Здраво , нов сум на форумов и сакам да прашам односно да ми помогнете .
Според вас што е подобро да купам BMW E46 или Mercedes Benz W203 ?
Јас имам W203 c200,другар има c270 , а трет другар има 320d e46
Најголем проблем кај мерцедесот ти е рѓата... Скоро и да нема Ц класа што не е скапана. До сега имам направено 88000 км од како го земав и не сум имал никаков проблем. Два редовни сервиси му направив,сменив гуми, едно сензорче за количество на вода во брисачи(10евра го платив ново),дискови и плочки и сменив хладњак за клима. Не се скапи деловите, имаш милијарда такви мерцедеси по отпадиве(лимарии ако ти требаат). Редовен сервис малце е поскап од другите коли(6 литра и нешто ситно собира уље). Ми троши некаде 7-7.5 во град со клима. На отворено според борд имам потрошња од 5.2. Цена за регистрација за 200 и 270ката ќе ти пишам утре. 270ката е страшно возило,многу моќно ама и си троши околу 9-10 во град.Оваа е автоматик и, и настрада електрониката на мењачот(300 евра)На секој втор редовен сервис мора да мењаш уље во мејач и филтер во мењач кај автоматикот(филтеров мислам дека е малце поскап).
BMWто другарчето си го купи ново од салон 2003, и кога се врати во мк си го донесе тука. Има реални 118000. До сега имаше доста проблеми со турбината. Последно му откажа некој сензор на турбината и не сум го прашал што направи. Троши околу 9 во град.
За зимно време добри зимски гуми и многу памет
Лани кога фати јак снег, со 200ката се качив на водно без никаков проблем додека 270ката 2пати заглави(веројатно заради автоматик мењачот).Bmwто не сум го возел на замрзнато.
Кога би бирал меѓу овие коли би избрал или BMW e46 330d(нема проблеми колку што има 320ката,ама изгор е регистрацијата) или C220(30коња повеќе од 200ката,а многу слична потрошувачка) И кога би купувал би купил пак со мануелен мењач.