Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.741
Треба да се ривочне... на телевизија го гледав, не знам пред колку време, само се сеќавам дека првата половина беше досаден и после беше вау.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.107
Поени од реакции
37.570
Заврши Манаки 2016. Златна камера 300 за кинематографот Јани Петери Паси за филмот The Happiest Day in Life of Olli Maki (овогодинешниот фински претставник за Оскар). Дури и самиот лауреат бил видно изненаден со оглед на тоа што ова бил негов прв долгометражен филм а и со оглед на конкуренцијата.

„Дали сте сигурни дека нема да ми ја земете? На церемонијата на отварањето сведочев перформанс каде што девојка со митралез покажуваше кон публиката каде што седеше и претседателот на Републиката. Тоа беше многу чудно, но уште почудно е тоа што јас добивам награда” - рече Паси.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.107
Поени од реакции
37.570
Заврши и TIFF 2016. Победник - La La Land на Damien Chazelle, пред Queen of Katwe и Lion. Меѓу другите помалку важни наслови, награда освои и претходноспоменатиот Jackie на Pablo Larrain.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Нема појак филм од Шиндлеровата Листа кога се во прашање филмовите за војната и Евреите. Каков Пијанист.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Тоа и го направив, синоќа и Пијанист го изгледав, да ти кажам искрено, 1/10 не е спрема Шиндлер, многу слаб филм.
Добро реално Шиндлер е маестрален филм, ремек дело.
Ама и Пијанистот е јак. Мене тие два ми идат у пакет, двологија. :D
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Може требаше у различни денови да ги гледам, вака преимпресиониран од првиот, не можеше да ме погоди толку вториот
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Snowpiercer крајно потценет филм по мое. Koнечно се здаде прилика да го гледам. Иако во истиот видов комбинација на веќе видени идеи, нешто Орвеловско од 1984, нешто I am legend, aли сепак симпатична реализација.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.107
Поени од реакции
37.570
En Man Som Heter Ove / A Man Called Ove, шведскиот претставник за Оскар годинава ептен ми се допадна. Многу убаво, feel good филмче во кое ништо не отскокнува премногу, сѐ е веќе видено, но сепак остава трага како ретко кој филм. Препорака.

Ping @MyloXyloto
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.979
Поени од реакции
7.119
Полека фаќам ред со филмовите на Марвел, вечерва падна и Captain America: Winter Soldier и пријатно ме изненади, ми се допадна (y).
Следен, Civil War :vozbud: can't wait.

Се зачитав на дискусијата што сте ја имале овде почетокот на месецов, за суперхеројските филмови (@wot се допишуваше со некој не знам...да не се враќам назад...) и морам да ја поддржам страната на модерното време (y) за суперхероите. Сепак живееме во дигитално доба бе луѓе. Уживајте во она што може да ни го пружат дигиталните ефекти. Замислете кое достигнување е нешто што било пишувано и цртано со рака пред толку децении, сега да оживува на големото платно со реални луѓе. Самото тоа е големо достигнување . Да не беше толку развиена технологијата, сигурно и филмовите ќе беа сведени на драми, трилери, хорори и комедии каде ќе се ценеше повеќе глума, приказна, музика итн...али (не)среќа живееме во такво време што овозможува фантазијата да игра малку повеќе од само пишан збор. Ако ви е до приказни и глума одете на театар.
. Секоја чест за филмовите класици и нивните креатори али не треба да заборавиме дека какво време иде - тоа се јаде, што викаат старите. Да живеевме сите ние во 19 век, најфантастичното нешто ќе ни беше првиот стрип во историјата, The Adventures of Obadiah Oldbuck од 1837.

Исто како и со се што оди напред во науката и техниката. Нокиа 3310 можда е добар телефон ама за пред 15 год. Да стагнираше до ден денес технологијата, уште ќе имавте телефони со 1 инчен екран со 4 бои и најсофистициран пренос на податоци ќе ви беше преку инфраред.

За вкусови не се расправа и неблагодарно е да се споредуваат оценки на имдб за тоа кој филм е подобар. Она што се брои во денешно време се фановите и парите. Мнозинството дефинира што ќе биде тренд, што ќе биде барано на пазарот и што ќе биде заборавено.

За тие пусти пари ја (ре)стартираа повторно Star Wars франшизата. Можда старите фанови ќе најдат дупки, маани во новите филмови ама не заборавајте дека идат нови и нови генерации гледачи кои имаат нов ментален склоп, кој можда поинаку ги обработува информациите, сепак сега уште од мали нозе се задоени со технологија. За 10 год од сега лесно може да се случи ние, старите фанови, да плукаме на новите star wars филмови, а новите да велат: “Леле човече колку се јаки новиве, тие од пред 40 год за *** не ги бива!“

И така натака... :masa: зборот ми беше непотребно си ги кршите околу тоа дали Avengers е подобар од Silence of the Lambs. Гледајте тоа што ви прави ќејф, за некого тоа е класик од 90-те, за некого Avengers: Infinity War part 1 :vozbud: (Btw најавен за Мај 2018) . За сите има по нешто, битно имате компјутер и торент за да гледате на убаа снимка, а за беспари :свиркам:.

П.С. Еве и јас и покрај тоа што ги сакам блокбастерите, сакам чат пат да погледнам и некој класик. Еве на пример Шиндлеровата листа не ми е гледан, благодарност до @Bateman за потсетувањето.
 
W

wicked_1

Гостин
@bobipp комплетно све си утнал од тоа што зборевме.

Не постои модерно кино со свои жанрови и ретро кино со свои жанрови, тоа сам си го имаш измислено. А и незнам од каде технологијата и развитокот на нокијата ги поврза со еволуција во жанрот.

Филмот како филм по дефиниција си има свои компоненти и етапи и треба да исполнува одредени стандарди за да се смета "квалитетен".
Без разлика на жанрот - каков и да е, сепак еден филм треба да да биде добро напишан и добро одглумен и тоа се универзални квалитети кое треба да ги поседува секое/ј кино/жанр, и ако еден филм ги занемарува овие два аспекти на сметка на експлозии, бумови, екстремна графика и сл., тогаш следи критика.

Ама најверојатно тоа не ти е битно ти пак ќе си мислиш дека има некоја жанровска битка и дека добра глума и добра скрипта треба само во драма да постојат, пошто тебе те носи дигитален дух а и многу добро си напиша, - она што се брои се фановите и парите.
Богами кога ќе ја погледнеш тинејџерската навала која не знае 10 филма да наброи, добар ориентир е какви се срања ќе имаат успех и заработки по кино салите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom