Прашање со палење на Рено 5, 91 год.
Независно од времето, дали е топло, ладно, лето, зима колата треба да се вергла 2-3 пати со прекини па тек тогаш да запали.
Внатре направивме прекидач кој вбризгува бензин пред да се запали колата, но и тогаш не пали од прва.
Особено ако е ладно, треба бар до пола саух, верглаање 2-3 пати, неколку пати на гас и тек тогаш ќе запали, ама и на семафор на пр. морам да ја држам на мал гас, зашто дава знаци како да ќе изгаси.
Бидејќи го имам истото возило дома, само една година постаро, и доста алував по него, да го донесам во пристојна состојба, ќе ти кажам следното:
Кај него е се едноставно: Нема електроники, нема такви заебанции... проста механика.
Е сега, како што ги објаснуваш симптомите, мене ми влече накај проблем со бензинската пумпа.
Ова возило има механичка бензинска пумпа, значи влече бензин на принцип на шмукање на горивото од резервоарот преку вакуум. Вакуум ствараат обртаите на моторот, така да, кога е на ниски обртаи, послаб вакуум заради дотраеност на бензинската пумпа, и има тенденција да гасне.
Убава бензинска пумпа марка Sobafex е околу 30 евра.
Карбураторот... не верувам... Твојата би требало да носи Solex 32 BIS карбуратор.
А, некој спомна дека можеби некое црево е напукнато па влече фалш воздух. Ништо чудно и тоа. Види дали се слуша шиштење.
Ако колата долго време не видела мајстор, паметно би било да види конечно.

Треба убаво да се наштелува палењето и карбураторот, ако не се оддамна сменети кабли, палец, капа и платинка да се сменат, и да се провери карбуратор.
Ама сепак мислам дека до бензинската пумпа ќе да е.
П.С.
Ако е се во ред, палењето кај мене оди вака:
Ако е ладен моторот:
Летно време без саух, верглање 5-6 секунди, без притискање гас и пали.
Зимно време, саух до крај, без гас притискање, пали после 2-3 секунди верглање, кратко време со цел саух (10-15 секунди), и наредните 300-400 метри на пола саухот и после го спуштам.
Каков е тој прекидач кој вбризгува бензин????