјотрес, сепак се покажува дека човекот е едно безмоќно суштество во однос на природата. И стварно е страшно кога има земјотрес. Само неможам да ги сфатам оние луѓе кои се радуваат на земјотрес или пак уште повеќе што се зафркаваат на целата мака и со целиот проблем. А па да сакаш да има земјотрес, стварно незнам каков проблем треба да имаш:cautious::oops:

Друго нешто што ме вади од такт е кога ќе видам возрасни луѓе што тепаат мали деца. Ако те нервира детето или неможеш да се грижиш за него, зошто воопшто си го правел? Посебно кога ќе видам бабата или дедото како го тепа внучето затоа што го нервира, ми иде да станам, да им го земам внучето и да го дадам во полиција или во тие здруженијата каде што ги заштитуваат таквите деца и можеби им наоѓаат и подобри семејства, иако сепак тоа не е тоа. Прееска бев сведок на нешто што ме извади од такт. Гледам на улица една стара жена со внука мала (читај околу 5 - 7 години) како одат. Девојчето беше бајче, но нормално како секое дете се интересира за што е ова што е она на улица. Бабата постојано ја пцуеше, ја влечеше за коса, ја маваше по глава и ја влечеше за рака за да оди покрај неа, иако девојчето беше покрај неа и ништо не правеше за што би заслужила да биде искарана, а не па натепана. Таа старата и пцуеше мајка, и викаше дека ќе ја згмечи со ташната, дека не може да ја поднесе. Ми идеше да и отидам на таа старата идиотка (премал е зборов за навреда) и да ја мавам додека не се расплачи, па да види како е. Само се тргна она со девојчето по друг пат и потоа не видов што правеја.

Друго што сакав да ти кажам е тоа дека поминале 9 години од кога Тоше загина. Кога беше жив слушав некои од неговите песни чат пат кога ги даваа на телевизија, но воглавно не ми беа нешто интересни за да ги сакам и слушам. Но уствари ние имавме музика додека Тоше беше жив. Дури сега сфаќам колку добри песни имал и колку вредел. Без него сме како сцена на која има пејачи, музичари, но нема микрофон. Да беше он сеуште жив можеби нашава музика ќе беше единственото нешто слушано во државава.
Нека почива во мир:(
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.182
Поени од реакции
13.460
Легнуваш и планираш дур заспиеш како следното утро ќе јадеш мусли, па банана со мед, па блабла... и се будиш и оп те чека

14585358_976556049157290_1271866425_n.jpg

++ Топлификација пуштиле парно :свиркам:
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
Ми се повраќа од Инстаграм, snowflake и empowered генерацијава. Сите се посебни, сите се уникатни, сите се уметници, сите се тешки за разбирање....мрш. Никој нема цврсти ставови, изградени вкусови....се се прави за да не испаднеш лош, со хардкор размислувања и наци мајндсет, што на крајот ќе доведе до помалку лајкови. Женска на другар е као позната на Инста, има блогови и такви срања, а се срами во продавница да праша колку чини весник. И таа и сите како незе, само на интернет знаат да живеат, а IRL се гуски невидени(и гусаци :icon_lol:).

https://www.theguardian.com/technology/2016/oct/04/twitter-women-gender-elon-musk-tim-cook
Написов ме испровоцира(и сета таа "култура" што стои зад него), прво нешто што ми излезе сабајлево беше.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.789
Доаѓа татко ми и ми вика: Дојди на тераса да видиш што сум ти купил тебе.
Океј, идам на тераса, гледам само тегли околу мене. Ми вика ај погледни убаво, лево - десно, напред - назад. Јас сирота ништо не гледам освен тегли и празни гајби - нема пиво. :( Ми вика ај види под столчињата. Се доближувам до едното столче, ми вика лааадно, ладно. :cautious: Идам до другото столче, ми вика млааако, млако. Си викам добро, значи блиску сум, да видам шо чудо ќе беше тоа. Идам до третото столче ми вика топло, топло, топло. Си викам готово, тука е. Клекнувам и што да видам - стапица за глушец. Ми вика ја најде? :vozbud:

Да, бе. :ROFLMAO: И почна да ми ја опишува, ваква била, таква била. :ROFLMAO: Океј, да знам да не се сопнам на нејзе. :D Па уште ми вика да видиш што сум ти купил на тебе. :ROFLMAO: Ма да веќе се привикнав да не се возбудувам толку. Кога ќе каже ти купив милка, се мисли ти купив чоколадо за готвење. Кога ќе рече ти купив тоблероне, се мисли ти купив чоколадо со ориз. Eднаш влеговме во продавница и ми вика: Пази сеа, напуни очи, после ќе влеземе и во друга и таму да си наполниш очи. После ми вика, дојди до бурекчилницава. Помириса убаво? Мирисни, мирисни, глеаш како те шетам јас? Ај сеа да си идеме дома. Оооукеј. :icon_mrgr:

Иначе кога сме веќе кај бурекчилниците, сендвичарите во Чаир... има фурнаринки за 30 денари, сон. :ROFLMAO: Ако сакаш да се луксузираш, со кашкавал, ондак се 50. :love: Еднаш со другарка се враќавме пешки навечер околу 1 и нешто, гладни - а само со 50 денари у џеб. Влегуваме во една сендвичара, 50 денари хамбургер. Откако се најадовме ко стоки, не знам колку време после тоа на интернет гуглав кои се симптомите за труење од храна и за колку време би требало да се појават. :pos: Али живи останавме, шо ти е гајле. :D

Иначе и јас стварно не знам, зошто мислат дека ако не им кренеш на позив од 3ти пат, ќе им кренеш од 13ти? o_O Не ја сфаќам поентата. Ај да е за нешто итно, ама за сосема безвезни работи да ѕврцкаш без престан... Никогаш не вртам повеќе од еднаш, колку и да ми е важно. Едноставно е - кога ќе видиш дека сум ти ѕвонела, ќе ми вратиш и готово. Сигурно нема ко навиена на секои две минути да ти ѕврцкам. :toe:

Ај, чао. :D
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Интервју на Јанушев за КУРИР: Преку проекти до голем напредок во јавниот превоз, лифтот на Милениумскиот Крст стапува во употреба | Kurir.mk

ЈСП FOR THE WIN !
Штета само што нема ништо спомнато за имплементацијата на проектот за бесплатни студентски билети...
Ако не е информиран можел да ме покани на едно кафе у Дирекција па да му објаснам...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom