Одлична игра прикажаа Нигеријциве на турнирот, дури и над можностите со оглед дека им фалат доста играчи. Иако го почнаа турнирот со повреда на Lawal сепак оптимизмот преовладуваше во екипата (таман се врати од тешка повреда на десно колено го скина и левото, таков баксуз и тоа на првиот доскок против Аргентина, а само што влезе во игра на турниров, што vоodoo ти удриле чичо ?!)
http://www.basketballwithinborders....-recovery-from-injury-gets-clearance-to-play/
Another takeaway - Nigeria are TOGETHER! Shane Lawal, who tore a patella tendon in the team's first
game against Argentina and had to fly to Europe for an operation,
rejoined his team in Rio on Saturday. He was with the team in the locker room and also on the bench.
Со Литванија, солиден отпор пружија, се држеа три четвртини (погодија Литванците 2-3 тројчиња при крај на трета четвртина и така и се одлепија резултатски, секогаш се ваделе со тројки,а слабо изиграа тој меч) Со Шпанија се враќаа на два-три пати од -15/16 разлика и да беа малку подисциплинирани при крај, можеа да ги скинат
Какви банани јадеа Шпанциве, лиги ми течат уште.А и во второ полувреме имаше доста грешки судиски во корист на Шпанија, на стара слава (минимални контакти им судеа на Нигеријциве и поклони со слободни фрлања за Шпанија, а од друга страна против Нигерија се замижуваше во тој дел и јадеа овие ќотек,без никакви санкции)
пример, прва ситуација од клипот, од Рубио чист фаул не судат врз Амину за 2+1 !
16 секунда од клип -каков двоен чизбургер од Ibekwe за Гасол

...како му се сладија на Гасол...што прави гладот, јас обично знам гладот е типичен за Африка, не за Шпанија ! Одамна не го лепеле дедо ти Гасол вака фино!
1:20 од клипот Oguchi промашува за три , собира патриотот Миротич топка од под кош и какви чекори не им судат ! Клупава на Нигерија бурно реагира !
1:40 се коцкаат Шпанциве со пресинг против Нигерија(мислат ова Нигерија е од 80-те, Сида ова она ) и на влез и положување на Uzo, Hernangomеz од кош ја извади. Чист кош за Нигерија украден, со нелегална игра при тесен резултат (топката кога ја изби немаше таа контакт со обрач !)
2:08 И дедо ти Наваро со хулахопките на веле слалом, тикваро, да ти бил гладен!!! Chef Ibekwe е тука ќе спреми еден тост на брза рака

!!! Еден тост не е ништо, ама
па да не работи желудникот на празно ! Многу добри кадри од
одбојкава ! ОД сите агли !

2:30 Aminu го здрви Гнездово и слави како којзнае што да направил. Од невнимание во еуфоријава на Нигерија, Гасолот собра топка некако , па и 2+1 ги казни ! Ржење моореееее !
3:05 контра за Нигерија, по промашен шут на Руди играорецот и непотребен и избрзан шут за Oguchi !!! Фантастичен шутер (на турниров има доста осцилации) ама и себичен играч,ретко врака топка назад Му одеше на тој меч, и благодарение на 6/9 шут за три во второ полувреме( кој е и најдобар шутерски перформанс за едно полувреме од три на туниров, за сега), и се вратија Нигерија. Тоа е таа недисциплина !
Шпанциве од тој момент и последниве две минути ама ништо не изиграа. Благодарение на бонусот од Нигерија , со слободни се одлепија на дискутабини фаули од Нигерија (пример 3:20 од Ibekwe e срамно да се суди тој контакт, ама Гасол плачеше цел меч и на крајот си доби тоа што бараше, по толку банани изедени)
3:30 ја собра некако Diogu и враќа кон Akognon, пиштолџија со брзо чкрапало, ама зошто тука пуцаш за три чичо, кога Felipe здрвениот (овој не е правен од истиот пенис како и брат му !) се успа во одбрана а Ibekwe ти е сам под кош , со едно цепелинче ќе ги скиневте !!! Тоа се тие грешки.....
Ibekwe до сега е убедливо најдобар блокер на турнирот, импресивно за минутите поминати на терен, земајки предвид и колку мала минутажа игра во однос на другите играчи на листава
кои се на врвот! Сестра му беше драфтувана во WNBA !
..........
.It was just a matter of time. We had the No. 2 (Spain) on the ropes, the No. 3 (Lithuania) team on the ropes, so we knew we had given ourselves a chance in those games and I think we finally got into a groove and understood what it takes to win a game. We had a lot of confidence coming into this game and we finally took care of business.......... -
Alade Aminu
Ај да видиме !!!!
Имаат историска прилика Нигерија , не само што со победа против Бразил одат четврт-финале што и ќе биде најголем успех за Нигериската кошарка , туку и генерално историски успех воопшто за кошарката на Афрички континент, зошто и немало екипа од Африка на Олимписките турнири за кошарка до сега да помине група а и победава на Нигерија против Хрватска е прва победа за Афричка репрезентација на Олимпијади по 20 години (по Ангола во Атланта 1996-та против Кореа, екипа која до 2012 и беше редовно претставник од Африка но без некој поголем успех и со само една и небитна победа севкупно од сите 4 Олимпијади) !
Мечот со Бразил, пресуден ќе биде шутот од дистанца и кај двете екипи, сегмент каде и двете се доста променливи. Бразил и нема солидни и константни шутери во екипата и на турниров со Хрватска Кина и Венецуела имаат најслаб процент за три(ај Венецуела и Кина се во појака група и немаа никакви шанси и пред почеток на турнир)Бразил е мегу екипите кои и послабо користат шут за три (нормално до некаде, кога ги води Рубен, кај него башибозук шутерски и анархија не оди, од кај им текне на играчиве и од сите страни да плескаат , не може да има таква недисциплина и хаос) Nene ,1на1 игра на сила во рекет последниве две три години, и НБА и турниров,против пензионерски дом Аргентина начека стар Скола, а против Нигеријциве сигурно ке има големи проблеми, Marquinhos знае да врзе со ред неколку тројчиња иако турниров за сега разочарува или Garcia со искривениот шут, па и Giovannoni може тука да помогне. Далеку подобра организација имаат во нападот ама тоа и не се покажа како голема предност кога многу од играчиве не можат да финишираат. Бразил на турниров потфрли многу , џабе домашниот терен. Кога од една Литванија примија 60 поени за едно полувреме........
Секако домашниов терен е предност ама барем да бидат судиите коректни и да не ги буткаат на база организатор на игриве или затоа што Нигерија има никаква репутација во ФИБА.Нигеријците исто така имаа многу добра поддршка од локалните и посебно аргентинските навивачи на цел турнир,па и мегу неутралниве присутни ги освоија симпатиите ! Пресудно за нив како и секогаш е контрола на грешките и дисциплина во напад. Oguchi да не себичи многу и воопшто да не се лакомат Нигеријците премногу за три! Секако Бразил е благ фаворит, но кога би играле на неутрален терен би рекол 50-50. Нигеријциве очекувам голем отпор да пружат и да биде добар меч.Штета што еден Оладипо или Амину не дојдоа за Нигерија оваа Олимпијада !
Општо, многу слаб турнир во кошарка на оваа Олимпијада, на моменти катастрофа.Толку слаб немало од времето на дедо Ное!За другите репрезентации повеке понатаму
Друже што се напали волку за Нигеријциве? Моментално на овие ОИ се битни како ланскиот снег...
Танасис Антетукумпо игра за Грција. Во предолимпоските квалификации играше за нив.
Ја ти гарантирам дека нема да имаат ниту една победа во групата.
Дефинитивно !!!!!
Кажи му ги селскиве финти за ланскиов снег на Аца Петрович !

Патем, ланскиот снег како што гледаш во моментов во државава, со актуелнава ситуација, може да биде многу битен и заебан за некои луге
Никој не се напалил туку поентата беше со мојот текст да се запознаат читателиве на темава(па и ти ) подобро за составот на Нигерија бидејки и онака Нигерија е занемарена и заборавена репрезентација, неоправдано!
Езили, може да биде независно за кој игра најбитниот од најнебитните !!! Само затоа што играл НБа и поради моменталниов ангажман и тоа за екипа како Warriors, може е попознат и поекспониран мегу обичните смртници и просечни познавачи на работите, но тоа не значи дека овие двајца се најдобри само затоа што играат НБА !
Танасис беше првобитно во потесниот круг за Нигерија, ама кога му беше јасно дека нема шанси да влезе и дека ке отпадне, по препораки на брат му беше собран кај Грците. Барем да читаш тоа што ти пишуваат а не многу да се правиш паметен, а не знаеш доста работи ! А и многу треба познавање за една Нигерија да се прогнозира како ќе заврши на овој турнир !