Имам пишано и порано со самата продажба, Интер веќе се пред Милан.. Интер имаат нова управа и нови газди кои за во иднина имаат јасни цели и веќе работат на тоа, односно пробуваат полека да остваруваат од зацртаните задачи.
Милан од друга страна, се додека не биде продаден, не може да размислува за иднина, освен доколку Берлускони се шекне и почне да дава пари како порано, али шансите се мали. Уште пред две години реков, кога тим како Милан купува слободни играчи во изминати години и им дава добри плати не е на арно работата, секоја година крпат и прават тим само за престојната година, имаат замисли за една година и со тренери и со играчи, веќе следната се иде јово на ново со надеж дека од нигде ќе им се склопат коцките и ќе имаат одлична сезона.
Рома со новите газди првата година потроши 100мил и повторно тупкаше во место уште две години. Склопувањето на коцките се случи до доаѓањето Гарсија кога Рома имаше извонреден почеток на сезоната. Сега веќе се има стратегија да се има стабилен тим во наредните 2-3 години кој секоја година би се пласирал во ЛШ, кој на крај во Јуни нема да има потреба од продавање на одличен играч за да покрие годишен минус ради ФФП(ма да тешко ќе биде тоа). Реков 2-3 години додека не се изгради стадионот, после друга песна ќе се пее, се ќе биде полесно, годишниот профит би бил многу поголем, тогаш стратегијата нема да биде пласман во ЛШ, туку освојување на титули, али има време за тоа.
Како и да е, само за споредба дадов кој тим дека е, Интер е сега во оние 2-3 години кога Рома пробуваше да склопи тим со новите газди но неуспеваше да избори пласман во ЛШ. Интер имаат за нијанса поквалитетен тим од Милан, а не и многу послаб од Рома, кај и да е и на нив ќе има се случи првата сезона на Рома под водство на Гарсија кога изборија пласман во ЛШ, само да се склопат коцките. За жал, кај Интер мислам дека лани требаше да биде таа сезона, почетокот им беше одличен, незнам како се случи распад систем потоа, но на почетокот изгледаа како тим кој си створи свој идентитет, стил на игра(не многу атрактивен и премногу дефанзивен), кој даваше резултати и требаше само да држи некоја константност. Затоа највеќе би го кривел Манчини и никој друг, тој си ја испушти шансата да го пласира Интер на некое од првите три места. Има некој си квалитет човекот како тренер, ама после прошшлата година и тој дебакл со падот на формата управата веднаш требаше да го избрка, незнам како им влева доверба и како ги убедува и им мачка очи па решија да го остават. Вајда им кажува како Интер навистина немаат квалитет за трето место и дека не е до него и дека бил кој тренер истото би го постигнал како и он, ама јас мислам дека не е така, со играчи како Ханданович, Миранда, Јоветич,Икарди, Перишич, Кондогбија и позитивните изненадувања Медел, Мурило и Брозович неможеш да кажеш дека не треба да се надеваш на пласман во ЛШ во едно вакво Калчо.
Милан уште не е продаден, па тек треба да го поминува патот на Интер и Рома. Добро можеби ќе го купат некои милијардери кои за разлика од газдите на Рома и Интер ќе вбризгуваат директни финансиски инекции кои ќе ги заобиколат фифа фер плеј правилата и за многу брз временски период би направие екипиште, во тоа треба и да се надеваат фановите на Милан, спротивно со газди како оние на Интер и Рома, патот е тежок и бавен.