Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.552
- Поени од реакции
- 1.606
Бог да чува, девојче!!!!! Типот сè прави за да биде со тебе, го тормози другар му заедно со девојката, кои, наместо да поминат интимно време еден со друг, го користат тоа време за него да го доведат до тебе, и ти уште се буниш?!?!?!?!?!?!Епа 5 месеци одам со едно машко,не е од мојот град.Во прво време се гледавме почесто а после почна да иди на две недели еднаш и последниов месец само еднаш се видовме.Скоро секој ден на камера се гледаме контектираме по фб,мсн ,телефон....Мен еми сметаше сето тоа и му реков дека не е во ред таква врска да не се гледаме а имаме и на фб објавено дека сме во врска.Почна да се поправа.Тоа му го реков пред две недели,кога дојде после еден месец.Сега три викенди со ред иди,но има еден проблем :S Нема автомобил и тоа е најголема кочница во цела врска.Дури и финансиски мислам дека не е како што треба.Се ужаснуваммммммммммммммммммм од таквииииииииии.Дури научив каков е поминаа 5 месеци.Дојде со другар му и девојката од другар му со колата од другар му .Цела вечер ја поминавме со нив.И вечерва дојде со друг другар и со девојката од другар му и со колата од другар му .Навистина задоволна сум што се труди,ама не сакам така повејќе.Незнам како да му кажам дека не ми се бендисува цела врска.Постојано ми вели дека ме сака и гледам дека го докажува тоа.А јас,не сакам бре таков дечко...и претходната вцрска ја раскинав заради тоа.Незнам како се заслепувам кога влетувам во врска.Сум немала многу врски,ама тие што ми се ми се грди.Пример грдо се чувствувам да ме носи другар му дома плус и девојката од другар му в кола.Се нервирам.Не ми е по кеф,цело расположение ми го снемува.Незнам како да му кажам дека не сакам да иди повеќе со другари.Само ми ги влечка,а и не ми е пријатно од нив,незнам зошто ама одвратно се чувствувам.Ми се плачи од самата помисла на се.Им дава пари нив за идењето,плаќа кога седнуваме некаде...а три пати со ред истата облека ја носеше. Вечерва се чувствувам ужасно.Грозноо. :S :S :S Незнам како да постапам.Би било се во ред кога би имал со што да дојди.А вака,незнам како да му речам....не ми е ни пријатно да му речам незнам дали го сакам ....
Типот не заслужува ваков третман од тебе. Молчи, трај, и биди среќна што тој успеал како-така да ја зголеми количината на времето што ти и тој го поминувате физички заедно. Тоа значи дека типот се бори за тебе и се труди од петни жили (тоа и самата го знаеш).
А ако не го сакаш затоа што нема кола и нема доволно пари и нема услови за вие повеќе интимно да бидете заедно, тоа е само и единствено твој проблем. А исто така, ако веќе толку ти пречи што има други луѓе наоколу, направи и ти нешто и смени ги условите. На пример, викни го кај тебе во соба, кога сте сами и слично. Не чекај само од него да направи сè, зашто не може тој сам сè - за врска се потребни двајца.
Исто така, ако ти пречи што тој плаќа сè и затоа нема пари за нова облека, изнеси го во град и *ти* купи му нова облека. Ќе биде пресреќен.
Ако ти не го сакаш зашто тој нема кола, можеби тој нема да те сака зашто ти немаш пари да му купиш облека. Внимавај со такви размислувања - многу се опасни. Според мене, тој не е со тебе заради парите, туку заради тебе лично (се труди да биде близу до тебе што е можно повеќе). Ти си му интегрален дел од животот и тој својот живот го гради околу тебе. Редно е сега ти твојот живот да го изградиш околу него, т.е. да се потрудиш околу него.
Затоа, немој да му кажуваш да не доаѓа повеќе со другари, туку седнете и разговарајте. Кажи му дека сакаш повеќе време да поминувате интимно заедно и *направи нешто* во однос на тоа. Едно решение е да го викнеш кај тебе во соба, а друго решение е ти да одиш кај него во соба (во неговиот град). Тоа се двете стандардни решенија во вакви случаи, па ти одбери кое ти е подобро. Мислам дека нему и двете би му одговарале.
Со среќа. :helou: