Ао луѓе сте ја затерале дискусијата во погрешен смер очигледно.
Никој точно не може да го одреди што значи зборот “дерби“ бидејќи секој има различна перспектива во поглед на фудбалот.
Има многу видови на дерби утакмици низ цел свет и сите си носат свој посебен шмек за одреден број љубители на фудбалот.
Немојте да ги омаловажувате англиските дерби утакмици и воопшто секое дерби да го мерите според тежината на титулите на двете екипи.
Ок,мерете ги ама не е пресудно тоа.
Има дерби на богати и сиромаси,тоа ти е Ривер-Бока.
Има дерби на фашисти и комунисти,тоа ти е Лацио-Ливорно.
Има градско дерби,тоа ти е Интер-Милан,Лацио-Рома,Партизан-Звезда,Јуве-Торино,Олимпијакос-Панатинаикос.
Има шминкерско дерби,тоа ти е Реал-Барса.Дерби вештачко создадено поради тоа што Каталонија години наназад сака да се одвои од Шпанија,а овие мадритистиве како во стил,ние сме главниот град-вие сељаци сисајте го педери.Глупости.
Има разно разни дерби утакмици во кои секое дерби си има своја тежина и играчите кои играат за тие клубови знаат што значи таа утакмица и за едните и за другите навивачи.
Еве во Англија да речеме Вест Хем и Милвол како едно од појаките дерби утакмици,секогаш има тензии и нереди.Колку и да се тапа тимовите,колку и да не се во форма,на таа утакмица играат како да нема утре.Последен пат кога одиграа беше во ФА купот чинам каде пред и после утакмицата имаше јаки нереди.
сакам да ви кажам дека титулите во тие дерби утакмици не значат ништо.Поимот дерби сеуште никој не знае точно да го објасни како треба да се гледа на тој збор,дали ради титулите,дали ради играчите,навивачите и се друго.
Секој си има своја перспектива како треба да изгледа едно дерби.
Некој сака дерби со 11 Роналдовци и 11 Месиевци и да гледа дриблинзи и плачења по терен.
Некој сака дерби со 11 Гатузовци и 11 Алмеидовци како кршат нозе,како се фаќаат за гуша и како им крадат картони на судиите.
Англиските дерби утакмици порано биле врв,ама дошле жабарите и им рекле дека е поинтересно со транспаренти и бакљи на трибини,
Сегашниве дерби утакмици во Англија се чисто срање за разлика од минатото,а на тоа влијаат многу фактори.Еден од тие фактори,ако не и пресуден ајде да речеме е преголемата комерцијализација на фудбалот од секоја гледна точка,преплатувањето играчи и се помалкуте играчи од типот на Гатузо,Занети,Тоти што беа во Италија.Икони на клубот,навивачи да се крстат во нив.
Итаљанците во тој поглед колку толку се снаоѓаат и затоа итаљанските дерби утакмици сеуште имаат жар и посебен шмек кога се гледаат.Колку и да се срање,колку и да се тапа клубовите,колку и да е падната Серија А од она што беше порано кога сатисфакција дека одреден играч успеал во фудбалот,во кариерата беше да се заигра во тогашната серија А.Се играчиште до играчиште,да ти е мерак во недела во 15 часот,па после во 20-45 да седнеш да гледаш фудбал.
Еве како катастрофа моментално на фудбалска мапа и во фудбалски поим,да играат пријателска утакмица Палермо-Катанија ќе биде исполнет стадионот до последно место,играчите секој од нив посебно ќе одигра во животна форма и на трибини ќе биде лудница во буквална смисла на зборот.