А
Атлантист
Гостин
Само клима да земеш, за греење со котел на струја воопшто немој ни да размислуваш.Да состојбата е таа... Пуштени се цевките по собите и се е тоа сконцентрирано на едно место кај ормарчето. каде што и е предвиден за котел
Колку е исплатливо тоа загревање имајќи го во предвид малиот простор кој треба да се затопли?
Акумулирање на топлина мислев на принципот на загревање со водата... Јас стварно незнам на кој принцип баш работат тие...Ради тој простор што го немам да ставам камини и ќумци барам компактно решение кое нема да зафаќа многу место а ќе овозможува колку толку солидно загревање без драстично да ме удира по џебот.
Јас се греам со обична on/off клима во стан + имам панелни греалки за во случај многу да залади.
Но јас кога купував клими, инвертар климите беа многу скапи и не ми се исплатеше да ставам такви. Но сега цените се многу паднати на инвертрите и се приближија на обичните клими и сега да купувам најверојатно ќе земам инвертер.
Тоа ти е најдобра опција инвертер клима уред да земеш а за кој, реши се сам, прошетај по сите фирми и види што нудат + инфор. од форумов и не би требало да има проблем да направиш добар избор.
А зошто клима во однос на друг начин на греење на струја?, имаш и за тоа на форумот, климите спаѓаат во топлински пумпи и така заштедуваш на струја.
Да се грееш на пр. на панелни греалки однос на потрошена струја / вати топлина што го емитира грејното тело ти е 1:1.
Ако користиш темоакомулациона печка ќе може да користиш ефтина тарифа преку ноќ, а преку ден да се грееш значи овде ној сооднос потрошњна струја/ оддадена топлина би бил 1:2, односно условно можеш да рачунаш дека имаш COP фактор 2.
Додека кај инвертар климите овој COP фактор оди уште повисоко 3,5 - 4 и повеќе, со напомена дека не е константен и кога надворешните температури паѓаат, под 0 многу опаѓа и ефикасноста на климите и за многу ниски надворешни температури се приближува до 1, односно до ниво на обична греалка.
Последно уредено од модератор:
. Во поладните месеци приквечер кога ќе се олади дури можеби ќе мораш да ја дополнуваш(на скапа).