Ајде сеа не заебавајте, Игуаин синоќа имаше солидна партија (со оглед на тоа колку го покриваа играчите на Севиља), тоа што некои мислат дека за тие 90 милиони фрлени во него, МОРА да дава секој натпревар по 2-3 гола се ненормални. Синоќа никој ништо не направи позабележително, сите беа на некој начин под просекот, али сеа да се фаќате за Игуаин, значи еве незнам. Да утнуваше зицери како Кавани против Арсенал, ај да зборевте, ама вака без везе тресете.
Како што пишав Евра, Асамоа и Лемина само во Серија А нека играат, а Пјаца заслужува поголема минутажа, максимално ги искористи сите минути во кои Алегри му даде шанса.
Бонучи и Келини синоќа истотака синоќа беа под нивото, ама и така утепани овие од Севиља само 2-3 пати шутнаа, и сите беа млаки удари надвор од шеснаесетникот... значи вака-така дефанзивата ни е најјака страна.