Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
...

Како и да е, се слагам дека не треба да го продаваат, а и најверојатно нема пошто пред неколку месеци одбија околу 60 милиони фунти
Ама тоа од Кина, каде што он не би прифатил да игра, плус во период кога клубот беше без менаџер. Сега ако Конте сака да го продаде, и имаат добра понуда, би го продале. Ама ќе мора да се донесе замена.
 
Не знам што чека Челзи, ама не е на арно работава. Штопер е потребен како клима на 40 степени, а исто така и играч од средината. Не знам исто што се планира во нападот, ако е вистина дека запнале за Лукаку не ми е јасен потегов, кога во составот ги имаш Коста и Батшуаи. Исто десен бек не може да се наслонат на Иванович.

Премногу прашања и премногу дупки, а сезоната почнува за помалку од две недели. Не ми се допаѓа воопшто засега работата на управата и на Конте во текот на летниот период. Особено не ми е јасно на таква криминална одбрана каква што покажаа лани да не се додаде ниеден играч од задната линија. А како што ми стои претешко е за толку краток период да се доведат тројца играчи, кои ќе треба и да се вклопуваат во новата средина.
 
Лофтус игра иста позиција како Оскар. Тмн ако си замине, Лофтус ќе си добие добра минутажа и може и ќе ги биде... вака само тапка во место, а Оскар си игра просечно и неконстантно. Тотално непотребен во Челзи... левел Микел :)

Мора да се задржи сезонава Коста по секоја цена, нека му даваат нов договор ако треба и 300 000 неделно.
После толку маки со напаѓачи конечно погодивме некој сега да си замине... паника ме фаќа :) немој Лукаку да биде Торес 2 дел само што нигрето ќе биде дупло поскап.Кој после ќе трпи мајтапи. :)
 
Не знам што чека Челзи, ама не е на арно работава. Штопер е потребен како клима на 40 степени, а исто така и играч од средината. Не знам исто што се планира во нападот, ако е вистина дека запнале за Лукаку не ми е јасен потегов, кога во составот ги имаш Коста и Батшуаи. Исто десен бек не може да се наслонат на Иванович.

Премногу прашања и премногу дупки, а сезоната почнува за помалку од две недели. Не ми се допаѓа воопшто засега работата на управата и на Конте во текот на летниот период. Особено не ми е јасно на таква криминална одбрана каква што покажаа лани да не се додаде ниеден играч од задната линија. А како што ми стои претешко е за толку краток период да се доведат тројца играчи, кои ќе треба и да се вклопуваат во новата средина.
И јас баш сакав сличен пост да напишам. Добро почнаа, само што пак како и лани ептен се влечкаат сега. Донесоа напаѓач и ДМ, и потоа мораше одма да се донесе и дефанзивец. За Кулибали последно беше дека испратиле понуда од 45 милиони, и чекаат одговор. И изгледа уште го чекаат, ништо ново нема од тогаш. Сега само за Лукаку се збори, и јас сум за да се донесе Лукаку, за да имаме стварно четири супер напаѓачи со кои ќе може да се бори на секој фронт, плус тројца се под 23 години, и би можеле долго време да играат за Челзи. Ама мораше прво да запнат и да донесат еден централен дефанзивец, па после нека го договараат Лукаку.
Воопшто не ми се свиѓаше и позајмицата на Баба. Моментално имаме тројца бекови во тимот. Иванович, Азпи и Аина. Лев бек нема. Можат и Азпи и Аина да играат, ама сепак не е тоа тоа, немаме вистински лев бек. И сега ќе треба да купуваат нов, на кој ќе се дадат пак 20 милиони, а ги имаа Аке и Баба во тим и ги пуштија прелесно на позајмица.

Ќе видиме како ќе биде. Не дека не може да се подобрат ептен работите до септември, ама сепак требаше еден централен дефанзивец за почетокот на сезоната, па после договарај ги другите. Ок е тимот за да се почне сезоната, ама сепак, лошо е што пак оставаат премногу работа за последните две недели од трансфер периодот кога се е хаос. Конте рече дека после турнеава во Америка, значи викендов, ќе седне со управата и ќе им го каже мислењето за играчите, кои може да си одат. И ќе треба на 31ви да продаваат и да носат замени.
 
65м фунти + Реми за Лукаку не е толку нереална цена за денешниов пазар само што Лукаку уопште не е елитен продукт кој ќе гарантира 20+ гола, ама доколку е желба на Конте тогаш all lights on.

Друг муабет е што уште се шпекулира дали ќе фигурира sell-on клаузулата што ја држат Челси во ситуација кога се тие купувачи, и дали ќе биде прорачуната на тие 65.

Ако се активира клаузилата, трансферот ќе биде 49м фунти + Реми.
 
Реално со тоа што покажа Баба на подготовките не е за во Челзи. Аина му одржа лекција како се игра фудбал.
 
Ама пак не ми е јасно зошто упорно е прв план Лукаку да се врати а очајно ни треба појачање во одбрана. Сега и со Баба на позајмица, иако ништо не покажа пак сме човек мање. Значи мора бек и централен дефанзивец, за Лукаку кур не ме боли.
 
Можеби ќе го прават Лукаку централен дефанзивец!? :toe:
 
Не ми се допаѓа воопшто засега работата на управата
Добре дојде во фан клуб Челзи. Навикни се на ова и enjoy your stay.
:D

Ма да шо знам ја, Донев вика од дамна управава на прав пат била така да шо знам можда некој од внатре сака да го саботира Конте! :icon_lol::icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom