@Castiel Тотално се согласувам, ова не важи само за Италија, туку секаде освен можеби во Германија каде што квалитетот последниве години е зајакнат иако Баерн е далеку од сите други таму.
Фактот што фудбалот генерално е паднат ја го гледам во тоа што денеска најдобрите играчи на планетата се во 4-5 клуба да речеме, за разлика од пред 10 години кога многу повеќе екипи имаа светска класа на играчи у нивни редови, дури и оние кои имаа помало реноме. За тоа се криви парите и вештачки склопените екипи.
Мене искрено Киелини под Конте ми изгледаше далеку постабилен подобар и повеќе жар имаше од она што е сега. У 3-5-2 мене ми делува многу подобар отколку во 4-4-2.
Сепак, далеку од она што беа Канаваро,Неста,Турам,Малдини и тн.
Фактот што Барзаљи на 25/26 години беше резервист за Италија а денес (на 35 години) е главен стуб у одбрана и нашироко сметан за играчиште доволно зборува за тоа колку е фудбалот денеска дно-дна.
Иначе
@Mondonico во склоп со муабетот... Не заебавај брат, пред 10ина години беше поим да се победи Рома на гости да речеме, Парма исто, Удинезе, Лацио,Палермо тоа све беа ептен тврди за многу посилни екипи од што е денес Јувентус. Виола под водство на Прандели беа премногу тврд орев(ипак ова беше неколку години подоцна). Катанија дома беа хардкор(исто така подоцна). А денес еве Јувентус до 60та минута има предност од 2/3-0 и 30 минути си играат курташак со Ругани,Падоин, и Лемина.
Јувентус, Милан Интер тогаш беа во топ 5 екипи у светот. Денес е прашање дали Јуве спаѓа во нив.
Еден Јанкуловски, Каладзе, Емерсон, Зебина,Легротаље, Залајета, Костакурта на 40 години и тн рецимо ни беа смешни, но од денешен аспект веќе не ги сметам за такви.
Дааалеку е италијанскиот фудбал од она што беше кон крајот на 90тите и почетокот на новиот милениум, нам ни остана да копкаме по таа ера и да си гледаме англиско каде што има далеку поголема компетитивност од Италија моментално.
п.с Секоја година овие муабети, навраќање на старите добри времиња, а кога сме веќе кај тоа... еве една ретро утакмица која вреди да се погледне
[DOUBLEPOST=1470138336][/DOUBLEPOST]
@Џони Вајсмилер
Малдини,Кафу,Дел Пиеро,Костакурта, Сержињо, Фиго, Зидан, Недвед, Фавали, Михајлович, Матераци, Фернандо Коуто, Емерсон, Замброта, Сидорф, Занети и милион други.
Само дел од играчите кои на 32+ играа многу квалитетно и јако (за таа возраст), сево ова пред барем 5 години.