Значи овај муабет ти е колку да се држиш до твоето, дека ништо не чини, и контра да се одело.
Сакаш да ми кажиш дека ко ни играа Роки, Шелото, Џонатан, Силвестре, Кузманович, Мудингаи и најјакото засилување Белфодил, имаше допирна точка со тимов сега, кај шо ги има еден Банега, Жо Марио(овај ѕвер че биди, слушајте ми го зборов), Миранда, Перишич, Кандрева, Јоветич, Кондогбиа, то пичлемето Барбоса сите шо го купуваме на ФМ и да не редам...
Мислам дај не заебавај брат. Овај тим да ти го напишеа на хартија, и да те прашаа дали би се согласил да биди ваков, со две раце би потпишал пред 1 година.
Точно, Мацари и Манчини за кур не ги бива.
АМА; колку и да го мразам Манчини, колку и да е пичка во душата по однос на тренер, јас глава ја сечам, дека ако не дојдеше тој тренер, уште главен супермаркет че ни беше Џенова. Чоеко дојде и си кажа, сакате јак тим, че се напучите. Мислам дека ниеден друг тренер немаше така да постапи. А то и се докажа. Не е проблем, само да бидам тренер на интер, да ми се број во животов, ако сакате и Славкоски че го играм.
Единствено во моментов, скептик сум, пази скептик, а не против, шо не знам да го дефинирам Де Боер. Ама од триве утакмици, покажа дека, прво не е пичка во душата (три измени во 70мин), негува ФУДБАЛ (нешто шо во Интер не памтам да сум гледал, а го пратам од 98 интезивно), од утакмица во утакмица се подобрува и е млад и модерен тренер. Не велам не, можи да биди флоп, ама можи да биди и следен Мур, Конте, Клоп...Времето че покажи. Јас искрено се надевам и сакам да му тргни, и да остани долго време во Интер. Има некој мадафакерски шарм.
Ти брат, си скептик за се. Во моментов и Роналдо и Меси да ти ги донеса ти пак че бидиш скептик.
Шта се тиче Тохир. На чоеко не можам НИШТО да му замерам. БУКВАЛНО. Ме заболе кур дали од љубов или од бизнис го купил Интер. Факт е дека ВО МОМЕНТОВ, Интер потроши пари како на времето на Морати во најдобри години, ПЛУС ако испадни како шо се пишува, дека Кинезиве не зна шо да му пра на парите, ко че го нема то мочаното ФФП и такви срања, можи да очекуваме да бидиме нов ПСЖ, Сити, само шо че бидиме тим со историја за разлика од Сити.
На крај, се заебававте, бекој, бекој, ама се покажа во последниве 3 натпревари, дека и те како ни се потребни. Нека се враќа овај Ансалди, и уште еден ТОП бек да се купи јануари ако се можи, и сме на КОЊ!
И конечно да можи да почниме од в година, по 1-2 засилувања страшни, па да го прајме тимов да биди тимиште. Подлога веќе има, и те каква.
П.С
Уфо да не ми го чепкате. То шо не можите да му ги разберите заебанците е ваш хендикеп. Мене ми е милина ко че го читам