- Член од
- 26 февруари 2016
- Мислења
- 5.419
- Поени од реакции
- 13.591
Милер колку што јас знам е од школата на Баерн. И се погоди да игра заедно со Рибери, Робен, Чаби Алонсо, сега Левандовски.... Да не беше дел од Баерн од почетокот и да не играше со вакви фудбалери, немаше да добие поголемо внимание од Подолски. И убаво пишав јас, Милер има квалитети, но е надвор од секаков разум некој да го става во Топ 10 во свет, кога само во Баерн има барем 5 подобри од него.[DOUBLEPOST=1475283313][/DOUBLEPOST]Како да игра за ФК Вардар, па ако не играл, ќе си останел аматер непознат по маалски турнири. Ало, збориме за Баерн, за да играш таму последниве години НЕ МОЖЕ ДА Е ЕДЕН ОД МНОГУТЕ ИГРАЧИ СО ДОБАР КВАЛИТЕТ, не е ова Милан или Интер, па дај шта даш...
Првотимец е под Јуп Хајнкес, под Пеп Гвардиола, под Карло Анчелоти, има неколку гола за да биде најдобар стрелец во историјата на Светско, се тепаат клубови да го земат... Преценет бил. Добро, нели ви е срам пред да кликнете Испрати мислење да се преиспитате за кој играч се дебатира и оспорува.
И кај тебе ќе пишам, преценет е затоа што некои „експерти“ го ставаат во Топ 10 или Топ 5 во светот, што е невидена и нечуена будалаштина. Титулите не секогаш се мерка за квалитет. Кристијан Карембе има освоено се’, Тоти нема освоено скоро ништо со Рома. И сега ќе пишуваме глупости дека Карембе е легенда и величина, а Тоти е никој и ништо? Фудбалот е тимски спорт. Ако не ти се погоди екипата и генерацијата, биди колку сакаш јак, ништо не правиш. Исто и обратно, може да си дрво, а да освојуваш титули.Преценет?
Во 450 партии има дадено 196 голови и 121 асистенции. Плус за репрезентација има дадено 34 голови и 30 асистенции во 79 партии. Светски шампион и победник на ЛШ и Светски клупски куп. Скоро све што е можно има победено и најмалце уште 5 години има пред себе на највисоко ниво. Не дека бранам играч на Баерн ама тоа е реалноста. Моментално малце е можеби во криза низ која секој врви, кај него то е првата во сиве години. Не, не би рекол дека е преценет.
Последно уредено: