И Вилнев удри по Верстапен: Смири се, ќе убиеш некого
Поранешниот светски шампион, Жак Вилнев не е импресиониран од агресивното возење на Макс Верстапен и предупредува дека возачот на Ред Бул може да убие некого
Холанѓанецот на ГН на Белгија беше инволвиран во неколку инциденти, па пристигнаа големи критики на негова адреса.
Кими Раиконен, Себастијан Фетел, Тото Волф и Ники Лауда не беа импресионирани од потезеите на 18 годишниот Макс Верстапен.
Сега по возачот на Ред Бул удри и поранешниот светски шампион, Жак Вилнев кој предупредува дека Макс Верстапен може да убие некого во иднина.
Тој исто така ја обвини и ФИА дека премногу го заштитува возачот бидејќи очекува Макс Верстапен во иднина да биде голема ѕвезда.
„Проблем е ФИА, се чини дека тие го заштитуваат Макс" – вели Вилнев.„Сакаат тој да биде ѕвезда".
„Погледнете што се случи на ГН на Германија. При сопирање го промени правецот, па Нико ја промаши точката на сопирање. Двајцата влегоа прешироко, но Нико доби казна. За нешто толку малку... а дури и не беше негова грешка".
„Па нешто е погрешно и затоа сум гневен, но едноставно така функционираат работите. Пред 20 години некој ќе го забиеше во дрво".
„За судирот во првиот свиок во Спа, секој возач знае дека ќе има инцидент доколку се обиде да влезе од внатрешната страна, едноставно нема доволно простор".
„Ако имаш лош старт, помири се и прифати го тоа. Но ова не е најстрашниот дел. Тој потоа се жалеже дека другите возачи му ја уништиле трката".
„Самиот знае дека превзеде голем ризик со потегот и на крајот не се исплатеше. Тој им ја уништи трката на другите возачи, и секако си ја уништи сопствената трка".
„Исто така, она што го направи потоа е неприфатливо. Она што му го направи на Кими во два наврати на правецот, и еднаш на Фетел, тоа не смее да се случи".
„Мораш да се смириш. Ќе убиеш некого".