Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Пишав годинава, пошо гледам дека се желни за игра и докажување. Нормално дека нема 10 години да освојуваме...
Имаме поширок состав од Реал и Атлетико, тоа мислам ќе биде пресудно во критичните моменти.
Кој поширок состав го имате? Реал има моментално 25 играчи, максималната бројка на играчи. Широк состав е ок, ама и тренерот ќе си има проблем со тие што ќе играат помалку, особено во тимови ко Барселона и Реал кај што сите си мислат дека се ѕвезди пошто играат за голем клуб.
 
Абе сите екипи имаат 25 играчи, ама работата е колку се квалитетни. Вие пример немате замена за бековите и за Касемиро... слаби сте и на крилните позиции, освен Васкез и Асенсио, кој сеуште се млади и недокажани. Не викам дека сте слаби или слично, туку дека имаме поголема и поискусна клупа од вас.
Ако ве заобиколат повредите, вие и со 15 играчи може да освоите трипле.. Се е сплет на околности :)
 
Само за Касемиро се нема замена, па се комбинира со други играчи. Во новава сезона Данило гризе, јес да боље е у напад него у одбрана. Начо исто може да игра бек, плус се врати Коентрао. Васкез и Асенсио се најдобрите млади шпански играчи, за вториов и Дел Боске се има лично изјаснето.
 
Данило лани го утепавте од колнење, сеа гризе, ок.
Коентрао повеќе е повреден од што е здрав, а на Начо природна позиција не му е лев бек.
За Васкез и Асенсио, точно, добри се имаат талент, ама немаат искуство.. Друго е кога имате искусни играчи што доагаат од добри тимови (Мората, Ковачич..) друго е деца.. и Хесе ви беше најголем талент па еве го шитнавте во ПСЖ.
 
Ние лани ве испосравме со ботови на клупа и со фул минутaжа на првотимците , камоли сега кога за секоја позиција имаме квалитетна замена. :D
 
Данило лани го утепавте од колнење, сеа гризе, ок.
Коентрао повеќе е повреден од што е здрав, а на Начо природна позиција не му е лев бек.
За Васкез и Асенсио, точно, добри се имаат талент, ама немаат искуство.. Друго е кога имате искусни играчи што доагаат од добри тимови (Мората, Ковачич..) друго е деца.. и Хесе ви беше најголем талент па еве го шитнавте во ПСЖ.
Васкез и те како има искуство..дечкото искина во ЛШ со по 13+ км на секоја утакмица лани, не е некој тип да му требааат сезони за да почне да игра..башка и зеде прв пенал да изведува во ЛШ, што му ја докажува ,,ладната глава,, .
Разликата е шо Реал ги има тие играчи 2 сезони, и затоа мислиш дека нема проширен состав.
Барса сега овој трансфер се обезбеди со типот на играчи кои ги има Реал веќе две сезони

Да ги имаш Иско, Хамес, Ковачич, Мората, Пепе/Варан ,Асенсио како резерви шооо знам баш дали е да немаш проширен состав.тие играчи во секој друг тим би биле прв тим без размислување
 
Гледај шо пишав, никој не ги оспорува тие играчи што ги наброја, али зборот ми беше дека немате квалитетни замени за некои позиции како бековите и Касемиро. Пример Касемиро да се повреди ќе мора Зидан да менува формација затоа што немате класичен деструктивец, за разлика на пример ако се повреди Модрич тука е Ковачич, или Мората место Бензема, Пепе место Рамос...
Незнам дали ме разбирате што сакам да кажам.
Ако против Баерн играте со Данило, Коентрао, Васкез и Асенсио, нормално дека ако изгубите ќе викате дека не сте играле со фул состав.. а во Барселона и да играме со Диње, С.Роберто, Арда, Гомес, никој нема да го спомне тоа.
 
Да не се лажиме, сите ја знаат разликата помеѓу Барса и Реал а таа е во првиот тим а не во резервите , нападот на Барселона е поквалитетен и попробивен и тука се гледа квалитетот, не дека Роналдо , Бале и Бенз/Мората се слаби ама овие МСН се страшни и полесно ги пробиваат одбраните.
 
Пази сега паѓање некоја англиска екипа...Дај Тотенхем, уште со нив си немаме поиграно.[DOUBLEPOST=1472143039][/DOUBLEPOST]You can call me Nostradamus...
На Виланова педерот и лузерот плус Пеп се враќаат.[DOUBLEPOST=1472144193][/DOUBLEPOST]И Тер Штеген се враќа дома и преку глава од дуели со Селтик веќе...

Богами со Сити и со Селтик сто пати играме. Ги нема оваа година Милан и Ајакс, инаку гарант еден од нив ќе ни паднеше. :) Кога ги нема нив, Селтик е тука. ;)

Не треба да има проблеми во оваа група. Манчестер Сити ни се стални муштерии. Сега само ќе биде интересно да се види дали Пеп ќе промени нешто. Мада не верувам, типувам на лесна победа на Камп Ноу и нерешено на Етихад (само зашто е групна фаза). Барса лесно прва, Сити втор, Борусија и Селтик нека се кинат за Лига Европа.
 
Како што пишуваат медиумите веројатно денес ќе се објави официјално дека Пако е играч на Барса за 30 + 5м евра
 
До полусезона можно е Силесен да му го земе првотимскиот статус. :cautious:
 
Не повторија ме интересира дали вториот офсајд беше правилно досуден.

Каков гол :drk:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom