UEFA Champions League 2016/17

Абе шампион сезонава е...

  • Вкупно гласачи
    69
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Како да игра за ФК Вардар, па ако не играл, ќе си останел аматер непознат по маалски турнири. Ало, збориме за Баерн, за да играш таму последниве години НЕ МОЖЕ ДА Е ЕДЕН ОД МНОГУТЕ ИГРАЧИ СО ДОБАР КВАЛИТЕТ, не е ова Милан или Интер, па дај шта даш...

Првотимец е под Јуп Хајнкес, под Пеп Гвардиола, под Карло Анчелоти, има неколку гола за да биде најдобар стрелец во историјата на Светско, се тепаат клубови да го земат... Преценет бил. Добро, нели ви е срам пред да кликнете Испрати мислење да се преиспитате за кој играч се дебатира и оспорува.
Милер колку што јас знам е од школата на Баерн. И се погоди да игра заедно со Рибери, Робен, Чаби Алонсо, сега Левандовски.... Да не беше дел од Баерн од почетокот и да не играше со вакви фудбалери, немаше да добие поголемо внимание од Подолски. И убаво пишав јас, Милер има квалитети, но е надвор од секаков разум некој да го става во Топ 10 во свет, кога само во Баерн има барем 5 подобри од него.[DOUBLEPOST=1475283313][/DOUBLEPOST]
Преценет?

Во 450 партии има дадено 196 голови и 121 асистенции. Плус за репрезентација има дадено 34 голови и 30 асистенции во 79 партии. Светски шампион и победник на ЛШ и Светски клупски куп. Скоро све што е можно има победено и најмалце уште 5 години има пред себе на највисоко ниво. Не дека бранам играч на Баерн ама тоа е реалноста. Моментално малце е можеби во криза низ која секој врви, кај него то е првата во сиве години. Не, не би рекол дека е преценет.
И кај тебе ќе пишам, преценет е затоа што некои „експерти“ го ставаат во Топ 10 или Топ 5 во светот, што е невидена и нечуена будалаштина. Титулите не секогаш се мерка за квалитет. Кристијан Карембе има освоено се’, Тоти нема освоено скоро ништо со Рома. И сега ќе пишуваме глупости дека Карембе е легенда и величина, а Тоти е никој и ништо? Фудбалот е тимски спорт. Ако не ти се погоди екипата и генерацијата, биди колку сакаш јак, ништо не правиш. Исто и обратно, може да си дрво, а да освојуваш титули.
 
Последно уредено:

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.675
Поени од реакции
14.558
Вакви "аргументи" за неквалитетот на Милер дека му се погодило, дека да не бил од на Баерн школата и други среќни околности можеш да ги правиш со локалниот продавач на овошје и зеленчук, тука не. Смешен си, патетичен дури.
Во Баерн играле просеци како Брафхајд, Прањич, Лел и остали, нема потреба барем на мене да ми кажуваш што е просек за Баерн ниво, али тие играчи играле некоја сезона и толку. Милер игра одамна, Милер го викаат на СП, ЕП и ти на Кајгана форум се најде да викаш дека "му се погодило" толку време да е првотимец во Баерн??? Па ти треба да полагаш за да уопште пишуваш у подфорум Фудбал, ова не е прашање на вкус, па да ти го спориме, тоа што јас и другите го збориме за Милер се факти
. Толку сезони на топ ниво, стандарден во институција како Баерн (нема везе што е дете на Баерн, имало полно обиди за успех во прв тим, па ги шиткале ради недоволен квалитет, не е ова Македонија), стандарден у германска репрезентација и ти викаш дека кариерата на Милер е "да не беше дел од Баерн академија" или "му се погодило" да игра со други величини, па као ај се шлепа на нив???

И кој спомна Топ 10 или било што? Барем јас не, оди докажувај им на тие експерти што си читал. Нема позиција за Милер, ни е напаѓач, ни е крило. Едино може да се смести на некоја си ранг листа на офанзивци... а на кое место - зависи од сезоната на сите.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.588
Поени од реакции
22.309
Како и да вртиш, Милер беше еден од водечките играчи и на Баерн и на Германија последните години, екипи, кои последниве години константно се вртеа во топ 3 екипи на клубско и на репрезентативно ниво. А дали бил топ5, 10 или 15 на крај не е толку битно и не може толку прецизно да се дефинира, затоа што има многу фудбалери кои заслужиле тука да бидат ставени. Затоа сепак мора да се вратиме на статистики и титули, затоа што нив можеме да ги мериме.

Тоти е легенда на Рома и сите го почитуваме за тоа што покажа тука и дека цел живот е верен на клубот ама тој е исклучок и после неколку години сепак на ранглистите ќе се пласираат играчи со големи успеси, затоа што на крај тоа останува.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.221
Поени од реакции
18.360

Со последниот пасус сакаш да кажеш дека Милер ќе биде сметан подобар од Тоти за некоја година или погрешно те разбрав?
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
После неколку години на ранглистите ќе се пласираа играчите со вансериски фудбалски квалитети, од таму и Батистута > Инзаги. :D И Тоти > Милер.

Не не, ни на крај памет да не ви дошло да почнете да ги споредувате последниве двајца. :anco:
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.221
Поени од реакции
18.360
Тоа ми е и поентата, Милер ако сака уште 6 ЛШ титули нека освои со Баерн, едноставно како фудбалер, како индивидуалец во споредба со Тоти не постои. Разликата во квалитет помеѓу овие двајца ти е нешто дури што тешко може да се изрази со зборови за да се добие вистинската слика.
 
MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Тоти и Џерард со "неврзаните" од Тито ќе бидат за некоја година.:misticen:
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.588
Поени од реакции
22.309
Со последниот пасус сакаш да кажеш дека Милер ќе биде сметан подобар од Тоти за некоја година или погрешно те разбрав?
Не реков, туку дека Милер во во иднина почесто ќе биде спомнат од Тоти, освен можеби во Италија и во Рома, затоа што највероватно ќе остави поголеми траги. И Милер највероватно цел живот ќе игра во исти клуб како Тоти. Иначе не се осмелува да кажува кој е подобар, тоа е така паушално не може да се каже.[DOUBLEPOST=1475315573][/DOUBLEPOST]
Тоа ми е и поентата, Милер ако сака уште 6 ЛШ титули нека освои со Баерн, едноставно како фудбалер, како индивидуалец во споредба со Тоти не постои. Разликата во квалитет помеѓу овие двајца ти е нешто дури што тешко може да се изрази со зборови за да се добие вистинската слика.
Твое мислење, ама има и други мислења. Милер не само што освоил титули туку и многу придонесол за тоа. А дали ти се допаѓа како игра или не, нема врска. Неспорен е квалитетот на Милер. И пак ќе речам, нема потреба од споредување со Тоти, не знам што е поентата од тоа.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.869
Поени од реакции
11.550
Абе идете утепајте се, милер не бил класа ко тоти и компанија.
Ограничени луѓе.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.675
Поени од реакции
14.558
Тоа ми е и поентата, Милер ако сака уште 6 ЛШ титули нека освои со Баерн, едноставно како фудбалер, како индивидуалец во споредба со Тоти не постои. Разликата во квалитет помеѓу овие двајца ти е нешто дури што тешко може да се изрази со зборови за да се добие вистинската слика.
Нацртај у Пејнт... Бог да чува, не бива Тоти Господ за муда го фатил.

Не ни може да се споредуваат, Милер е бог и батина за голгетер и офанзивец за Тоти, овој за Милер е за средина.
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Тоти и Милер бе:pos:, споредбата вришти.. Допирна точка немаат еден со друг... Игорче го спомна Тоти во поинаква конотација, а не за споредба на фудбалските квалитети
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.221
Поени од реакции
18.360
Нацртај у Пејнт... Бог да чува, не бива Тоти Господ за муда го фатил.

Не ни може да се споредуваат, Милер е бог и батина за голгетер и офанзивец за Тоти, овој за Милер е за средина.
Џабе ни во пеинт нема да ти биде доволно тебе.

Ај објасни ми како тоа Милер е бог и батина за голгетер и офанзивец за Тоти? Во кој свет живееш ти, свесен ли си што зборуваш?

Тоти во се е измислен за Милер, значи буквално секој фудбалски квалитет што постои и на страната на Тоти. Техника, визија, шут, што ќе ти текне за офанзивен фудбалер, во тоа Тоти сигурно е подобар од Милер.

@Igorcemk види сега другар кој каква трага ќе остави ќе може да зборуваме тек после 30-40 години, затоа нема поента тој муабет. А тоа дека е мое мислење дека Тоти е подобар од Милер, не би се согласил. Факт е тоа, едноставно се докажува да ги гледаш и двајцата на теренот како играат фудбал и многу лесно ќе го сфатиш тоа. Сега ако ти си пристрасен тоа би било твој проблем, а и на секој фан на Баерн со тоа мислење.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom