А околу изборот за македонски филм кандидат за оскар се 4 филма. Ослободување на Скопје, Џган, Лазар и 3 дена во септември, комисијата ќе одлучува за тоа откако ќе ги прегледа сите филмови во Кинотека на Македонија, а тоа ќе се случи месецов. Али според политики како што прават секоја година, така и годинава очекувам дека ќе му дадат на Ослободување на Скопје, како претставник да биде покрај Шербеџија дека има поголем рејтинг таму во Холивуд, али не секогаш тоа пали.
Лазар ќе ни го дисквалификуваат ако го пуштат него, нека не се зафркаваат. Барав податоци на неколку места, убаво си пишува во правилата на АМПАС дека за да може да конкурира, филмот мора да ја има домашната премиера во периодот од 01.10.2015 до 30.09.2016, а овој премиерата ја имаше лани на Манаки филмскиот фестивал, а тоа беше во септември. Искрено, не верувам дека би го избрале Лазар, очаен е, ама ако направат таква глупост, ќе си останеме без филм во конкуренција.[DOUBLEPOST=1473337282][/DOUBLEPOST]Кого го интересира повеќе, еве листа со досега пријавените 26 филма за најдобар странски филм за 2016:
http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/2017-oscars-foreign-film-submissions/
За сега, рани фаворити се:
-германскиот Toni Erdmann, беше прикажан во официјалната конкуренција во Кан 2016 и собра дел од наградите таму;
-шпанскиот Julietta на Алмодовар, исто беше во официјална конкуренција за Златна палма во Кан 2016, но со малку послаб успех отколку германскиот;
-венецуелскиот Desde Alla / From Afar, ланскиот освојувач на Златен лав во Венеција
Освен овие три, јас мислам дека и босанскиот Death in Sarajevo на Данис Тановиќ, освојувачот на Сребрена мечка (Grand Jury Prize) во Берлин годинава, има големи шанси.