Здраво друштво..не сум бил овде бааги време..
(сликата е пред 2 месеци)
Луна(самоједот) има скоро година дена, и пред месец, месец ипол и падна тоа ниското влакно, веќе целосно и е паднато, и спред времето тоа ми е нормален процес..
Инаку и кај мене апетитот е намален, дури и храната ја одби што ја јадеше(ројал канин) пред тоа нормално ја јадеше,па почнав извесен период од дома по нешто, јогурт ова она..ми ослабна ептен, па пак храна една нова и зедов, по препорака на тоа пет-шопот демек за летно време..и ја донесов во нормала пак..ја јаде сега пак( не толку многу ,не ја ни форсирам во овие горештини)
сакав исто да прашам, може ли сега на 1 годишна возраст да и давам коски (копани заледени парчиња).. и дадов пред некој ден 1 парче за проба, таман и за ладање во горештиниве..
нели како мало најбитно беше коски од пиле да не јаде,па ме интерсира дали може да продолжам да и давам по 1 парче на ден, или штетно е...
Исто така и давам и сладолед, од тие чашките од 10 денари млечните, го сака и тоа..
Ако имате некои други совети за овие денове, добредојдени се...
Инаку преку ден ми е затворена во цементирана просторија 4 на 2 каде е прилично заштитена и мислам не и е некој проблем, леже таму до кај 5-6, после тоа ја пуштам у двор, и сега вечерта ја шетам..приметив леже на грб сега на цементот што е, да се лади ваљда
И уште едно, до сега ја имам бањато само 2 пати со тој шампонот што е слецијалниот, со сите процедури, ама некако не е баш кејф капењето, дали дека од мала не ја научив на тоа..не знам..
Кога ќе виде пример дека прскам со вода низ двор по трева или слично, бега се крие..а ја немам прскано или слично за да биде уплашена.
едноставно не сака да биде потопена..и таа опција ми испаѓа за ладење од горештините.некој совет или збор два оклку тоа исто би ми било полезно..
Се на се, тоа е тоа до сега што имам да кажам, вакицини средив се тоа, беснило исто така..и тоа е.
можда замара со долгиот пост,ама прв пат одгледувам куче и сите тие фази ми се нови,па секоја информација ми е добредојдена..
поздрав