Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
абе лесно е да добиеш впечаток дека некој е добар и дека игра со срце по гледање на видео клип во кој се одвоени само добрите потези. гледај го неколку пати на цели натпревари па тогаш заклучи колку го бива ;). вака сите играчи се добри. плус игра во Финска чија лига не е подобра ни од македонската. и затоа игра таму. верувај, типот не е ништо посебно.
 
Полека треба да се намали росторот и да останат подобрите играчи, јасно е дека 6-7 играчи ќе одат на позајмица во Новаци, највероватно тоа ќе бидат некој од помладите, мора да ги задржиме Јоки, Минчето, Недановски не смеат лесно да се продат, сега голема е конкуренцијата и тешко би добиле шанса во тимот, ама тука ќе одлучи управата кој ќе оди, а кој ќе остани....

Околу тимот, сега ќе почнат калкулациите околу стартниот тим, тешка ќе биди и одлуката, на припремите во Бугарија, шанса добиваа сите да се докажат, зато прво полувреме играше една екипа, второто друга, истото беше и овде во Битола со Академија Пандев. Од наша страна неможи да се заклучи кој каков натпревар играл таму, зошто не ги следевме натпреварите...
Но едно е јасно мислам дека Љамче ќе игра со неговата омилена формација САМО СО ЕДЕН НАПАЃАЧ, како што ги доигра 99% утакмиците во втората лига, а на пријателските беше друга приказна и имаше поголема слобода...
Сега имаме 6 напаѓачи во тимот и ако продолжи да игра со еден шпиц незнам шо да кажам :D Ама и со неговата формација можи да се скоцка добар стартен тим. Според мене ова се најдобрите 11 со кои треба да почниме:

----------------------------Петровски-------------------
---Тошевски---Степановски---Ковачев---Фернандо---
-----------------Тодоровски-----------------------------------
-----------------------------------Ристе Марковски----------
-------Петров------------Илиев----------Демир------------
---------------------------Бујчевски----------------------------

Нешто, формациски налик 4-2-3-1 :D
Нека ме послуша Љамче, со ова формација 5 од 5 имаме на стартот :P :D
 
Треба според мене да ја форсира 4-4-2 со Бујче и Гоиано напред. Е сеа незнам тој Бразилецот како се покажа на припремите, ама би требало да брка работа. Ако не Бујче и Главевски и нека терат така.
Мада и ова погоре формација шо ја пиша Пеце не е лоша... Има играчи, можи како сака да комбинира, само проблемо е дали има воопшто Љамче некаква замисла или ќе ги шлепа на неприродни позиции играчите.

Уште стојам на фактот дека чоекот не е во никој случај за тренер на ова екипа, ама незнам оти џабе сосила се оди со глата в ѕид. Или пак му одговара на Блашковци лик како него, па тие да кажват кој да игра, како да се игра а овај само привидно да фигурира како тренер. Штом и онај Горазд го довлечкаја овде, голема е веројатноста така да биди.
Како и да е в недела ќе ги видиме колку му е силата.
Се освен 3 бода е неприфатливо. Супер е распоредот, има простор да се врзат на старт неколку победи. Останва да видимее дали имаме капацитет за нешто поќе ова сезона или пак како црева ќе се тегниме на терен.
 
Мене Петров и Демир во ништо не ме убедија, второ полувреме еден Чаки далеку посвежо од нив изигра. Премногу начукаја такви дојденци шо врска немат со клубот, некни Иве, Бујче, Чаки, па и Бале со малата минутажа сто пати поќе од срце изиграја. Бугаро можи да е корисен на средина доста посебно ако се вклопи во градо и со публиката. Ковачев и Тошевски посебно овај вториот ни се екстра засилувања. Голман Иљо е подобра варијанта. Мендо не е многу подвижен како шо глеам за брзо ќе биди сменат од Бојовиќ. На лев бек маки ке мачиме како шо слушам и Бразилецот не го бивало. Напаѓачи имаме за извоз, да видиме и шпицо Бразилец како ќе се покажи...
Многу дилеми има тешко на тој шо е тренер посебно на овај нашио шо нема визија салам и шо има управа над гла, и друг да е многу тешко ќе му биди. Се можиме да очекуваме, од грчевита борба за опстанок до излез на европа, на секој начин според мене можи да биди работата.
 
http://www.sport.com.mk/?itemid=768632C767E232419CB66CD708B827F8

Нејќи шминкање бе клошари едни мамицата ваша... Кога ќе почните трибината да ја градите, кога рефлекторите, столчиња?
Кај ги спичкавте 800К евра од УЕФА ?

Како бе не дојдат да ни акнат една суспензија и да се стави крај еднаш засекогаш со пустошот шо го прај онај клептоманот притворен.
 
Кои ви се тие Бале и Чаки жити се??
Иначе Илиев нели е дефанзивен везен, кај сте го бапнале ко АМ горе лол
 
Кои ви се тие Бале и Чаки жити се??
Иначе Илиев нели е дефанзивен везен, кај сте го бапнале ко АМ горе лол
:pos::pos:
Бале- Благојче Главевски
Чаки-Благојче Марковски
То е бате ко ќе не си Битолчанец али фала ти шо се интересираш за нашиот клуб :D
 
Фала за објаснувањето, јес да не разбрав шо к.. беше толку смешно и шо имаше потреба од таков безвезе коментар.
 
Фала за објаснувањето, јес да не разбрав шо к.. беше толку смешно и шо имаше потреба од таков безвезе коментар.
Абе тешко тебе :D
фала ти велам дека се интересираш ти ми се лутиш.
 
Па (очигледно) не реагирав за тоа што рече фала туку што се изнасмеа на прашањето, ко боже би требало чоек да знае како им се маалските прекари. Али не е битно.

Sent from my SM-N910F using Tapatalk
 
Го враќат кафезот на Чкембарската трибина ?? :eek: Или само за Мајмуните е ова сезона ? :icon_mrgr:
Наместо напред да одиме, ние назад се враќаме во 90тите.

http://www.zelenobeli.com/archives/806
 
По убо е со кафезот не заебавај кој сака да влегва без пари или со пола цената ќе си дојди ќе си навива а не како до сега сите да бегаат уште лани сакавме да го вратиме кафезот ама цермат немаше разбирање плус ќе има две постољина за водење ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom