Полека фаќам ред со филмовите на Марвел, вечерва падна и Captain America: Winter Soldier и пријатно ме изненади, ми се допадна
.
Следен, Civil War
can't wait.
Се зачитав на дискусијата што сте ја имале овде почетокот на месецов, за суперхеројските филмови (
@wot се допишуваше со некој не знам...да не се враќам назад...) и морам да ја поддржам страната на модерното време
за суперхероите. Сепак живееме во дигитално доба бе луѓе. Уживајте во она што може да ни го пружат дигиталните ефекти. Замислете кое достигнување е нешто што било пишувано и цртано со рака пред толку децении, сега да оживува на големото платно со реални луѓе. Самото тоа е големо достигнување . Да не беше толку развиена технологијата, сигурно и филмовите ќе беа сведени на драми, трилери, хорори и комедии каде ќе се ценеше повеќе глума, приказна, музика итн...али (не)среќа живееме во такво време што овозможува фантазијата да игра малку повеќе од само пишан збор. Ако ви е до приказни и глума одете на театар.
. Секоја чест за филмовите класици и нивните креатори али не треба да заборавиме дека какво време иде - тоа се јаде, што викаат старите. Да живеевме сите ние во 19 век, најфантастичното нешто ќе ни беше првиот стрип во историјата,
The Adventures of Obadiah Oldbuck од 1837.
Исто како и со се што оди напред во науката и техниката. Нокиа 3310 можда е добар телефон ама за пред 15 год. Да стагнираше до ден денес технологијата, уште ќе имавте телефони со 1 инчен екран со 4 бои и најсофистициран пренос на податоци ќе ви беше преку инфраред.
За вкусови не се расправа и неблагодарно е да се споредуваат оценки на имдб за тоа кој филм е подобар. Она што се брои во денешно време се фановите и парите. Мнозинството дефинира што ќе биде тренд, што ќе биде барано на пазарот и што ќе биде заборавено.
За тие пусти пари ја (ре)стартираа повторно Star Wars франшизата. Можда старите фанови ќе најдат дупки, маани во новите филмови ама не заборавајте дека идат нови и нови генерации гледачи кои имаат нов ментален склоп, кој можда поинаку ги обработува информациите, сепак сега уште од мали нозе се задоени со технологија. За 10 год од сега лесно може да се случи ние, старите фанови, да плукаме на новите star wars филмови, а новите да велат: “Леле човече колку се јаки новиве, тие од пред 40 год за *** не ги бива!“
И така натака...
зборот ми беше непотребно си ги кршите околу тоа дали Avengers е подобар од Silence of the Lambs. Гледајте тоа што ви прави ќејф, за некого тоа е класик од 90-те, за некого Avengers: Infinity War part 1
(Btw најавен за Мај 2018) . За сите има по нешто, битно имате компјутер и торент за да гледате на убаа снимка, а за беспари
.
П.С. Еве и јас и покрај тоа што ги сакам блокбастерите, сакам чат пат да погледнам и некој класик. Еве на пример Шиндлеровата листа не ми е гледан, благодарност до @Bateman за потсетувањето.