Денес подслушнав дека Хрватска и Србија почнале да трупаат војници на границите према БОСНА?Дали е вистина или војнички патки?
Дај линк ако имаш, да видиме од каде си нашол такво нешто.
Тоа се новинарски патки. Во суштина се работи за финти од страна на политичарите.
Додик е во небрано. На 25 треба да има референдум во Српска за правосудството во БИХ, и уставниот суд на БИХ и странците се против тој референдум и го прогласија за неуставен.
И сега Додик ако се откаже од референдумот или пак среди и ги намести резултатите да бидат во корист на желбите на меѓународната заедница и унитарна БИХ и на штета на Српска, ќе има каква таква ситуација која ќе му овозможи од меѓународната заедница да си остане на власт.
А ако пак Додик го истурка референдумот до крај и резултатот биде дека Српска не го признава правосудството на БИХ се знае меѓународната заедница ќе прави проблеми на Додик.
Ова со војската е веројатно патка подметната од Додик и од Белград. Ќе продаваат магла на Србите во Српска дека ги чува во близина војската на Србија, а за возврат да помине со неуспех за Српска референдумот.
Хрватска ако ставила војска до граница со БИХ, веројатно се пазарат, да ги натераат Хрватските политичари во БИХ и тие да се против референдумот во Српска, а за возврат демек ќе нудат помош и заштита на интересите на Хрватите во БИХ. Иако Хрватска ги изигра во 1995 Хрватите во БИХ, и сега слично ќе биде.
Додик ем иска, ем му стиска работата со референдумот.
Српска реално е во притисок. Им се одземени куп ингеренции кои им припаѓаат со Дејтонскиот договор.
Ако попуштат на меѓународниот притисок во врска со Уставниот суд на БИХ, на Српска ќе продолжи да и се одземаат надлежности. Па за некоја година или деценија ќе има Српска толку малку надлежности што со право од Сараево ќе се постави и барање да не постои Српска. А понатаму Србите од Српска ќе поминат како Србите од Краина. Горе долу. Ако не стават крај на попуштањата со референдумот, само ќе губат уште многу надлежности.