Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
7 септември 2016
Мислења
2
Поени од реакции
0
Тешки нека ме стават, ќе те спремам после тебе за мој наследник, глеам потенцијал у тебе :love:
Не беше за тебе постот.
На Peja989 се однесуваше.

Ај чао, врска немате од банирање.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Добро бе, врне.

А што ми се јаде пица, кинеска храна, бурек и се’ тоа, а? Кога заврнува, ми почнува телесното складирање, ми се отвора дизна. Се’ ми се јаде. Мрсно, топло. Апетитот се накачува и со тоа и килажата, а потоа циклусот кенкање до страдање. И така. На работа некој донесе колачи со џем од јагоди, стојат еве два часа пред мене и изедов само едно. А можам сите. Нели.
Ми дојде гостинка од Индија. Ми донесе букет лаванда и ми објаснуваше дека името на индиски и значело црвена боја, како онаа на зајдисонце. И си викам, што не имам јас такво некое име. Будала. Секогаш нешто друго сакаш, од она што немаш.
Па и името.
Ја почнавме новата сезона на Астални. Брдо луѓе, задоволни сме. Пиевме ракија. Колку младиов свет има потреба од слобода! Па, јас да имам сега 19 и да ме чека оваа небиднина, којзнае како ќе завршев. Во ендек можеби не, ама со мноштво комплекси. Не дека сега ги немам. Сега ги полирам, ко со шмиргла. И се вадам од памет. Ми замириса на Париз сабајлево, кога се разбудив до него. Се измешаа сеќавања, доживувања, моќ, тага. Верба, пред се’. Светот е толку голем, а толку малечок бе.
Доживеав пред неколку дена да го видам дедо ми во татко ми и ми дојдоа солзи на очи. И после кренав глава, засадив маслинка во себе и чекам да порасне мирот.

До некои посветли времиња, знај дека љубовта не е само слатки коментарчиња и инстаграм профилување, туку и тон глупости. Копање во себе, во другиот, погребување некои работи, садење други. Тон работа. И други музики, шо би рекле у Досие Скопје.

М.
 
B

Blade Torch

Гостин
Интересен е животот. Таман си го намалил дружењето со лик што едноставно сé негово те нервира/ти пречи ( зевање, трема, зборување гласно), он ти го носи до тебе на работа скроз истиот карактер... со за нијанса повисок левел на сите негативни карактеристики. Фала :pipi:
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.638
Поени од реакции
9.862
Сакал некој од комшиите да стави фрижидер во визбите и да ја користи заедничката струја, ај потпиши се.. Ок нема проблем. Сакал друг да ја користи заедничката вода ај потпиши се.. Ок нема проблем. Некој немал пари чистачка да плаќа, ај да ја поделиме сметката, потпиши дека се согласуваш...Ок нема проблем комшии сме затоа сме тука.

Два дена истури од дожд, мојата визба е најдоле и се поплави. До колена вода, паники ќе падне зградата.. мајсторот вика треба пумпа, кошта околу 2000, ќе ја стават кај мене и ќе се среди се. Пошто секои врнежи ова се дешава.

Ааа комши твоја си е визбата мојата не е поплавена, да беше мојата јас ќе си платев.


Глупи комшии стегнати. Поплава да им ги однесе тоа визбите смрдени!
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Можеби оваа наша земја Македонија е мала, не нуди многу работи што ги има во странство, можеби платите се мали, луѓето се понекогаш некултурни/невоспитани и нервозни или пак можеби повеќе се цени малцинството отколку Македонците, но до некаде сето тоа можеби е така затоа што ние сето тоа сме си го дозволиле да ни се случува пред нос. Но како и да е, тоа не е причина постојано да плукаме по своето, а туѓото да го величаме.

Еве ќе трнеме од нашите љубители на Бугарите. Истите тие Македонци постојано викаат како нема тука работа или пак не се задоволни од она што го нуди Македонија, па веднаш одат во Бугарија да вадат бугарски пасош и се пишуваат како Бугари. Истите тие што кажуваат дека Македонија им е земја мајка, подоцна се продаваат и кажуваат колку ја сакаат Бугарија, како сакаат таа да биде нивна мајка земја и најлошото од се ја величаат Бугарија и кажуваат дека Македонија е еден ден од Бугарија. Па подоцна незнам со кое лице овие продадени души ќе викаат зошто Македонија не напредува.

Потоа има наши љубители на Србите. Не зборам за оние кои слушаат српска музика, затоа што до негде и нема врска музиката со тоа чиј љубител си. Тоа се оние луѓе од Југославија или со срце и душа во Србија кои пола и повеќе зборат на српскомакедонски јазик, се незадоволни од системот во Македонија и постојано зборуваат за тоа како порано во Југославија не било така. Наместо да живеат како горди Македонци и да се трудат да биде подобро во Македонија, тие вечно со мозоците ќе живеат во Југославија и во Србија и ќе плукаат по Македонија.

Една истo така лоша категорија се нашите обожаватели на Чкљ, според мене можеби и најлошата. Додека непријателот ни боде нож во грб, ние му подаваме рака. Јас сфаќам дека сите ние сме луѓе и треба да си помагаме без разлика какви сме, но кога гледаш дека некој упорно се обидува да те уништи и тебе и твојата држава/земја незнам како можеш сеуште слепо да веруваш во него дека тој ќе се промени и дека ќе биде добар кон тебе. Нашите љубители на Чкљ ги обожаваат нив, затоа што они се поддржувале меѓу себе, а ние не, па некои од нив викаат дека затоа и требало државава да се распадне. Не знам со кое лице и срце тоа може да го каже еден Македонец. Многу лошо е што во оваа категорија спаѓаат и студенти кои се борат за соживот, за истите подоцна да имаат забиено нож во грб од Чкљ.

Па кога човек подобро ќе размисли, без одма да дава мислење во вид на самоодбрана, ќе сфати дека всушност секој народ си ја прави државата онаква каква што е. Треба да си го чуваш и цениш она што го имаш. Ако се бориш како народ да го имаш она што го има и во странство, можеби и ќе го добиеш. Ако не тоа истото, бар нешто слично на него, но во секој случај не мора да плукаш по Македонија и да ја величаш Бугарија. Ако сакаш однесувањето на луѓето и начинот на живот да бидат препознатливи за едно место незначи дека мора да ја посакуваш Југославија и Србија, туку можеш да се фалиш со она што го имаш и да уживаш во истото. И најважното од се, почитувај ги сите народи, но немора да му се придружиш на непријателот затоа што кај него постоело поддршка измеѓу луѓето, туку гледај ти со твојот народ да се поддржуваш. Никој туѓ народ не те прифаќа како да си дел од него.

Во суштина што си направиме, тоа ќе си имаме во државата. И сигурно ќе има некој што ќе рече тоа не бива така со двајца луѓе. Но ако почнат двајца луѓе така да размислуваат, така почнуваат и многу повеќе.

:)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.918
Поени од реакции
116.334
Уште еден пост кој никој никад нема да ти го прочита.

Него, ја разбирам дека сум гомно, срање и све остало од гомнести работи, али у реду е мувава, мислам стварно у реду е. Подосадно створење немам видено во животов, не ме остаи на раат да си ја изгледам епизодата од Наркос, па морав да станувам и да интервенирам со убиство. Погребана е во саксија, се надевам нема да почива во мир.
 
Член од
22 октомври 2014
Мислења
1.187
Поени од реакции
694
I posle dremni naporucek malku.Odi sea kako vampir setaj niz sobite za na kraj da zavrses kaj frizidero. Denes prespav porucekta i nikad vise.Ova mi e uste edna lekcija.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.896
Поени од реакции
36.951
Да не ја испумпаа брзо водата вчера, МНР ќе им отидеше во гаражата на Опера и Балет :pos:

Какви дебилитети :LOL:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom