Евертон го доби градското дерби и се оддалечи на врвот на Кајгана Европа Лигата
"Титулата не е повеќе само сон" порача
@ManUtdChampions после вечерашното коло на КЕЛ, во кое Евертон го доби градскиот ривал Ливерпул со 3-2. Мечот беше одличен и изедначен, а карамелите беа во водство во најголемиот дел од мечот, со што според Чемпионс заслужено дојдоа до 3те поени. Најголемиот дел од ривалите на Евертон киксна на денешните натпревари и сега сините од Мерсисајд имаат 9 поени предност на врвот на Кајгана ЕЛ, на 7 кола пред крајот на сезоната. Следното коло гостуваат на Њукасл, пред на хартија полесните мечеви со Зенит и Шахтјор.