Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
10 февруари 2010
Мислења
852
Поени од реакции
316
Тоа е, храната ти смета. Го џвакаш секој залак доволно (15-20 пати)?
не, јадам релативно брзо. и други ми кажале ова

Лично го имав проблемов кога се локав со овес и млеко, после пак кога живеев на леб ради едноставноста за внесување калории. Сега кога ги држам под контрола горе-доле океј е работата.
може да ти пишам порака да не замараме тука на форумов?

Инаку, за другите 50% што ги спомнав претходно, може да е би-продукт од многу седење. Имено, се затегаат hip flexor-ите, а на сметка на тоа се "гасат" мускулите во гзот и интра абдоминалните (претходно што ти пишав кај вежбата). Резултира со ова.

Дали го имаш истиов проблем кога ќе се исправиш со донекаде напрчени гради?
точно, работата ми е со седење.
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
380
Поени од реакции
195
не, јадам релативно брзо. и други ми кажале ова

може да ти пишам порака да не замараме тука на форумов?

точно, работата ми е со седење.
Пиши, ама не гледам проблем што тука пишуваме. Ни први ни последни сме (биле) со проблемов, може ќе се погоди и ќе помогне на некој.

Тоа е тоа уствари, среди прво со храната. Почни со џвакањето два три дена, после со тргање на типови на храна. За седењево еве ти мала програма, 2+ пати дневно се прави. Тегнењата и повеќе пати.
 
Attachments

Член од
16 мај 2016
Мислења
448
Поени од реакции
608
Колку би ме чинело вежбање со личен тренер?
Пожелно е да е карпош 3, или околината.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Колку би ме чинело вежбање со личен тренер?
Пожелно е да е карпош 3, или околината.
Пожелно е да си прашаш во теретаната каде што сакаш да вежбаш, т.е помини во 3-4 теретани и прашај. Многу зависи кој ќе ти биде личен тренер, бидејќи денес ги има со лопата да ги риниш, а поголемиот дел немаат две чисти.
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
448
Поени од реакции
608
Пожелно е да си прашаш во теретаната каде што сакаш да вежбаш, т.е помини во 3-4 теретани и прашај. Многу зависи кој ќе ти биде личен тренер, бидејќи денес ги има со лопата да ги риниш, а поголемиот дел немаат две чисти.
Затоа прашав за препорака, немам никакво искуство со боди билдинг, незнам како да препознам добар тренер.
 
G

Gosh

Гостин
Дали женско може да ги зацврсне ( оформи ) градите, со стандардните вежби за гради?

Не ми се виснати, ниту ,, меки ,, , но би сакала да им ја подобрам формата, оти не си ја бендисувам многу, а и да си ги одржувам.

Инаку, би вежбала дома со тегови од 3 и 4 кг.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750

Ne veruvam deka bi imala nekoj pogolem rezultat. Ili rezultat kakov sto ocekuvas. Gradite se masno tkivo. Muskulot e pod masnoto tkivo.
Za gaze da. Vezbi pravat CUDA za gazeto! Od pricina deka stanuva zbor za muskul, ne masno tkivo.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Дали женско може да ги зацврсне ( оформи ) градите, со стандардните вежби за гради?

Не ми се виснати, ниту ,, меки ,, , но би сакала да им ја подобрам формата, оти не си ја бендисувам многу, а и да си ги одржувам.

Инаку, би вежбала дома со тегови од 3 и 4 кг.
Со стандардни силикони може, со вежби тешко да ја промениш формата :цицки:

Затоа прашав за препорака, немам никакво искуство со боди билдинг, незнам како да препознам добар тренер.

Подобрите тренери не се под 100 евра месечно за персонални тренинзи, додатно 50тина евра за план за исхрана, а за препознавањето не би можел да ти одговорам, познавам повеќемина, но неблагодарно е да посочувам имиња тука.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
12
Поени од реакции
1
Zdravo decki,

Da prasam kade moze vo skopje da se najdat optimum nutrition suplementi?

Fala :)
 
U

Unspecified

Гостин
Дечки да прашам овде, оние кои се по разбираат нека кажат, која програма за во теретана ќе даде повеќе мускулна маса, обем, големина на мускул. По градба сум Ендоморф, ако е битно и тоа да се напомене.
Едната е FST-7 (Fascia Stretch Training-7) ја користил Phil Heath, Ronnie Coleman...
1.ДЕН бицепс, трицепс и листови
2.ДЕН нозе
3.ДЕН одмор
4.ДЕН гради и трицепс
5.ДЕН грб и листови
6.ДЕН рамо и бицепс
7.ДЕН одмор

Другата програма е GET MASS by Ulisses JR. од фитнес моделот Ulisses jr.
1.ДЕН гради и трицепс
2.ДЕН грб и стомачни
3.ДЕН одмор
4.ДЕН нозе и стомачни
5.ДЕН рамо и бицепс
6.ДЕН подлактица и трапс
7.ДЕН одмор

Сега ме буни тоа што овој Ulisses е фитнес, а Heath и Coleman се бодибилдери, па имали некоја разлика во маса/дефиниција кај фитнес/бодибилдер?
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.644
Поени од реакции
4.487
Сакам да го избегнам сончогледовото масло, конкретно при пржење стек. Замена?!

Нешто со помалце масти, т.е. поздраво?
 
Член од
28 јули 2016
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво дечки.
Нов сум на форумов и се зачленив само за оваа тема бидејќи сакам да ве прашам неколку работи.

Најпрво да напоменам дека вежбам во теретана 5 месеци.Е сега, имам постигнато добар напредок и лично сум задоволен, меѓутоа сметам дека можев и можам многу подобро ако се хранев како што треба и не прескокнував оброци и погрешно се хранев.
Имам околу 83 килограми и сум висок 1.90 ако е битно да се спомне.Е сега сакам да ги прашам поискусните и тие што повеќе знаат да ме советуваат околу исхраната.Ме интересира како и колку да се хранам, што е најдобро за појадок, за ручек итн.Мојата цел е да ја зголемам мускулната маса ама не би сакал да се здебелам ептен да се замрсам, само ме интересира кој се најдобрите намирници и во кој оброк.Пример, наутро планирам да започнувам со овесни снегулки, млеко и банана.

Очекувам одговор.Благодарам однапред. :))
 
Член од
27 јули 2016
Мислења
105
Поени од реакции
95
Сакам да го избегнам сончогледовото масло, конкретно при пржење стек. Замена?!

Нешто со помалце масти, т.е. поздраво?
свинска маст најдобро е.

арно ти рекоа не го пржи, има други начини на приготвување на храна, варење, на пареа...
користи маслиново масло, поздраво е
 
Kajgana Shop

На врв Bottom