W
wicked_1
Гостин
Филмовите може се добри за да си грицкаш семки и пуканици, ама на тоа ако остане една платформа како Бетмен пример, тогаш најверојатно не вреди да дебатираме.Мислам дека е сосема фер барем еднаш да се земе во обѕир дека можеби, и само можеби - филмовите се навистина добри? Такви големи бројки не така лесно се манипулираат. Мене ако ми е срање, зашо би го гледал следниот реално ама... зошто не ми се гледани со Гарфилд сите Спајдермени ако со аверзија и гадење гледам на секоја критика за суперхеројските филмови? Башка готови фан групи... е арогантно да се напише, колку само од фановите станаа фанови после филмовите, после се изгикаа.
Не гледам која ти е референтна точка, кога беа овие филмови успешни, Спајдермен со Тоби или првиот Хулк? Тогаш киното од тој аспект беше го достигнал врвот? Како мислиш нема брутални графики кога моментално максимумот на таа технологија е фокусирана таму. Освен rated R шо скоро веќе не е и оправдан бидејќи е само language censorship, морам да се расправам за емоционален билдап и комплексни дијалози - бидејќи како што реков ова се ликови и приказни што се градат веќе 5-6 години. Затоа Civil War e јак филм, заради Captain Rogers и Stark, ради пријателство растргнато од морал и различни вредности, не можеш ти у еден филм да ја доловиш мотивацијата и внатрешната борба, таков character arc веќе нема у новиве филмови, што е навистина тажно.
Оваа свежина и различност го заслужува фокусот моментално што го ужива. Ама тие филмови не се виновни што не постојат квалитетни филмови и вината треба да ја бараш на друго место. Бидејќи слободно може да коегзистираат. Овие се големи студија кои примарната цел им се пари, и за промена барем почнаа да нудат некаков квалитет, бидејќи такви студија и блокбастери од секогаш постојат - а верувам и ќе постојат. Да не Warner Brothers и Marvel ќе снимаа филмови како Mulholland Dr.? Мислиш ја не би гледал некој си како... Silence of the Lambs рецимо, со билдап, со емоции, со дијалози, со се? Па и 91ва имаше Teenage Mutant Ninja Turtles. Оти постои Silence? Oти сега немаме филмови како него? Еве кога сме кај нив, зошто новите TNMT се колосални фејлови? Зарем не пораснавме сите со нив? Еве ти суперхеројска стрипска адаптација која според тебе треба да функционира и да биде слепо прифатена и слепо бранета. Ама се флопови. Ебате готовите фан групи ебате. Дај ми факти, бројки, филмови. Не можеш да кажеш овие филмови се штета на киното во кое уживавме само со зашеќерени зборчиња, без каузалност.
Да упропастиш толкави масивни платформи за да испорачаш "popcorn cinema" е шамар во лице на секоја публика.
Вакви во добар дел се скорешните франшизи/сиквели на Х-Meн, Авенџерс, Captain Аmеrica, Iron Man, TMNT итн.. репетитивни продукти некои нешто посредени, некои епски катастрофи.... ама overrall се гледа стагнацијата, што заради немоќ и некреативност на сценаристите и студијата, што заради зомбифицираноста на пазарот кој нема стандард и голта се.
TMNT фејлови? Филмовиве како апсолутни ужаси знаеш колку заработија? Првиот четири пати повеќе од буџетот, вториот дупло. Ова ти е апсолутен показател за состојбава. Флоп може е по форуми, имдб и слични вебсајтови, што е небитно за продукциските куќи, тие ќе си праат продолженија и даље има кој да купува влезници.
И не гледам дека некој ќе се потруди да создаде нешто покреативно и поразлично иако низ послдниве 10 години имаше дигање на стандардите по малце со Бетмените на Нолан, Watchmen, Vendetta, лани и годинава може GOTG и Deadpool ... ама ова се депресивни бројки во споредба со колку материјал беше екранизиран од двата "универзума".
? Човекот е заслужен што го прикажа лилјакот во едно ново помрачно светло, успеа да се отргне од оној Бетмен од 60-тите со Адам Вест. Дај ти се молам, напротив Шумахер за малце ќе го доотепаше лилјакот со оној филм од 1997 со Клуни. За Нолан немам зборови, супер си ги одработи трите дела од 2005 па навака.
