Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Ај кога веќе препорачувате филмови, нешто налик на Frozen ( 2010 ), Open Water, Open Water 2, The Reef, The Ruins, Black Water или 127 Hours, со таква тематика, се наоѓаат главниве ликови во некои непредвидени ситуации, бараат начини како да се спасат... Ги гледав сите овие погоре, на ИМДб веќе само тие ми ги врти, ако имате друг на памет пишете да гледам.:busi:
http://www.imdb.com/title/tt0162222/?ref_=nm_flmg_act_43
Овој ваљда си го гледала, али моментално само на него ми текна. :D
 
Ај кога веќе препорачувате филмови, нешто налик на Frozen ( 2010 ), Open Water, Open Water 2, The Reef, The Ruins, Black Water или 127 Hours, со таква тематика, се наоѓаат главниве ликови во некои непредвидени ситуации, бараат начини како да се спасат... Ги гледав сите овие погоре, на ИМДб веќе само тие ми ги врти, ако имате друг на памет пишете да гледам.:busi:
Alive, во Клубот што го гледавме? The 33?
 
Кој си бе ти мои филмови да препорачуваш??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

@Хоуп глеј си филмови од различни држави ширум светов. :D
Џонтра, ми текна и на листава: http://letterboxd.com/mundof/list/best-foreign-language-film-academy-awards/detail/

Тука ги имаш сите предложени филмови за Оскар за најдобар странски филм од 1947 до 2016 (до сега). Речиси секоја држава во светот ја има со своите предлози, па тука можеш да најдеш филмови од држави од кои ти фалат.
 
После второ гледање, мора малце да се поправам за The Lobster.
Не е до толку претенциозен колку што ми се чинеше, има добро осмислен дистописки концепт и е силна критика за суровите традиционални практики денес.

Го изгледав и Dogtooth од режисеров и може да се каже дека Yorgos Lanthimos има остар ум за креирање сатира.
 
Некој да не знае дали постои опција да направиш import на рејтинзи од друг сајт на IMDB? Или треба еден по еден?
Кој сајт? Најдобро да ги контактираш тие од сајтот.
Но, не верувам дека може. Мислам дека воопшто нема таква опција.
 
Јас па три торенти сменив пошто мислев дека не се во ред, зошто не ми кажавте?:X3:

Замисла на режисерот, ќе ти уништевме златна симболика од филмот така. :noze:
Ама нели е јако? Екранот е совршен квадрат. Таман колку да фати во кадар еден лик и ништо околу него - совршен начин за апстрахирање на ликовите и нивните емоции од околината, од опкружувањето. Токму тоа и сакал да го постигне: да ги засили емоциите на карактерите. Мене ми беше ептен јако и ни малку не ми беше дистракција.
 
Ај кога веќе препорачувате филмови, нешто налик на Frozen ( 2010 ), Open Water, Open Water 2, The Reef, The Ruins, Black Water или 127 Hours, со таква тематика, се наоѓаат главниве ликови во некои непредвидени ситуации, бараат начини како да се спасат... Ги гледав сите овие погоре, на ИМДб веќе само тие ми ги врти, ако имате друг на памет пишете да гледам.:busi:
Gravity
All Is Lost
Nine Lives
Letter Never Sent
Buried

Јас па три торенти сменив пошто мислев дека не се во ред, зошто не ми кажавте?:X3:
 
Последно уредено од модератор:
Кој сајт? Најдобро да ги контактираш тие од сајтот.
Но, не верувам дека може. Мислам дека воопшто нема таква опција.
Letterboxd. Се нервирам, зашто истото еднаш веќе го правев. Порано користев Flixster, па ко почнавте сите тука со LB-от, ги префрлав една по една оценките од Flixster на Letterboxd.

Сега, од IMDB на LB знам дека може, исто и од IMDB на TMDB. Ама од LB на IMDB, веројатно само со некои скрипти што за мене се шпанско село.
 
Ама нели е јако? Екранот е совршен квадрат. Таман колку да фати во кадар еден лик и ништо околу него - совршен начин за апстрахирање на ликовите и нивните емоции од околината, од опкружувањето. Токму тоа и сакал да го постигне: да ги засили емоциите на карактерите. Мене ми беше ептен јако и ни малку не ми беше дистракција.
Да да и филмот беше ептен убав.
Ќе ми кажете други или да седнам оној предлогот на Ристо да го гледам? :X3:
 
Последно уредено:
Да да и филмот беше ептен убав.
Ќе ми кажете други или да седнам оној предлогот на Ристо да го гледам? :X3:
абе слободно гледај го филмот, ако рејтингот е низок, и не е така лош филм
баш е занимлив, се гледа дека од аматери е правен, ама не е толку лошо направен
интересна идеја, пристојна реализација
не мора секој изгледан филм за оскар да биде
 
Бидејќи гледам дека на LB сум првиот кој го гледал, да ве поштедам од малтретирање - немојте да сте го пуштиле новиот Ice Age. Ако четвртиот дел беше најслаб и неспоредливо послаб од првите 3, петтиов (Collision Course) е невидена катастрофа. Значи дефинитивно парите го вртат светот, штом до толку очајно се обидуваат да измислуваат нешто ново, а всушност сѐ се само рециклирани фори од првите три филма (особено првиот и третиот), плус нови, но неинтересни ликови што уште повеќе ги зацрнуваат оние на кои сме навикнати, па така сега ни Сид ни Скрат не се веќе смешни и интересни. До душа, беше најавен со тој краткиот - Cosmic Scrat-tastrophe (или како и да се пишува) од зимоска, што беше и филмска катастрофа, воедно, но му дадов шанса, надевајќи се дека сепак може, колку-толку да биде бар на нивото на другиот краток, од пролетоска, со јајцата. Ама ова испадна баш вистински ужас. Сто пати посакав да го прекинам, и стварно не знам како издржав до крај. Најслаб анимиран годинава!

Значи, да резимираме - НЕ ГО ПУШТАЈТЕ, ЌЕ СЕ КАЕТЕ! ;)

Фала многу. Пријатно.
Спаско. :P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom