И додека припадниците на армијата, потпомогнати од полицијата, веќе трет ден на терен помагаат во отстранувањето на последиците од катастрофалните поплави што беа предизвикани од силното невреме што ги погоди Скопје и околината, сѐ уште не запира да тече матната и калива вода што одзеде 21 човечки живот, многумина повреди и направи огромна материјална штета. Сериозноста на ситуацијата, за жал, вчера не беше сфатена кај голем дел од граѓаните на Скопје во зафатените региони, кои со своите автомобили го блокираа пристапот на службите за помош и евакуација. Иако институциите помогнаа оваа катастрофа да не биде поголема, сепак нивното ограничување во движењето во текот на изминатиот ден во зафатените региони, дури слободно може да се каже и попречувањето во работењето на стручните служби, поради несовесноста на граѓаните, беше сериозно.
...