Првиот човек на Палермо: Несторовски е како Инѕаги
Оваа сезона во италијанската Серија А ќе настапува уште еден Македонец, Илија Несторовски кој од Интер Запрешиќ се пресели во Палермо каде пак го дочека Александар Трајковски кој веќе зад себе има една сезона во составот од Сицилија.
Несторовски остави добар впечаток во подготвителниот период во новата средина, а за тоа говори и изјавата на првиот човек на клубот, Маурицио Ѕампарини кој го спореди нашиот репрезентативец со легендарниот напаѓач, Филипо Инѕаги.
-Несторовски е како Филипо Инѕаги, хранете го со топки и тој ќе дава голови, -посочил контарверзниот Ѕампарини.
Првиот официјален предизвик во новата сезона Трајковски и Несторовски ќе го имаат в петок во италијанскиот Куп каде со Палермо ќе излезат на мегдан со Бари.
