Имаат среќа што сме мала земја инаку ќе ја заебевме Кина... Секој втор производ во светот ќе беше Made in Macedoniа.
Рака на срце, не викам стандардот е кренат, ама обртот на пари во слободен промет е и тоа како зголемен. Намалувањето на невработеноста било од една или друга причина е осетно и се осеќа тоа. Познавам луѓе што во живот не биле вработени поради разно разни причини, флегми, тато носи мама меси и сл. калибри. Сега сите тие се вработени, највеќе би рекол поради помодарство, колку ќе ги држи овај "инвестициски БУМ" ќе видиме
Еве и една математика.
Кај нас се отвори фабрика од овие странскиве инвестиции во која моментално се вработени околу 800 души. Просек земаме од 15.000ден.
800 X 15.000ден. = 12.000.000ден. / 61.5 = 195.121,00€ месечно.
Месечно во Општина од 30.000 жители се слеваат 200.000 евра. надворешен капитал. Тоа се 2,5 милиони €!!! годишно Инекција на пари кој влагаат во оптек.
Значи тие пари не испаруваат некаде, се вртат тука, се троши на бензин, на излагање на пијачки, се купува по некоја електроника телевизорче таблет лаптоп, не се стега во супермаркет. по бутици и сл.