Вонредна состојба: Поплави во Скопје-Тетово

  • Креатор на темата Креатор на темата Божино
  • Време на започнување Време на започнување
Повторно имало поплави во Стајковци и требале агрегати за струјс и пумпи за вода. Сето тоа да не се оставало на сред село, туку да се оди од куќа на куќа бидејќи имало стари лица кои не можеле да дојдат на сред село од водата.

Од фб.

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk
 
CpRe_fpXEAAgViM.jpg:large

ХЕРОЈОТ Е ПРОНАЈДЕН: Еве го Тетовецот Богатиновски - спасителот кај Скопје
Недела, 07.08.2016 23:48 Македонија
Професорката од институтот за македонски јазик д-р Елка Јачева- Улчар, која што преку социјалните мрежи ја пренесе сторијата за херојот кој што вчера за време на невремето спасил неброени животи, го пронајде човекот и најави дека ќе го објави неговото име. Пред малку таа преку својот ФБ-профил објави дека се работи за Веле Богатиновски, тетовец кој сега живее во Швајцарија.

Оваа слика е ставена како профилна на социјалната мрежа Фејсбук на Веле Богатиновски.

970367_476318205778066_460757458_n.jpg

„Почитувани ФБ-пријатели, благодарение на вашите споделувања дојдов до нашиот херој од вчера. Се вика Веле Богатиновски. До пред две години живеел во Tетовско, а последниве две години во Швајцарија. Му се јавив на телефон. Ми ја раскажа својата животна приказна која ќе ја задржам за себе. Единствено нешто што можам да кажам за него (а што го дознав од телефонскиот разговор) е дека се работи за благороден човек, кој своето постоење го сфаќа како мисија за помош и за доброто на секој човек, независно од вера, пол и политичко убедување. Не сака никаков публицитет што е уште една потврда за НЕГОВАТА ГОЛЕМИНА! Нека го следат само добрини во неговата мисија! На сите вас, уште еднаш многу ви благодарам!”- напиша д-р Елка Јачева- Улчар на Фејсбук.

Веле Богатиновски вечерва на својот Фб профил сподели видео кое го снимил по доаѓањето на полицијата која ја преземала работата, откако тој сам спасил стотици животи пренасочувајчи ги заглавените возила на обиколницата.

Bogatinovski%20Vele.jpg
 
Отсекогаш ми била одвратна ПР стратегијата на Груевски ама она вчера ги надмина сите граници. На интерфон пред камери договара камиони со Шабан и колку луѓе кај требало да се донесат дур премиеров Димитриев му репортира за ситуацијата.

- Колку луѓе имате?
- 150
- ајде пратете 250.

Гнасно, гнасно, гнасно.
Мoре ти кoјa гнaсa си...изгледa oд штaб ве терaaт дa уфрлувaте пo некoјa вaквa дезинфoрмaцијa дa искoристите ситуaцијa...инaку aкo не си рaзбрaл вo штaбoт oд кaј штo си јa слушнaл инфoрмaцијaтa муaбетoт oдеше вaкa

Кoлку луѓе имaш
-120
Ајде гледaј дa бидaт 150.

Амa битнo си сoбрaл лaјкoви, тaкa дa џaбе пишувaм јaс сегa.

Кoлку сaмo лешинaри ве имa пo фoрумoв, кoристите ситуaцијa дa си истерaте пoлитичкa aгендa, бaр еднo чoкoлaтце дa дoнирaвте зa луѓевo немaше дa ми биде кривo.
 
Не заебавај и ти , они за позитивни ствари серат овде и терат политичка агенда , камоли за ваква трагедија.
 
Мора да се помогне максимално и да се намалат шансите за нови загинати и епидемии. А за после, штета што нема доволно ловџии за лов. За сите што релативизираат дека не требало да се меша политика, очигледно не им е јасно како функционира држава и кој сноси одговорност. Што за дрвосеча, што за немање дренажа, што за немање кнлизација за НЕПЛАНСКОТО ШИРЕЊЕ НА СКОПЈЕ, што за пуни канали со ѓубре, што за немање спремни служби, неорганизирана војска. Ако незнаете кој е одговорен за сето ова треба законски да ви се одземе правото на глас затоа што тоа им го должите на овие засега 22ца загинати. И тоа само од наврнат дожд, а да беше надојдена река?
... mislam deka propusti ima od poodamna, so izgradbata na obikolnicata trebalo da se misli za pošumuvanjeto ...no toa samo će go sprečelo milot a ne i vodata. A drvosekačite se druga prikazna, toj vraboten vo opština Butel što organizira sečenje drva toa go pravi 18 godini, samo sega so kamioni počnal. Pa imaše minatata godina drvokradci zagrozija i policajci ( ne šumski, tuku vistinski), ama epilogot beše policaecot što pukal na kolata so koja drvosekačot sakal da go gazi dobil suspenzija i prijava, imaše duri nekolku takvi slučai širum Makedonija...
..а за ОДГОВОРНОСТА, ќе дадам друг пример...пред 5-6 години настрадаа 5 луѓе при гасење на пожар ( Струмица)
... тогаш се најави 5 години затвор за ПОДМЕТНУВАЧОТ ... по некое време само на едно место прочитав дека пожарот го предизвикала некоја девојка која си ги горела старите облеки ... никаква одговорност, се се заташка, НЕМОЖЕ да најдеш на интернет дека имало пожар со мртви... само ова го исчепкав, ама странте ги избришал Либертас.. 404

Стипендија за ќерката на Пено Стојанов, кој животот го загуби во пожарот кај Струмица
Sky-30.08.2012
Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и Советот на општината, уште еднаш на дело ја потврдија хуманоста и почитта што ја имаат кон луѓето кои трагично ги загубија своите животи бранејќи го ...

Така толку за одговорноста, кој ќе го спречи дивото доселување во Скопје ?? Па пишуваа луѓе само колку има дојденци од Косово, баш таму кај поплавените места...
Ајде да бараме одговорност зошто под обиколницата нема доволни процепи за поминување на вода, кој го правел проектот ? Проектантот може и барал, ама тој над него го притиснал да скрати...
 
За оправдување е тоа што Грујо ја користи оваа несреќа за да изиграва херој? Човек со никаква функција издава наредби на оние што се должни за справување со овакви кризни ситуации.
 
Непланската изградба на обиколницата му пресуди на Стајковци?!

сабајле нешто кажуе комшијата на еден друг комшија , он цел работен век работеше на проектирање и градба на патишта... Но мислам дека проектантите не се криви, сигурно имале притисок од повисоки инстанци да скратат... А пари имаше доста, ама грците го земаа кајмакот а нашите фирми за ситно работеа на Обиколницата .. сега нека се притисне ЕУ да плати барем за штетата, иако човечките животи не се враќаат..
 
Мoре ти кoјa гнaсa си...изгледa oд штaб ве терaaт дa уфрлувaте пo некoјa вaквa дезинфoрмaцијa дa искoристите ситуaцијa...инaку aкo не си рaзбрaл вo штaбoт oд кaј штo си јa слушнaл инфoрмaцијaтa муaбетoт oдеше вaкa

Кoлку луѓе имaш
-120
Ајде гледaј дa бидaт 150.

Амa битнo си сoбрaл лaјкoви, тaкa дa џaбе пишувaм јaс сегa.

Кoлку сaмo лешинaри ве имa пo фoрумoв, кoристите ситуaцијa дa си истерaте пoлитичкa aгендa, бaр еднo чoкoлaтце дa дoнирaвте зa луѓевo немaше дa ми биде кривo.

Кој кур бара Груевски таму? Премиер ли е? Што функција има он таму Шабан и Димитриев да му репортираат на него?? Директор е на штаб за кризи?

Што е он таму да наредува и да менаџира со пумпи, луѓе и камиони???

На што личи со телефонот на интерфон уклучен пред камери таму. Демек видете ме ја дојдов ќе ве спасам сеа ќе ви организирам пумпи и камиони да ви пратат. Шабан пустиот незнае на која планета се наоѓа камоли луѓе да праќал.

Греота е на вакви работи толку безкрупулозно да се обидува да добие поени. Не само греота туку и морбидно е тоа што го прави.
 
Непланската изградба на обиколницата му пресуди на Стајковци?!

сабајле нешто кажуе комшијата на еден друг комшија , он цел работен век работеше на проектирање и градба на патишта... Но мислам дека проектантите не се криви, сигурно имале притисок од повисоки инстанци да скратат... А пари имаше доста, ама грците го земаа кајмакот а нашите фирми за ситно работеа на Обиколницата .. сега нека се притисне ЕУ да плати барем за штетата, иако човечките животи не се враќаат..
Дозволата за градење и надзорот се дадени од институции на Република Македонија. Не е проблемот во ЕУ или Грција или Русија. Не е до Клингонците или Имепријата. Кај нас лежи одговорноста. Нашите институции ја зезнаа работата и цената за тоа се нечии животи.
 
Кој кур бара Груевски таму? Премиер ли е? Што функција има он таму Шабан и Димитриев да му репортираат на него?? Директор е на штаб за кризи?

Што е он таму да наредува и да менаџира со пумпи, луѓе и камиони???

На што личи со телефонот на интерфон уклучен пред камери таму. Демек видете ме ја дојдов ќе ве спасам сеа ќе ви организирам пумпи и камиони да ви пратат. Шабан пустиот незнае на која планета се наоѓа камоли луѓе да праќал.

Греота е на вакви работи толку безкрупулозно да се обидува да добие поени. Не само греота туку и морбидно е тоа што го прави.
Crisis management at its best ...
 
@BabylonBloke

Менаџирањето на кризи моментално е за кризи од политички аспект, сега на Владата и гори под нозе, па наместо да преземат грам одговорност они ја релативизираат работата со природни непогоди кои се случиле прекуокеански и сл. Тоа со интерфонот и Шабан е менаџирање на кризи. Груевски е појава од која може да се капитализира, и тоа и го прават. Да бев на нивно место со истиов fuck-up истото ќе го направев. Не ги извинува, ама разбирливо е зошто идат по тој пат.
 
У превод, и самиот знае дека има ѓубре вработено по институциите, кои со ништо не се замараат, па мора он да интервенира за да малку од малку се придвижат работите. Ипак, него најмногу му гори под нозе.
 
Професионалци у администрација <<<<< партиски гзолижачи.
На Грујо не му требаат луѓе кои знаат да си ја вршат работата на дадена позиција, туку луѓе кои ќе му донесат гласови на избори пет сигурни и 10 неопределени. После кога ќе дојде состојба каде што треба професионалци.... голем кур, состојбата ќе дојде и ќе си ојде, а избори има увек.

Више и врапчињата на дрво знаат дека дрвкрадечкиот бизнис у Македонија го водат партиски испостави на ДУИ и ВМРО, вработени во ЈП Шуми. Али па истите тие луѓе ја бркаат работата на избори, во локалните изборни единици. Така да...
 
У превод, и самиот знае дека има ѓубре вработено по институциите, кои со ништо не се замараат, па мора он да интервенира за да малку од малку се придвижат работите. Ипак, него најмногу му гори под нозе.
не интервенира он ништо, само сака да ги придобие симпатии на граѓаните, а и да си го задоволи егото и суетата.

се надевам дека толку беше со поројните дождови, па после расчистувањето на сметот надлежните ќе можат да почнат со средување на канализацијата за да се пречека следниот дожд спремно.
 
Состојбата е иста како вчера, барем во делов каде што идам јас. Куќите уште се поплавени, им викаат на овие одговорните лица да дојдат да ја извадат, а они се викаат сега сега. Арм си седи во камионите и по клупи во дворовите на школите Дане Крапчев и 25 Мај.
Пунктовите за храна и вода се во дворовите на школите, ама огромен дел од луѓето не знаат зошто не се информирани, немат тв, интернет, телефоните им се празни и заради тоа не се информорани што како. Ама и претходно кажав, Арм или волонтери да ја носат водата и останатите работи по куќи, а не да чекаат они да дојдат до нив. Имаат работа луѓето, а и има огромна популација стари луѓе кој не можат да влечат води со себе. Наместо да дреме Арм по дворови можат да ја носат водата по куќи.
За тие што го знаат делот, одете преку Инџиково, побрзо е. На главниот пат може да заглавите и еден саат. И кумановци можат да одат по автопат денес нека не се себичат за 100ден, гледам бајги кумановци што си цепат и сега по стариот пат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom