Сценаристи како Christopher Markus, Stephen McFeely и слични се исраа на суперхиро киното, апсолутно дно. Фан групите нормално ќе им бустаат рејтинг и заработки уште многу, ама оваа хиперпродукција која испорачува единствено квантитет на крај ќе го убие жанрот.
Апсолутен апсурд е да цениме и да обликуваме критика за филмовиве кога се штанцани по една иста safe mode/копи пејст матрица со репетитивен мртов метахумор кој те корозира одвнатре. Бедотии.
Па истото може да се каже за сите филмови воопшто од 90тите натука. Safe mode шаблон на едни препакувани одново и одново twist трилери, jock комедии и еден куп вампири. Репететивноста ти е едниот аргумент, вториот ти се парите. Две ствари кои ги има од постоењето на филмовите во боја. Барем блокбастерите беа лоши на времето ако не друго, а?
Воопшто не се согласувам, суперхероите иако се водат како блокбастери донесоа една нова свежина после една толку многу мртва декада. Хиперпродукцијата и квантитетот е со цел, создадоа или вратија едни цели мултиверзуми, сите филмови се поврзани и има кохерентност, развивање на character arcs 6 години, заедно функционираат, фази 1, 2, 3... Луѓето ги обожаваат, поврзуваат неколку генерации заедно, јас како 25 годишен гледам BvS, читам стрипови и искачаме со на девојка ми брат ѝ кој е 7 години и имаме буквално заеднички муабети, тој ги има изгледано сите блокбастери и анимирани и дури ми прави спојлери. Дали можеш ти да зборуваш за, рецимо, арт филмови од типот на Теренс Малик со 50 годишен татко, комшија...? Вдахнаа живот во една цела скоро заборавена култура, едно скоро невозможно поместување на оската, замисли да бидеш гик да е кул, а да тренираш 10 години фудбал и да си фарбан плав да не постоиш во светот. Суперхероите ја дефинираат декадата, како што 90тите трилерите, 80тите хорорите и така натаму назад. Што изгуби ти од 2000та? Постојат повеќе од 5 добри филмови? Што усраа суперхероите, во која насока идеше реално филмската индустрија? The sweet release of death?
Ja искрено сум изненаден како ги најде да ги обвиниш баш дечкиве, што ако навистина правиме, нека земат кредит пошо winter soldier I civil war се прејаки. Ама дечките се сценаристи. Сценарио, на веќе постоечки материјал кој се екранизира скоро буквално. И најјакото е што има изворен материјал за децении да снимаат филмови, па на каде и да тргнат 20тите, Марвел и Диси машината нема да запира, бидејќи освен тоа, факт, онака сув, е дека ќе има како сега така и тогаш публика, и не мислам на ептен специфична таргет група. Онака, квалитетен дел од целовкупноста.
Х8ер еден.