Добро бе брат, јас разбирам и тролање и заебанции, ама ти не ја знаеш добро мерката изгледа. Ајде кажи ми што толку ти менува бројот на голови кој ќе го постигне не само Дибала, туку било кој играч? Демек ако даде 15-16 гола е слаб, или не е доволно, а ако даде 20+ голови, уау одличен е!!?
Како прво Дибала не е класичен напаѓач за само бројката на голови да му ја мериме (не треба и на класичните напаѓачи ама ајде), бидејќи во неговата игра има нешто многу повеќе од голови. А за тоа да го увидеш мора да ги гледаш натпреварите, вака од друг никако нема да прифатиш работа која очигледно не ни сакаш да ја прифатиш.
Една работа е точна, тоа е дека Дибала не може да ги крене нозете во вис и да си каже "го достигнав врвот ме боли таквото", ама не може од него засега повеќе да се бара, дечкото можеби и е најголем виновник во позитивна смисла на зборот во тоа што лани ја обрнавме целосно сезоната. А и статистички ако гледаме, асистенции колку само нареди, над 10 сигурно. Друга работа ако ја гледаме и структурата на головите, ќе видиш дека лани реши/отвори резултат од 0-0 на 1-0, пет или шест меча и тоа стриктно со индивидуални потези.
Пак ќе повторам, се океј и тролање и заебанции ама да го оспоруваш детево нема апсолутно никаква логика!